Фан клуб - РК Вардар

Добра утакмица, градско дерби у случајов кога ги нема Металург..

Кога ќе ми текне дека некој тука Малус го правеа просечен играч
Солидна партија на Хориха, Гогов се освести некако го понесе и атмосфера но све се тоа повремени блесоци.

Борозан се повреди малце при крај на прво и излезе од терен, после и од сала. До кладиона да не тргна, каква легенда

Ме изненади со публика, плус врне а знаеме сите со коли идат а и мачно е за паркинг. На крај саат време неможеш од Аеродром да излезеш.
 
Не проаѓа Хориха кај Киро ,човекот има посебен критериум.
Нема зошто да не пројде, игра во врна форма и е 28 години (година дена помлад од Кузмановски).

На почеток од утакмица се поздравија а имаше и една кратка насмевка од Хориха. Може и да не значи ништо, ама нема да ме чуди и да се веќе во контакт. Колку што знам он би можел да заигра тек од следна година, така да годинава дефинитивно нема да има повик, ама не гледам зошто не би бил повикан воопшто. Ако Деки Бој доби повик, треба да добие и Хориха
1762721179903.png
 
Прегледај го приврзокот 460370
убедливо најдобар бек во регионов ,корисен на три позиции ....копија од џероме фернандез
 
Ќе направевме разлика уште во прво полувреме, меѓутоа утнавме неколку зицери, избрзавме во една-две ситуации и капак на се промашивме два пенала!
Како и да е добро се заврши, изгледаме далеку подобро во споредба со летоска.

Веројатно најсериозниот до сега тест доаѓа во вторник и после ваков истоштувачки меч, без Борозан, без Тале, мислам дека шансите се мали.
Кристианстад е многу брза екипа, а и мечот доаѓа во незгоден момент.

Како и да е, ова денеска беше далеку поважно да се добие од тоа во вторник.
 
Последно уредено:
Муабетот од секое првенство во јануари "Абе како само ние разбрануваме тотални анонимуси од голмани"? Епа ете го Гогов вчера против 90% репрезентација. :D
Шала на страна, солидно си ја одработува минутажата годинава, ги заслужи аплаузите од цела сала синоќа.
 
Вчера после подолго време бев во сала ( не сум во МК), и можам да кажам дека прилично убаво си поминав. Ако се занемари фактот дека Јане Сандански почнала да се распаѓа, и цел натпревар течеше од кровот, натпреварот беше топ и понуди многу интересни моменти. Требаше да ги скршиме многу порано во прво полувреме, ама така знаеме ние да го вратиме противникот во игра. Немавме доволно одбрани во прво, а и мора да се признае дека многу лесно не пробиваа. Имаа подобар проток на топка од нас, додека пак ние ги решававме повеќе индивидуално преку Хориха и Малус. Ептен ми е драго што Малус почна да ја покажува класата за која зборевме дека ја има кога потпиша. Голот со шрауба под фаул беше совршенство. Во второ некако појачавме у одбрана, и најглавното од се, Гогов се јави, навистина се јави!. Гогов годинава покажа голем напредок на гол, па можам да кажам и многу повеќе од извиканиве голмани на Алкалоид. Во комбинација со подобрената одбрана одигравме совршено второ полувреме кое треба да биде репер како треба да се игра константно. Недозволиво беше играч како Серафимов инака да не буши. Тоа требаше инат да ги фати нашиве, да го треснат два три пати од земја и толку му треба ќе го сосечеа. Вака рана на очи беше да се гледа она на терен во прво полувреме. Најважното е што не паднавме во второ и конечно успеавме да ја задржиме високата предност до крајот. Обично кога имавме висока предност дозволувавме противникот за две три минути да ја стопи па победувавме со мала разлика. Вака е одлично и за самодоверба и да им се начука малце комплекс на Кирчолург бидејќи многу се полетани без некоја основа. Некој да не знае каква е повредата на Вуко?
 
Мечка кога се враќа ?
22 август .....
Македонскиот ракометен репрезентативец Милан Лазаревски ќе мора да направи подолга пауза. Ова откако пивотменот на скопски Вардар беше опериран во Загреб.

Имено, Лазаревски ќе паузира три месеци по операцијата на десното рамо извршена во Загреб од страна на д-р Никола Чичак.

според најавите, предвиденото е Лазаревски да отсуствува од терените во наредните три месеци.

Тоа ќе биде голем хендикеп за вице-првакот Вардар кој го чека борба на домашната сцена, но и ЕХФ Европскиот куп.
 
Три месеци поминуваат за 10 дена затоа прашувам
 
Протекувањето не ми се допаѓа, мора под итно да се преземе нешто. Инаку, супер се одвиваат работите досега, Чупиќ се подобро ги води утакмиците, широк ростер, освен можеби уште некој топ десен бек ако се најде и ќе фали играч за одбрана после Талески. Хориха топ левел, добар да се задржи и во Вардар и да игра во репрезентација. Од досега виденото, Алкалоид само може да развива играчи, моментално немаат некои топ и за нешто повеќе, Охрид е солиден, ама ниво е испод, пак со Пелистер се ќе зависи, со тоа што ние сме подобри од лани, они се тука некаде, само да не не се погоди денот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom