Не знам само каква потреба има Талески да гостува по вакви емисии кај новинари од рангот на факинг Миро Кацаров...
На ликов очигледно идол му е некој како Огњен Амиџиќ, а пример за успешност продукции како Пинк или Гранд, каде се промовираат евтини курви од цел Балкан по разни реалити шоуа или некакви емисии од ваков тип каде целта е да истрескаш глупости и после медиумите три дена да пишуваат за тоа.
Се водат по логиката секоја реклама е добра реклама, би се сложил ако станува збор за пејач, актер, новинар, водител, курва итн...Не и професионален спортист.
Сега земал емисија полиграф ќе прави како во Србија, истата драмска музика ја лупнал, ист кадар, буквално и се друго исто, само место да трае 6-7 минути како кај нив, овој ја продолжил на пола саат.

Прашањата така поставени за секако да се сплеткаш без разкика што ќе одговориш.
- Дали би го поздравил Кирил Лазаров ако го сретнеш на улица?
- Дали Филип Кузмановски ти има направено нешто лошо?
- Дали би се вратил во Вардар за 100.000 евра?
- Дали би потпишал за Пелистер?
Фалеше уште кога го праша дали знае некој колега да наместил натпревар или да користи недозволени супстанци, да кажеше дека знае.
Го насанка убаво Миро за да си ја испромовира новата емисија, си доби тој добра реклама, а Талески си доби ручки од тупан и можеби со вакви изјави си направи проблем за понатамошната кариера.
Во секој случај многу неискусен, беспотребен и глупав потег од страна на Талески.