Фан клуб - РК Вардар

Абе за инат бе, сите пред продажните места кога ќе ги пуштат картите и сите во обележја на Вардар, и нека сликаат тие да викаат за 1 саат се распродале картите.
 
Момци карти едвај ќе се наоѓаат, само да си знаете:)

Од тоа што ми пренесоа спремни се овие по секоја цена да ограничат кој ќе влезе во сала.
 
A koga kje gi pustaat kartite?

Moram da pecnam karti..

Kako ide online kupuvanjeto od kupi karti za se?

Da ne ideme off pishete mi pp ako znaete.
 
Утре против Борац се игра не заборавајте.
https://www.facebook.com/events/1375114659400343/?ref=25
Ќе играме без Русите и без Ангелов,Душебаев и Недановски. Петриќ се враќа од повредата. :)
 
И со трета екипа би требало да ги тепаме без проблем.
Марковиќ значи ќе игра цела утакмица....(да се има малце усул ова ќе беше права прилика да се убаци и некое дете у игра)...на гол Даскаловски го очекувам и еден од Џамбо/Малумбрес.
Терзиќ ќе добие поголема минутажа сигурно.
 
Во сабота со почеток од 12 часот започнува продажбата на влезниците за Металург-Вардар.
 
Нека трепка:

Продажбата на билетите за претстојниот натпревар од петото коло од Лигата на шампионите, помеѓу Металург - Вардар, ќе започне во сабота (10.11.2013), во 12 часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се. Цените на билетите ќе бидат објавени на денот на почетокот на продажбата на истите. Претстојните дуели во Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Вардар, ќе бидат под специјална безбедносна контрола на ЕХФ. Овие две средби, ЕХФ ги нарече историски, бидејќи првпат играат екипи од ист град, ќе бидат контролирани од специјален делегат за безбедност, Белгиецот Клаус Дитер Конвенц.
Поради тоа челниците на клубовите решија да ја ограничат продажбата на максимум 4 билети по лице.
СЦ "Борис Трајковски" веројатно ќе биде пресетен да ги прими сите оние кои сакаат во живо да присуствуваат на овој историски дуел. Затоа набавете си влезница на време.
 
Доста јака игра и доста слабо навивање. Ама ај и така е загревање само за во недела :D Ко појак да е тапанов, нов е нешто или ми се чини? Ѕверски е ептен :D
 
Доста јака игра и доста слабо навивање. Ама ај и така е загревање само за во недела :D Ко појак да е тапанов, нов е нешто или ми се чини? Ѕверски е ептен :D
Не бе истиот е, на нова локација беше сместен затоа :D
 
Пуштете некоја анализа за утакмицата, не бев во можност да отидам на оваа.:)
 
Не бе истиот е, на нова локација беше сместен затоа :D

Абе под тапонот бев баш и се тресеше земјата, столчињата а со тоа и јас :D Ама дека е и во сала си го прави своето :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom