Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.



Доне има одлична визија и идеја за екипава. Применува потези кои ретко (речиси ич) кој македонски стратег досеа ги форсирал. Уште имињата на играчите да ги научи и ќе биде топ.
Самсоненко мора да му даде поголема слобода, така ќе профитираат сите. Не сфаќам у што филм е влезен искрено. Нека му ја остави работата на Доне и нека он му биде бекап, па ако некој не го слуша Доне (т.е. има недисциплина), нека стапина сцена он со воспитна.
И жими фризурчето на Малумбрес дека со Металург не беа договорени втората да заврши обратно од првата... Апла!

Ај прекини жити се да ме цитираш , ем ништо не кажуваш ем две точки , три точки.![]()
Според некои извори блиски на Металург (муабети што стигнаа до мене, не мора да се вистина ) мечот требало да заврши под 5 разлика, ама овие победија со повеќе, па Самс бил премногу лут и уште се изнајадоа гомна во медиумите, па уште толку се решил да го одврзе ќесето.
На кој датум се утакмиците со Брест и Металург?
Јас секогаш сум голем оптимист, но сега реално е Барселона лесно да не победи, али ајде ќе видиме..Не очекувам да не отвори како што ги отворија комшиките, барем не со толку лесни голови и не верувам дека ќе правиме до толку грешки како нив..Мислам дека ќе изиграме солидна одбрана за наши услови, очекувам да примиме околу 30 голови..Мене ме загрижува кој ќе дава голови кај нас..
Не можат секогаш крилата да растураат, поготово Дибиров, плус што и немаме некој креативец на лев бек, Фичо и Абутовиќ не биле баш фит, а Растворцев нема да игра..на десен бек Дујшебаев последниве утакмици некако многу тивок, но мислам дека сега со Барселона ќе распали, Петриќ некако не ми е веќе за во ЛШ, човеков е измислен за СЕХА лига, ама неговите финти слабо успеваат и во ЛШ, на пикер имаме одличен избор, но слабо го користиме ова..Ако Милиќ има добар ден, ако на Дујшебав конечно му тргне, а останативе одиграат солидно и Дибиров барем како што игра до сега, можеби само вака и ќе можеме да го однесеме натпреварот во тесна завршница, мислам дека можеме да играме и како лани што игравме неколку пати на лев бек Прибак а на среден Карачиќ..
што знам..Сепак јас мислам, дека на крајот ќе биде негдеее.. 30:22
али Вардар си е Вардар и овие момци се пример како можеме и најсилниот да го изненадиме, па помалку и се надевам на такво нешто..
Ајде,Ајде,Ајде Вардаре!
Цепелинот!
Ако ништо друго, денес Барслеона и не изгледаше толку голема, како што е! 
Од меч во меч се подобар, па до сега и немаше лоша партија на некоја од важниве утакмици, уште еднаш браво! Сега верувам дека и ќе биде повикан за српската репрезентација. Криво ми е и што скоро цело второ полувреме го изигравме со играч помалку, па нели беше претерано ова бе..
Спорт е бе да му се невиди, толкава трагедија ли е ако не не победеа, ретко мрчам за судии, ама оваа утакмица не уништија, што е право, право е и ние имавме многу глупави прекршоци, лошо изигравме на неколку наврати, ама лесно ни е нас од овде да збориме,
треба и момците да ги разбереме, возбуда е се се одвива во една секунда, Дибиров каква топка во глава прими, како не уништија судиине, сигурно им доаѓа и од земја да ги акнат..
Важно машки изигравме, покажавме карактер на голема екипа, покажавме дека оваа сезона не сме во ЛШ само да изиграме 10 утакмици, јас веќе сум задоволен за оваа сезона, (со Минск и Тун ќе победиме 100%, мислам дека и ПСЖ може да падне, ако не се воиграат до тогаш, бидејќи има време..) за следна сезона и јас сум сигурен дека ќе му пукне филм на Самсоненко и дека ќе донесе 2-3 квалитетни засилувања и барем една сигурна бомба..
Кажав и порано, ќе кажам и сега, нашето допрва доаѓа, нема да останеме на ова, уште посилни ќе бидеме..
За следните утакмици до крајот на оваа година, не бидете дерби навивачи, нашите момци заслужуваат максимална подршка, да бидеме со нив, па од пролет уште појаки! Ајде Ајде Ајде Вардаре!