Па не беше баш скоро и на двајцата им завршуваат договорите на крајот на оваа сезона. Не сум запознаен што се случува во позадина, можеби веќе клубот работи на тоа или завршиле работа, но дефинитивно се двајцата играчи кои не смееме да ги изгубиме ако сакаме нешто да направиме долгорочно.
On another note - само прво полувреме успеав асално да изгледам од мечот против Охрид во саботата и морам да го пофалам Марио Стојановски. По повредата на Тузолана, доби голема одговорност да игра во одбрана како халф и повеќе од солидно одговори на предизвикот. Една топка доби само од Горига во напад и ја реализираше. Се надевам и утре ќе се покаже во добро светло против Тулуз.
PS - Ако некој има допир со РФМ нека им пренесе дека мечот повеќе не може да се гледа на youtube.