http://www.zrkvardar.mk/mk/news/vardar/416-2013-12-02-10-33-40
Јованка: Се согласувам со Андреа, би додала дека само со овие натпревари докажавме дека навистина заслужуваме салата да биде полна исто како кога игра машкиот тим на Вардар.
Од натпревар во натпревар имате се пповеќе навивачи, но ги нема Комитите, што би им порачале за да ги убедите да ве бодрат и вас?
Јованка: Ако ним не им е доволно тоа што ние победуваме и што сме меѓу осумте најдобри во Европа за да дојдат и да не поддржат, не знам како да ги убедиме поинаку. Резултатот е најдобра покана. Треба заедно да се бориме за боите на клубот и секој да даде се од себе. Јас сум сигурна дека тие тоа го знаат, но еве пак ги повикуваме и секој пат ги каниме да дојдат и порано на натпревари и да не поддржат, бидејќи без нив е многу тешко. Навистина оваа публика ни дава поддршка, но се знае кои се вистински навивачи, јас верувам во нив дека ќе дојдат следниот пат да не бодрат, бидејќи го заслужуваме тоа.
Ми паѓа жал вака кога ги читам. Се гледа колку се желни да играат пред Комити. Мислам дека ако се деси Комити да се појават овие има да ја изораат салата од мотивација за игра. Ќе изгазат се пред себе.