Фан клуб - РК Вардар

Па не беше баш скоро и на двајцата им завршуваат договорите на крајот на оваа сезона. Не сум запознаен што се случува во позадина, можеби веќе клубот работи на тоа или завршиле работа, но дефинитивно се двајцата играчи кои не смееме да ги изгубиме ако сакаме нешто да направиме долгорочно.

On another note - само прво полувреме успеав асално да изгледам од мечот против Охрид во саботата и морам да го пофалам Марио Стојановски. По повредата на Тузолана, доби голема одговорност да игра во одбрана како халф и повеќе од солидно одговори на предизвикот. Една топка доби само од Горига во напад и ја реализираше. Се надевам и утре ќе се покаже во добро светло против Тулуз.

PS - Ако некој има допир со РФМ нека им пренесе дека мечот повеќе не може да се гледа на youtube.
 

Attachments

  • Screenshot_1-12-2025_223049_www.youtube.com.jpeg
    Screenshot_1-12-2025_223049_www.youtube.com.jpeg
    36,6 KB · Прегледи: 8
Последно уредено:
Јас само да го пофалам Чупиќ за одличната работа која си ја врши досега. Полн погодок е неговото назначување за тренер. Никој не искоментира дека утакмицата во Охрид ја добивме со Марио Стојановски во одбрана на 5-ка речиси цел натпревар. На најбитниот натпревар во сезоната лабаво си вади таков потег и ни малку не му се осети разлика во поставеноста на одбраната. Секоја чест за приликата што им ја дава на сите во тимот, колку и да збеснав на промашувањето на Ќосевски во Шведска, ем му нацрта акција за него таму, ем уште одма после следната утакмица повторно си доби стандардна минутажа без разлика на таквото промашување. Иако многу критики добива за тие ротации, според мене баш тоа го прави да биде голем тренер. Темпирањето на формата на тимот му е одлична исто така и сето ова го направи без ниту еднаш сезонава да има комплетен ростер на располагање. Он ни е всушност најголемото засилување за годинава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom