- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 4.597
- Поени од реакции
- 11.875
Абеее сеа и за Алекс ли почнавме да дискутираме дали да доаѓал или не? Камо да е вистина. А за тоа дека барал пари и во жар на борба за новиот клуб се скошкал со Шишкарев, тоа е нормално. Секој се бори за своја егзистенција и нема што да му се замери, едноставно таква беше ситуацијата кај нас и тоа е легитимно. Ако успееме да го скоцкаме тимов кој се најавува, посебно со Алекс на десен бек (не ми е верно дур не видам) ќе биде одлично. Мислам дека за доаѓањево на хрватов Леон, голема улога има и Малус, кој минатата година играше во Слован. Мислам дека го има попалено да дојде кај нас. Алекс знае се, така да ако кешот е добар не е чудно да дојде. Ајде полека ќе видиме како ќе испадне. Во секој случај одиме две скалила погоре.
)