Со доаѓањето на Русинот ние само го изедначивме буџетот со оној на Металург или пак за малку ги поминавме. Луѓето проучени од работата на Русинот во ЖРК Вардар веројатно очекуваа Карабатиќ и Лазаров да ги донесеме уште во првата сезона. Ама вистината е дека во машки ракомет малце потешко одат тие работи, средствата се многу повисоки отколку во женскиот ракомет.
Искористивме што се распаднаа Чеховски Медведи и Атлетико иначе кур мој што ќе ги донесевме некои од класа играчиве. Русинот и во женскиот ракомет носи само слободни играчи, ако не се лажам за ниедна нема платено оштета. Слично ќе биде и во машкиот ракомет. Ако сака да земе некој ќе го договори уште сега, ама истиот ќе дојде следна година без пари...
Критики има само во тоа што не се најде голман па сега без потребно се трупаат сто играчи на таа позиција, а реално ниеден од нив не е некој супер квалитетен играч...
И секако во никој случај не смееа да си дзволат играч од иста националност како спонзорот (реално тие највеќе би ги привлекувале) да дозволат без оштета да премине во најголемиот ривал. Тоа е најголемата грешка што дозволија Металург да им го земе Атман пред нос

Они го задржаа костурот на тимот, додека ние имаме скоро сосема нова стартна постава, плус со нов тренер, така да сезонава не знам баш колку ќе ја освоиме титулата во Македонија.
Во Европа реално успех и за очекување е да ја поминеме групата. Нема шанси да завршиме пред Барса и ПСЖ, а реално ако нема некое изненадување во другите групи, тешко дека би се носеле во осмина финале со некој од првите две пласирани...
За очекување според мене е да ги добиеме Тун два пати, Динамо Минск барем еднаш, Металург барем еднаш. Дури и со 4 победи од 10 меча веројатно би биле 4-ти и би оделе понатаму. Оставам мала шанса да адне ПСЖ на домашен, како и Динамо на гости но сепак тоа би го сметал за изненадување. Против Барса нема шанси ни на домашен, а камоли на гости да тепаме...