Фан клуб - РК Вардар

Друже јас разбирам, машко си, од работа доаѓаш, брзаш за да си го гледаш клубот.
Ама цуриците кои се спицкани, не доаѓаат од работа за да го гледаат мечот. Доаѓаат специјално само за да бидат видени. И верувај, скоро ниту една жена после работа, преморена, нема да оди да гледа утакмица. ;)

Интересен концепт :cool:.. Сепак, не им се лутам ;)
 
Со Алборг не може да се игра понатаму зошто ќе завршат трети,али дај нека освои Колдинг второ место и со нив да се паднеме во следната фаза.

http://www.youtube.com/watch?v=unIXuy4uyK4

Читајте ги коментариве плачат за едно убав потоп.
 
1487803_697816170237361_549593273_o.jpg

--- надополнето: 5 декември 2013 во 17:20 ---
 
Левиот бек на руската репрезентација и Рајн Некар Ловен, Сергеј Горбок, е новото големо засилување во редовите на RK Vardar.
Сергеј, „црвено-црниот“ дрес ќе го облече на почеток на идната сезона и ќе го носи во наредните 3 сезони.
Официјално :icon_lol:
 
Прес конференција пред Вардар - Мешков Брест

Во пресрет на утрешниот натпревар од СЕХА ГЈТ лигата, македонскиот шампион одржа прес конференција, на која присуствуваа претседателот на клубот, Сергеј Самсоненко, тренерот Андон Бошковски, и Алекс Душебаев, десниот бек на Вардар.

Првиот човек на клубот Самсоненко, изрази задоволство од досегашниот тек на сезоната, во која Вардар игра успешно, и во Лигата на шампионите, и во СЕХА лигата.

’’Засега оди добро. Ако можеме да ја поделиме сезоната, ова беше првата фаза, по која следува поголема пауза во Лигата на шампионите. Задоволни сме, особено поради објективните проблеми со тренерската позиција. Се обидов колку што можам и самиот да помогнам, но би сакал да ве информирам дека повеќе нема да бидам на клупата. Околу стручниот штаб, можам да кажам дека тоа прашање можеби ќе го решиме во јануари, а можеби на почетокот на следната сезона. Во меѓувреме, со задоволство можам да ви го соопштам новото големо засилување, Сергеј Горбак, со кој се договоривме да биде во Вардар од почетокот на следната сезона, и ќе го носи нашиот дрес во наредните 3 сезони. Во моментов сме во преговори и со други квалитетни имиња, но засега нема нема да откриваме детали, се додека не бидат официјализирани.

Што се однесува до паузата од два месеца, ќе се потрудиме да ги искористиме најдобро што можеме, и во нив треба што подобро да се подготвиме за продолжение на сезоната. На 13 јануари екипата ќе замине на подготовки во Крањска Гора, Словенија, што е веќе наша традиција во подготовките’’ –изјави Сергеј Самсоненко, претседателот на РК Вардар.

Андон Бошковски, тренерот на Вардар очекува цврст натпревар против силен противник:

’’Пред нас е натпревар против екипа која е една од подобрите во СЕХА лигата, според мене тие имаат сличен квалитет како Загреб, Татран, Металург и Вардар. Имаат и одличен тренер, интернационален состав кој според моќта е блиску до нас. Знаеме дека не доаѓаат со бело знаме, и затоа се подготвуваме, и очекуваме да играме пред полни трибини. Речиси сме комплетни, и ќе им се спротиставиме со најсилен состав што го имаме во моментов. Малку сме ослабено на позицијата лев бек, но со правилна ротација, може и тоа да го надоместиме. Се надевам дека добрите 45 минути кои ги одигравме против Барселона, ќе ги повториме утре во сите 60 минути, и ќе победиме.Козлина ќе биде во екипата, ќе игра сигурно, најмалку 5 – 10 минути, без оглед каков ќе биде резултатот. Најважно е дека тој е физички подготвен, но поради паузата, ќе се обидеме постепено да влегува во натпреварите, додека не влезе во ритам. Но, колку и да играаа, убеден сум дека ќе одигра на негово ниво’’ –изјави Бошковски.

Многубројните претставници на медиумите, најпријатно ги изненади Алекс Душебаев, кој на пресот се обрати на Македонски јазик :

’’Со Брест очекувам да биде тежок натпревар. Тие имаат добар тим, предводен од квалитетен тренер, и се екипа која се бори за пласман на заввршниот ’’Фајнал фор’’ турнир во СЕХА лигата. За да победиме, треба да одиграме квалитетно во одбраната, во најголем дел од натпреварот, како што игравме против Барселона’’ – заврши Душебаев, кој за своето обраќање на Македонски јазик, доби аплауз од присутните.

Натпреварот Вардар – Мешков Брест се игра утревечер во СРЦ ’’Кале’’ со почеток во 17.45 часот, со пренос на МРТ1.
http://rkvardar.com.mk/mk/news/vardar/524-2013-12-06-12-57-34

Нек се угоде Горбок :D Се спрема опасно тимче и доминација :D

Иначе на едно прашање на фб страната за можно доаѓање на Штербик и Рутенка следеше одговоров

Во моментов се преговара со неколку светски ракометни имиња, но во интерес на преговорите нема да ги откриеме имињата. Штом трансферите бидат комплетирани, ќе дознаете на нашата интернет страна.

Леле што би било ако ги пецнааааааааат :vozbud:
 
Прес конференција пред Вардар - Мешков Брест

http://rkvardar.com.mk/mk/news/vardar/524-2013-12-06-12-57-34

Нек се угоде Горбок :D Се спрема опасно тимче и доминација :D

Иначе на едно прашање на фб страната за можно доаѓање на Штербик и Рутенка следеше одговоров

Леле што би било ако ги пецнааааааааат :vozbud:

Ако не се пецнати веќе :D
А чудна работа, како кај патриотиве клуб репрезнетација на прес конференции се збори српски, а кај нас и шпанци и руси идат ама пак само на макеоднски се водат пресконференциите.
 
Ќе треба да праиме сала со 15к места тогаш :D :D

Инаку Штербик и Милиќ би биле добра комбинација а ни треба константен голман ко првиов многу.

Баш ќе побарам видео од тоа како Душебаев зборел на нашиот јазик, ептен ме заинтересира :D
 
Муабетов да му го правев на некој пред две години дека Вардар ќе купува играчи од Атлетико и Некар, едно од најдобрите крила во светот и најголемиот бековски потенцијал дека ќе играат во Вардар, во Демир Хисар на лечење ќе ме пратеа :D

инаку вистина Самс соопштил дека се повлекува од стручен штаб на Вардар и нема веќе на терен да биде?
 
Така пишува на страната и мислам дека е вистина па ако најде некој видео од пресот нека постира и да потврдиме.

Според мене исправна одлука од негова страна.
 
Муабетов да му го правев на некој пред две години дека Вардар ќе купува играчи од Атлетико и Некар, едно од најдобрите крила во светот и најголемиот бековски потенцијал дека ќе играат во Вардар, во Демир Хисар на лечење ќе ме пратеа :D

инаку вистина Самс соопштил дека се повлекува од стручен штаб на Вардар и нема веќе на терен да биде?

Да да. Доне ќе бида главен за овие 2 утакмици, и изјавил плус дека можно е сега тренер јануари ама ако не нашол сега, пред почетокот на следната сезона Вардар сигурно ќе имал нов тренер. Што значи можно е Доне да не води до крајот на сезоната.
 
Доне до крај, па Вујо+Доне за наредна сезона :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom