Фан клуб - РК Вардар

Decki, od kaj izleze ova deka Komiti kje bile vo 15ti blok? Pa neli sekogas bevme vo prvite tri, a oni vo 15ti? Jas pa forsirav karta da najdam za treti blok demek poblisku do nasite, da navivam na raat..:confused: Na kraj so niv kje bidam na tribina upm :(.

Ехе далеку си од "нив" 50 души што се собираат. Блок 3 мислам е десно од ложата. Не бери гајле, можат само да ти кснат од газот кога ќе екнат вардарци со песна :)
 
^ Аааве Димче бе чоек еднаш по карти ќе те прати, ќе заебеш работа :D

Ќути бе не ме нервирај уште толку... само што дојдов на ред тој неписмениот вика толку
 
Decki, od kaj izleze ova deka Komiti kje bile vo 15ti blok? Pa neli sekogas bevme vo prvite tri, a oni vo 15ti? Jas pa forsirav karta da najdam za treti blok demek poblisku do nasite, da navivam na raat..:confused: Na kraj so niv kje bidam na tribina upm :(.

Ќе има еден блок измеѓу тебе и Пирати, али ништо страшно и така не смеат ништо да направат. А плус ак осакаш да навиваш можеш да се префрлиш во блок 15 од кгоа ќе влезеш у сала, па да навиваш цело време со Комити.
Ќути бе не ме нервирај уште толку... само што дојдов на ред тој неписмениот вика толку

Извини вака да не правиме цигански работи, ама ти беше таму 4,5 на ред јас бев на ред кога рече готово нема карти. :D
 
Да се играше утакмицава на Филип 2, ќе се напунеше стадионот. Може да се проба ваква варијанта ако се стигне далеку у ЛШ и биде топло времево. :) Колку само останаа без карти...
 
Decki, od kaj izleze ova deka Komiti kje bile vo 15ti blok? Pa neli sekogas bevme vo prvite tri, a oni vo 15ti? Jas pa forsirav karta da najdam za treti blok demek poblisku do nasite, da navivam na raat..:confused: Na kraj so niv kje bidam na tribina upm :(.

Дека секој домаќин ја има таа источната трибина , дека од западнава има вип места и такви ствари и зафаќа простор ..
 
Интересно интервју...

ИНТЕРВЈУ СО ГЛАВНИОТ СПОНЗОР НА ДВЕТЕ РАКОМЕТНИ ЕКИПИ НА "ВАРДАР"
Сергеј Самсоненко: Металург ме испровоцира да вложам во Вардар
По Михајло Михајловски, Трифун Костовски и Минчо Јорданов, македонскиот ракомет доби нов, голем и амбициозен инвеститор во Сергеј Самсоненко, руски бизнисмен, кој веќе се одомаќини во нашата земја. Прво женската, а потоа и машката екипа на "Вардар" за краток период станаа клубови за кои зборува целата европска ракометна јавност, додека кај македонските фанови повторно се разгори надежта дека можат да се повторат славните денови на "Кометал Ѓорче Петров".
FB75068EC2F8E446BC14592B808E19A5.jpg
Се појавивте како гром од ведро небо во македонскиот спорт, но вие, всушност, веќе сте староседелец во нашата држава. Кога првпат дојдовте во Македонија и како се случи да останете?

- Интересно е што оваа недела се навршија точно седум години откако се преселив во Македонија, а само еден месец претходно, првпат дојдов тука. Сe се случи случајно и многу брзо. Еден пријател ме викна во Скопје за да видиме нешто околу бизнисот и по само еден месец им реков на сопругата и на двете ќерки да ги соберат работите и да дојдат во Македонија. Им реков дека тука е интересно и убаво, и фамилијарно се преселивме. Поради работата, често патувам на релацијата Русија-Германија-Шпанија, но веќе седум години сум постојан жител на Македонија.
Значи, преселбата во Македонија не им падна тешко на вашите деца.
- Одлично ни е тука и лесно се вклопивме. Слична култура, иста религија, слични обичаи и традиции... Помалата ќерка зборува македонски подобро од мене, не може да се препознае дека е Русинка. Двете одат на училиште, со тоа што постарата учи вонредно, бидејќи, истовремено, тренира тенис и настапува на турнири.
Какви се вашите претходни искуства со спортот?
- Играв хокеј, а сега и тенис, еве имам и пликови по рацете како доказ. Во Русија и во Германија отворив тениски академии. Првпат зедов рекет во раце на 30 години, а имам играно против професионалци во Лигата на ветерани на Меѓународната тениска федерација.
Како се вклопува ракометот во целата таа приказна?
- Ракометот дојде сосема случајно. Чисто сакав да видам како ќе биде, а и сакав нешто добро да направам.
Вие сте прв голем руски инвеститор во европскиот ракомет. Зошто не избравте некој попрофитабилен спорт, како фудбалот, или вашите мотиви се сосема поинакви?
- Нема мотиви, само љубов кон спортот. Парите не се мотив, бидејќи она што се вложува во ракометот не се враќа. Јас сум целосно вардарец, па размислувам и за фудбалот, но засега останува на тоа. Фудбалот е нешто многу посериозно. Парите не се проблем. За добра екипа во Македонија, треба исто пари и за фудбалот и за ракометот. Но, не зборувам за екипа како "Челзи", такво нешто не би можел да направам.
Голем број руски бизнисмени си купија фудбалски клуб во последно време. Дали тоа стана мода, прашање на престиж или некаков натпревар помеѓу вас?
- Не знам за другите, јас сe правам само од љубов кон спортот. Во Русија отворив тениска академија, а до Нова година ќе биде готова и академијата во близина на Базел. Таму децата професионално ќе тренираат. Јас почнав со женскиот ракомет и немав намера да влегувам во машкиот, но ме испровоцираа некои изјави на луѓето од "Металург". Тука малку проработи и инаетот, па може да се каже дека "Металург" ме доведе во машкиот ракомет.
На Трифун Костовски му требаа девет години за да стигне до европскиот врв, а вие веднаш создадовте екипа која е кадарна за тоа. Дали тоа значи дека барате успех прекуноќ?

ED77656B309BC54B824786A878879F8F.jpg
- Тоа значи дека ние подобро работиме. Се шегувам, ништо не може да дојде прекуноќ. Одиме чекор по чекор. Задоволен сум каков тим направивме и сите веќе нe вбројуваат меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Ние сме скромни, не летаме во облаци. Прво да направиме резултат, па потоа ќе зборуваме дека сме многу силни.

Но, титулата европски првак е цел, барем со женската екипа?
- Апсолутно, мене само првото место ме интересира и целта е иста за двете екипи. Нема врска што конкуренцијата меѓу мажите е посилна. Второто место е за губитници. Фајнл-фор е одличен резултат, но тоа не е цел, целта е титула. Имам доста пријатели кои имаат освоено сребро, дури и на Олимписките игри, па ги задевам дека тие, всушност, се лузери. Ние имаме две добри екипи, и тоа не е случајно, иако, мора да признаам, не би успеале без онаква атмосфера во салата. Сигурен сум дека ние ја имаме најдобрата ракометна публика во светот. Зборував со мои пријатели од Барселона и тие беа во шок по средбата во Скопје. Никогаш не виделе такво нешто. Ни љубоморат, зашто таа Барселона има публика од 500 гледачи.
Во јавноста често се шпекулира со доаѓањето на нови звучни ракометни имиња во "Вардар", па се доби впечаток дека можете да доведете кого било во Скопје.
- Сe е можно, зошто да не? Но, ние имаме тврд буџет и не фрламе пари како да сме бунар без дно. Лесно е да се плати. Но, видете што му се случи на "Пари Сен-Жермен", кој потроши седум пати повеќе од нас (13,5 милиони евра - н.з.), а нема екипа. Тоа не е интересно. Треба многу труд и љубов.
Значи, "Вардар" нема неограничен буџет за трошење?
- Се разбира дека нема. И ние штедиме и внимаваме кога купуваме. И да дојдат Штербик и Рутенка во "Вардар", тоа ќе биде за помалку пари отколку што сега земаат во Барселона. Но, ние имаме нешто друго. Животот овдека е поевтин и имаме добри услови за сместување. Сум живеел таму и, ако ме прашате мене, во Македонија е многу поубаво.
Дали веќе размислувате за следната сезона и дали можеме да очекуваме уште поквалитетен и поамбициозен "Вардар"?
- Женскиот тим е, горе-долу, веќе формиран, можеби, ќе има мали измени. На машкиот му треба уште време за да дојде на повисоко ниво. Прво треба да му се најде тренер. Веќе сум во сериозни преговори со еден странски стручњак.
Кога сме кај тренер, која е вашата улога на клупата на "Вардар"? Тоа предизвика разноразни коментари во јавноста.
- Јас сум тренер на "Вардар". Со Андон Бошковски имаме договор тој да ги води тренинзите, бидејќи немам искуство и познавања за тој дел од работата, а јас ја презедов одговорноста за изборот на играчите и за тактиката на натпреварите. Јас не сакав да седам на клупата, тоа не е моја работа, но останавме без тренер и ќе се трудам да издржам до јануари или до крајот на сезоната, зависи како ќе се снајдам. Засега имаме добри резултати. Не сум првпат во ваква ситуација. Имам работено и со тенисери, независно од нивните тренери.
3C52599A2F7E154E99374FD8474168D8.jpg
Премногу лесно се откажавте од Зоран Кастратовиќ. Дали и вие, како Роман Абрамович, имате мало трпение со тренерите?

- Напротив, јас имам многу трпение. Зоран е добар човек и тренер и најискрено го мислам тоа, но нема да коментирам за неговата оставка.
Друго што ви се приговара е преголемиот број странски играчи во екипите.
- Сите странци во "Вардар" ми кажуваат дека се чувствуваат како Македонци, дека ова е нивниот дом. Така го градиме клубот, сите да бидеме Македонци. Јас не ги делам играчите по националност, туку прво ги гледам нивните спортски и човечки квалитети, но за публиката, знам дека е подобро да има повеќе домашни ракометари. Јас сакам костурот на екипите да бидат Македонци, но не можам да ги родам. Организираме школи и првиот успех ни го донесоа девојчињата од генерацијата 1996/97, кои беа први на турнирот во Макарска, во конкуренција на "Хипо", "Крим", "Подравка", норвешки и дански екипи. Сите ги згазија.
Во Аеродром градите и сала. Дали е тоа дел од вашите долгорочни планови за останување во македонскиот спорт?
- Така е и таа треба да биде готова до јули, па во август да ја отвориме со еден убав концерт. Еве, и јас ќе пеам ако треба. Се шегувам, но имам музичко образование и свирам на сите инструменти. Своевремено ме викаа на конзерваториум, но јас отидов во спортот, а потоа и во бизнисот.

Горан Конев
Фото: В. Тануровски
 
Да ги немаше покажано парите од интервјуава што ги дава ќе мислев дека е уште еден "Субрата Рој/Арап/Каубој".

Хокеар/Тенисер/Тренер/Музичар/Бизнисмен.
 
Да ги немаше покажано парите од интервјуава што ги дава ќе мислев дека е уште еден "Субрата Рој/Арап/Каубој".

Хокеар/Тенисер/Тренер/Музичар/Бизнисмен.



:facepalm: за жал овој нема ни 10% од парите што ги има Субрата...
 
Мене ме загрижува тоа за тренер што го изјавува „Ќе се трудам да издржам до јануари или крајот на сезоната“ што значи ветувањата од типот „Вардар без тренер уште 10 дена“ паѓаат во вода.

Многу ветувања и планови, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Ја искрено уште го немам целосно проценето што човек е, дел зашто е рано дел зашто малку информации излегуваат во медиуми. На моменти стабилен ми делува на моменти неговите потези ме бунат.

И тој последниот дел за конзерваториумот и дека свири на сите инструменти ми делува како некој копиљ што се курчи пред друштвото во маало :D
 
Де бе...и мене ме примија на музичко кога имав 8-9 години по грешка.Пеев пред брат ми да го охрабрам и он да пее кога се упишваше - земаа мене ме примија.:pos:
И ја можам да кажам дека сум се бавел со музика :P
Играв ракомет 2-3 години и пливав 6,ете и спортист сум бил....а уствари прекинав до 15 година да спортувам во клубови.
Можам и ја исто да се фалам,а колку сум бил добар тоа е друга работа.


Реално добар е типов.Инвестира во ракомет така да сигурно не е дојден од некои финансиски мотиви во клубот. Верувам дека едноставно професионално ги има исполнето сите амбиции во животот и дека сега сака да се бави со некој свој личен проект.Нешто за свој мерак и нешто што ќе го направи запаметен.Што за наша среќа се РК и ЖРК Вардар и тенисот во странство.
Си има желба нека ја води екипата неколку месеци.Лека полека и он веројатно сфаќа дека мора да најде асален тренер,а на крају крајева не фрламе ние милиончиња или две.Додека има резултат нека го човекот.
--- надополнето: 10 ноември 2013 во 19:05 ---
:facepalm: за жал овој нема ни 10% од парите што ги има Субрата...

Субрата повеќе должи од што има :cenzura:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom