Поентата е таа, и поентата е глупа! Металург киксна, шанса Вардар да биде 3то место на крај и да добие полесен противник, поедноставно неможе да ти се објасни! Не сфаќам како сакате навивачи на еден клуб да навиваат за нивниот најголем ривал само затоа што бил од иста држава, пишав и во темата лига на шампиони за ова, не е можно волку да сме како народ спортски заостанати. Дали ако Челзи испадне од лига на шампиони во фудбал ќе навиваат после Јунајтед или Арсенал да освои за доброто на англискиот фудбал ? Не.
Јас не знам ти точно што си сакал, ама врие од постови каде навивачите на вардар велат дека ќе се израдувале металург да изгубел од тун.
Сите знаеме дека ако изгубеа имаа ептен големи шанси, скоро сигурно по мое да не се пласираат понатака.
Што е тоа? За трето место радост?