Мислам дека како тргнале вештачките со нивнава игра, годинава дербито за титулата ќе се одвива со Зомимак, а не со Металург.. Ама мислам и дека скроз забегавте со муабетиве со местењево.. Бреее, Металург намерно играше полуретардирано со тим што е на ранг на просечен тим од СЕХА, само и само за да му се извини на Вардар што го тепал повеќе од „договорената“ гол разлика

. Обично се носи бомоњера за извини, а не се глуми ретардиран пред своја публика. Туку еве викате чудно е истиот Металург да го тепа Вардар, па после да игра стењаво со Швицарците.. А како тогаш истиот Металург го тепаше
ПСЖ? Ете ние им ја пуштивме - и ПСЖ да не им ја пушти? Уствари не бе, ПСЖ бил во финансиска криза, па Минчо ги поткупил

. Да не ве потсеќам дека ПСЖ во играчка смисла е класа и за нас и за Металург. Што е заклучокот, дека се е режирано? Или дел сме од еден заебан светски заговор кој опасно го нападна и ракометот

. А чекајте, во ниедно од вашите сценарија не е можно едноставно Металург да е тим кој што има осцилации во играта и да игра на емоција - кога ќе се напали јако, може секого да збрише, кога ќе оладат, го јадат од секого. Или дека едноставно се работи за луѓе, а не машини, што ете некогаш ќе победат, некогаш ќе изгубат. Не се Вардар и Металург (особено Металург) до толку некоја светска класа и за мене очекувано е да имаат недоследност во играта. Лани да ве потсетам Вардар го лапна од Зомимак (игравме нерешено во Струмица), а после ги сплеска вештачките. Или и ова беше наместено???