Протекувањето не ми се допаѓа, мора под итно да се преземе нешто. Инаку, супер се одвиваат работите досега, Чупиќ се подобро ги води утакмиците, широк ростер, освен можеби уште некој топ десен бек ако се најде и ќе фали играч за одбрана после Талески. Хориха топ левел, добар да се задржи и во Вардар и да игра во репрезентација. Од досега виденото, Алкалоид само може да развива играчи, моментално немаат некои топ и за нешто повеќе, Охрид е солиден, ама ниво е испод, пак со Пелистер се ќе зависи, со тоа што ние сме подобри од лани, они се тука некаде, само да не не се погоди денот.