Фан клуб - РК Вардар

Поентата е таа, и поентата е глупа! Металург киксна, шанса Вардар да биде 3то место на крај и да добие полесен противник, поедноставно неможе да ти се објасни! Не сфаќам како сакате навивачи на еден клуб да навиваат за нивниот најголем ривал само затоа што бил од иста држава, пишав и во темата лига на шампиони за ова, не е можно волку да сме како народ спортски заостанати. Дали ако Челзи испадне од лига на шампиони во фудбал ќе навиваат после Јунајтед или Арсенал да освои за доброто на англискиот фудбал ? Не.

Јас не знам ти точно што си сакал, ама врие од постови каде навивачите на вардар велат дека ќе се израдувале металург да изгубел од тун.
Сите знаеме дека ако изгубеа имаа ептен големи шанси, скоро сигурно по мое да не се пласираат понатака.
Што е тоа? За трето место радост?
 
Па се израдувавме дека заврши нерешено, пошто со тој бод они ќе одат СИГУРНО понатаму па дури и со три порази до крај, а ние ќе имаме отворен пат кон третата позиција :icon_mrgr:

Мада да загубеа ќе ни беше уште помило :icon_mrgr:

Јас реално иако навивам за металург сметам дека оваа година нема што да се бара повеќе од осмина финале додека ако вардар е втори или трет во група со добра ждрепка ќе има каде каде поголема шанса да оди понатаму.
За металург со оглед на ситуацијата пласман поната е голем успех.
И да, иако навивам за металург кога игра вардар а еве сега и зонимак навивам за нив бидејќи сепак се наши клубови. Се разбира посакувам металург да биде шампион оваа година и на средбите со вардар ќе бидам за нив од се срце.
Ама кога игра вардар со некој белоруски тим и јас да навивам за вардам не ме прави тоа предавник или навивачки необразован како што сакаше некој погоре да каже.
 
Треба во осмина финале ( ако се влезе ) на домашниот натпревар како на првиот натпревар минатата година во СЕХА плех оркестар да викнат и цел натпревар да свири.

Само со Киел да не ни се паднат дека тие играат со судии дебело.Зошто се домаќини на Ф4 нема шанси да не ги протнат до истото.
 
Добро бе луѓе, ок е да не го сакате противникот, ама да се радувате да изгубел.... јасно е дека вардар има подобар клуб и ова е само почеток, не гради русинот сала ако не планира на подолго да остане.
Ама и за доброто на вардар е металург да се пласира понака, еве зоникам влегоа во групи, па можеби ќе скокне рејтингот и вгодина вие ќе играте директно во групи лг а метаруг преку бараж.
Да сакаш белорусиве да идат даље место твоите е стварно несватливо.
Башка ако доаѓа од најголемите патриоти во државава.
И остајте сега муабети како они биле вештачки клуб, и како ви го зеле мојсо и сл.
Поентата е таа.

Кога може репрезентативци на Македонија да навиваат за странски клубови зашто јас да не навивам??
Едноставно ми се свиѓаше како играа Вакер ТУн и навивав за нив, може некој да ми забрани.
А патриотите пошо само по нивни грб маваше оваа држава, сега не верувам да ги има.
 
Јас не знам ти точно што си сакал, ама врие од постови каде навивачите на вардар велат дека ќе се израдувале металург да изгубел од тун.
Сите знаеме дека ако изгубеа имаа ептен големи шанси, скоро сигурно по мое да не се пласираат понатака.
Што е тоа? За трето место радост?


Па ако гледаме според табела, да тоа ќе беше уште поголема шанса за наше трето место :) Добро бе, како не сфаќате дека ни се ривали, сегде во светов тоа е нормално само тука се води глупиов муабет абе наши се.. А и побарај на интернет да видиш колку се ситеа металурзите при поразот на Вардар од Татран во СЕХА годинава
 
ај малце оф-топик, бидејки си навивач на Пелистер, зошто чкембари не идат на ракомет, бојкот или ?
Не е бојкот,едноставно недостиг од квалитетни мечеви..
Одамна се изгуби тој континуитет на одење на ракомет....ситауцијата во клубот си го направи своето....
Ќе има навивање на пролет,на плеј оф мечевите....
Слична ситуација со Вардар,кога игра важни мечеви (со Металург)во СЕХА има Комити,кога игра ЛШ има навивачи,кога се игра домашно првенство со Металург има навивачи и организирано навивање,на мечевите со слабите и неатрактивни Тинекс,Зомимак,Тестилец итн нема....
Не треба да е вака,посебно не во Битола,нешто незамисливо до пред 7,8 години беше да нема организирано навивање на секој домашен меч на Пелистер,ама кризата си го зеде данокот...
Таа е ситуацијата....
Тоа ти е,фудбал е едно,ракомет друго....повеќе луѓето се палат на фудбал....барем засега ...
 
Кога може репрезентативци на Македонија да навиваат за странски клубови зашто јас да не навивам??
Едноставно ми се свиѓаше како играа Вакер ТУн и навивав за нив, може некој да ми забрани.
А патриотите пошо само по нивни грб маваше оваа држава, сега не верувам да ги има.

И јас навивав за барса кога играше со псж.
Друго е кога играат некој трети странски клубови меѓу себе,
Ако мислиш за мојсо што навивал за партизан, негов проблем, они да играле со вас одлучувачка утакмица и он да бил за нив, е тогаш да прајме муабет.
--- надополнето: 1 декември 2013 во 23:49 ---
Па ако гледаме според табела, да тоа ќе беше уште поголема шанса за наше трето место :) Добро бе, како не сфаќате дека ни се ривали, сегде во светов тоа е нормално само тука се води глупиов муабет абе наши се.. А и побарај на интернет да видиш колку се ситеа металурзите при поразот на Вардар од Татран во СЕХА годинава

Остај сеха ти.
Која битна лига е тоа.
Значи збориме за пласман во втора фаза на лига шампиони.
И двата тима да бевте пласирани тогаш е во ред да навиваш за противник мада тоа биле и некои швејцарци за подобра позиција на твојот тим. Тоа е нормално.
Ама да посакуваш пораз кој најверојатно ќе значење збогување со лига шампиони не е во ред.
 
Јас навивам за Вардар. Металург ама ич не ме занима дали ќе поминат група или не. Апропо на ова сум срам за мојот народ и мојата држава (за која патем сум освојувал први места на натпревари по физика и математика на регионално ниво {self-promotion:)} )

Каква ноторна глупост. Сега единствено мерило за твојата македонштина е ако навиваш за Вардар и за Металург. Ако не го исполнуваш тој услов, не си ја сакаш татковината. Точка.
 
И јас навивав за барса кога играше со псж.
Друго е кога играат некој трети странски клубови меѓу себе,
Ако мислиш за мојсо што навивал за партизан, негов проблем, они да играле со вас одлучувачка утакмица и он да бил за нив, е тогаш да прајме муабет.
--- надополнето: 1 декември 2013 во 23:49 ---


Остај сеха ти.
Која битна лига е тоа.
Значи збориме за пласман во втора фаза на лига шампиони.
И двата тима да бевте пласирани тогаш е во ред да навиваш за противник мада тоа биле и некои швејцарци за подобра позиција на твојот тим. Тоа е нормално.
Ама да посакуваш пораз кој најверојатно ќе значење збогување со лига шампиони не е во ред.


А зошто би ме загрижило тоа нивно испаѓање од ЛШ? Јас навивам за Вардар и ме интересира Вардар и само Вардар! Правиме муабет за клупски ракомет не репрезентативен !!!
 
Ниту Металург ниту Вардар нема да поминат осминафинале , тогаш сите среќни задоволни , ќе се радуваме како некој друг оди понатаму.

Лично верувам дека Вардар има и тоа како добри шанси со Колдинг. Може да се носи со Некар па да се обиде да направи чудо и со Фленсбург
 
После двомечот со Барса, искрено, кој сака нека падне. Вардар сезонава ќе биде непосакуван противник за секого;)
 
Лично верувам дека Вардар има и тоа како добри шанси со Колдинг. Може да се носи со Некар па да се обиде да направи чудо и со Фленсбург

Сите веруваме во тоа и јас би сакал , но реално ги согледувам работите .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom