Дајте бе да се вратиме на ракометни теми и да си гледаме за нас. Утре се ќе зависи од многу фактори. Од тоа на кој ќе му тргне, како ќе бранат голманите на двете страни, кај нас многу важно (можда и најважно) ќе биде како ќе одигра Митро. Тој чоек може да не однесе од крајност во крајност. Ако биде на ниво, мотивиран, да му се отвараат позиции за шут со вкрстувања, може да биде клучен за наша победа. Од друга страна ако се усере и подлегне на атмосфера (пошо го има тоа во себе) ќе биде хаос со технички грешки и нивни лесни голови, што е најлошо сценарио за нас. За позитивен резултат тамо, прво и основно мора да ги сведеме техничките грешки на минимум, а со тоа и да немаат лесни голови. Второ, како и секогаш, расположен голман со над десет одбрани, и доста важен елемент ќе биде како Чупко ќе го ротира тимот во текот на натпреварот. Потребна е свежина во текот на цел меч, а доколку испееме добро да одговориме во моментите кога ќе одмараат Малус и Хориха, тоа ќе биде голем плус за позитивен резултат. Одбрана на нож се подразбира. Кажав и за претходните натпревари, па така и за овој голем минус ќе ни биде неиграњето на Тузо, кој ептен ќе фали пред се во одбрана, али јебига мораме без него. Натпревар ко натпревар, во кој притисокот и тоа голем е на нивниот грб. Мора да бидеме мудри, да ја умртвиме играта и долколку ни се укаже шанса да ја зграбиме. Доколку изгубиме не е крај на свет, само да се види мушка борба и крв до крај.