Фан клуб - РК Вардар

Океј, признавам.. иако секогаш сум бил оптимист кога е Вардар во прашање.. вчера се надевав дека ќе изиграме храбро, дека ќе се обидеме да им парираме и дека нема да изгубиме повеќе од 5 разлика. Да бевме во друга ситуација можеби и ќе размислував на друг начин. Но се уште имаме тим кој има потреба од воигрување.

И што добивме? Лу-ди-лооооо!!!
Што викаа кладилнициве? Кој бил фаворит за освојување на Лига на шампиони??
Дајте ни бе некој појак!!!

Кога видов дека дури и Џамбо скина неколку шутеви, знаев дека ќе имаме добра вечер. Него, што ќе кажете за Малумбрес?? Човеков функционира 200 на саат. Одличен мотиватор. Како што седев веднаш позади клупата на Вардар во второ полувреме.. Цело време ги бодреше останатите, им покажуваше дека предноста на Барса е достижна и дека се е во нивните глави. Пред да отиде Милиќ да го брани клучниот пенал, му викаше: Ајде Џамбо, ајде!!! :)

Крилата денес беа беспрекорни. Да, утна Тимур на крајот, ама што се погоди претходно? Брумен генијалец, истотака. Остај што игра одлично на десно крило, ама имаше и неколку пробиви од позиција на десен бек кои ги заврши со гол.

Бековите можеа и подобро. Бели и Растворцев не се вклопија во вчерашната партија, но затоа Карачиќ и Душебаев бриљираа. Доколку се остварат шпекулациите дека во декември пристигнува и Дисингер, е тек тогаш ќе имаме што да кажеме. Прибак влезе на кратко, но и за тој период успеа да реализира неколку асистенции.

Пивотите исто така солидни. На почетокот Столе, потоа Тоскиќ, на крајот Чипурин. Постојано градеа простор за бековите и беа исклучително корисни, а Тоскиќ и на три пати постигна прилично битни голови.

И за крај, Зоки Кастратовиќ. Еве и него да му признаам. Повлекувам се што мрчев за него до сега. Вчера беше тактички перфектен, единствено што можеби требаше да го повлече Петриќ порано од игра. Јасно е дека Вујо е и ќе биде наша икона, но мора да му се даде поддршка и на Зоки.

Во среда Минск. Кои се вашите прогнози?

На македонски ? :D
 
Со подршка од трибините како онаа вчера во Скопје може да падне било која екипа.Ако пред натпреварот некој на Вардар му понудеше нерешено тогаш тоа ќе беше прифатено за секунда,а на крајот испадна дрим тимот на Барса да се моли за бод во Борис Трајковски.Во некои ситуации и среќата им го сврте грбот на ракометарите,но и покрај тоа и покрај судиските грешки на штета на Вардар кои беа сведени на минимум играчите докажаа дека со право го носат црвено-црниот дрес.Ова според мене не е врвот во играта на Вардар и со тек на време кога играчите ќе се воиграат до степен да можат да играат со ‘‘затворени‘‘ очи ќе ја видиме вистинската сила на овој Вардар.Факт е дека вчера поединци отскокнуваа со играта,но нема никој посебно да одвојам затоа што вчера сите го оставија срцето во Борис Трајковски.
 
Десетина дена имаме до следната утакмица на домашен :confused:

Ако нема промени во распоредот во наредниов период имаме ваков распоред:
Динамо Минск-Вардар 25.09 ЛШ
Брест Мешков-Вардар 28.09. СЕХА
Вардар-Татран Прешов 02.10. СЕХА
Војводина-Вардар 05.10. СЕХА
Нексе-Вардар 09.10. СЕХА
Вардар-ПСЖ 13.10. ЛШ
Вакер Тун-Вардар 19.10. ЛШ
Загреб-Вардар 26.10. СЕХА
Вардар-Борац 09.11. СЕХА
 
VARDAR ODIGRAO SJAJNU UTAKMICU PROTIV BARCELONE!
http://balkan-sport.net/rukomet/europa/vardar-odigrao-sjajnu-utakmicu-protiv-barcelone

Браво за комитите :cuc: со такви навијачи се виде дека се е можно. Дај боже да се такви и на фудбал па и тамо русинов да загриза .

Добри си бевме друже ние и на фудбал, само што сметаа дека може да им замрсиме сметки пред локалните избори, па си ја завршија својата работа...

Плус фудбалот е мртов. Види каква беше атмосферата на Вардар-БАТЕ, да паднеше гол ќе се срушеше стадионот. Луѓето сакаат правилна работа, само тоа привлекува публика.
 
Se dodeka u FK Vardar rabotite se postaveni na vakvo nivo citaj amaterski samo ke si tapkame u mesto. Koa ke vleze sponzor kao u rakometov, e togas vise se se menja od koren i ke se vidi profesionalizam. Publikata ke pocne da se vraka na stadion( iako ligava ni e ubidlivo najslaba u evropa) ke se osetat i rezultati u Evropa. Ama toa ne e tema tuka.
 
Најтешкиот можен противник го имаме како за прв натпревар во групава. Шансите за чудо се минимални, али постојат. Сакам да видам утре играчите како се борат, и како даваат максимум, дали тоа ќе биде доволно за добар резултат ќе видиме. Со среќа нека ни е.
Химната утре да грми Комити !

Побарано- добиено :D
 
Еве го пречекот на Кире :)

И тоа што го зборев вчера, дека на пет минути пред мечот салата беше полупразна. Научете се дека не се доаѓа на утакмица пет минути пред да почне ццц:facepalm:
 
Што ти се вика светски оорганзиран клуб, денес ракометариве во 3 и 30 патуваат за Минск со чартер, три дена прред дуелто од Лигата на шшампионите, а ќе остант таму до крајот на неделата затоашто после 3 дена играме со Брест утакмица од Сеха лигата. Браво за ова, тоа е тоа, а не како слепцине фудбалерите што ни ги пратија со авотбус да се влечат до Букурешт.
 
Браво Вардар (y)
Вистинска утакмица за во лига на шампиони ! Огромна работа е да му се скини бод на Барса пред се кога има екипа со големи ѕвезди како Штербик, Рутенка, Карабатиќ, Лазаров...
На почетокот одлична серија на Вардар се одлепија со 4 разлика 7:3 па 8:4 понесени од атмосферата ептен летнаја во облаци, онај Карачиќ сигурно на бело беше :D :pos: како играше секоја чест ! Препороден беше, но Барса си е Барса за само 2 минути одма израмни и го сврти резултатот во своја полза, брз ракомет, то е то шо го сака Барса, вардарци ептен забораваја на пикер, многу беа слободни тука и затоа сите напади одеа преку тој црнецот со косите.
Милиќ одлично почна фати неколку зицери плус пенал во 2 полувреме, солиден беше, но немаше лек за Рутенка, кое играчиште е Рутенка :cuc: 8 гола од кај шутна гол даде...
Лазаров ви попушташе бе :P Неќеше да игра против наша екипа, шутна 2 од 10метри и то беше од него, Пасквал паметно си го седна на клупа после :) Катабатиќ исто многу на клупа седеше, ама даде 2 многу битни гола за Барса, крилата беа добри кај нив, Штербик во џеб го пикна Растворцев, на крај и зицерот го одбрнани на Дибириов кој можеше да значи и победа за Вардар...

Дибиров според мене е во најдобрите 3 крила во светот !
Многу силен играч, само прво полувреме на два пати проба да го лобова Штербик а топката заврши над голот, лошо шутираше, воглавно беше најдобар кај Вардар заедно со Карачиќ, исто и Брумен беше добар, потфрли само Растворцев...
Душебаев за некоја година ќе биди еден од најјаките во свето, огромен талент и со Партизан го пратев и сега се работи за голем играч (y) особено за 1 на 1 е добар за финта...
Малумбрес :D која ветрушка е на голот :D послаб е од Митревски ама брани како будала, ја крена публиката на нозе неколку пати за брзо ќе му биди и идол :D Многу паѓа на земја на ударите, ги брани тие ниски топки, ама Рутенка го прочита па му шутираше високи...

То е то, бод е полна капа против Барселона оти имавте шанси и за победа, а можевте и да изгубите.
П.С. Добро навивање, но лоша изведба на кореографијата, но разбирам голема бројка, тоа се случва не се сите во тек ;)
 
За таква кореографија, се даваат листови на влез, и на нив све да е објаснето како што треба. Дека на секоја строфа се врти, итн...
Како што беше со Колдинг, тогаш изведбата беше маестрална :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom