Фан клуб - РК Вардар

Според мене ова е најдоброто сценарио за Вардар, нема ни да се осети неговото отсуство,можда Киро ќе го земе у Алкалоид како замена за повредениот Борзаш :)))) Ајде сега следен да се надеваме е полјакот на десен бек.
 
Очекуван расплет, резултат на преголемиот број на играчи во ротација. Мора да се прочисти ростерот, да се најдат правите играчи, да се истера така, па ако нешто треба да се менува да се мисли со време за идната сезона.

Ист ќе биде претпоставувам исходот и со Танкоски, Фереира, а многу возможно и Гогов ако се остварат најавите за Портнер. А, треба и еднаш засекогаш да решиме што ќе правиме со Ќосевски, Стојановски и Стаменковиќ.

Клубот почна да покажува знаци на организациско подобрување сезонава, па да се надеваме дека ќе почне да се мисли на сите работи.

Како и да е штета за Тале. Колку и да бил плукан, тие две сезони во Вардар и овие неколку месеци ептен ми "легна" при срце. Се поврза со клубот максимално, тивок, посветен играч, што и да се барало од него - давал. Он ја реши последната дома против Еурофарм Пелистер.
Автоматски споено мислење:

Ростер од 23 играчи е неодржлив на долг рок и тоа не само од финансиски причини. Еден Кил традиционално нема повеќе од 16 играчи по сезона. Време е еднаш засекогаш да се ослободиме од вишокот играчи, без разлика дали се тоа домашни или странски. Богдановски, Марио Стојановски, Ќосевски... за што ги држиме во ростерот? Или ќе решиме да им дадеме стварно шанса каде што пред нив ќе има еден поискусен играч, а они ќе бидат втори или ќе им дадеме одврзани раце да прават што сакаат. Да се биде трета опција на позиција крило или голман според мене е глупост.

Кој од овие задоволил, кој не? 6 деснораки бекови и уште два дефанзивци се надевам нема да држиме и наредна сезона. Уште сега се мисли на овие работи.
Еве што сум пишувал на истата тема пред година дена. Се оствари напишаното.
 
Последно уредено:
Талески ми стана еден од омилените играчи во Вардар, секогаш сум застанувал во негова одбрана дури и кога стварно играл лошо.
Од една страна што е македонски играч, а во Вардар низ годините таквите никогаш не биле многу на број, од друга страна што едноставно ми беше жал за се што трпеше од публиката и сите навреди што стигнуваа на негова сметка, ептен сите граници се поминуваа со плукањето, мислам дека е убедливо најкритикуваниот играч во историјата на македонски ракомет, а реално сме имале мноооогу полоши играчи од него во репрезентација.

Дискутирана е доста пати таа тема, му направија контра услуга медиумите што го најавуваа како огромен талент и новиот Лазаров, после луѓето си имаа преголеми очекувања од него и нормално дојде до разочарување, подоцна и до голем хејт.

Кога дојде во Вардар мислам дека некако го најде својот мир, на почеток многу му годеше поддршката од публиката, конечно после сите критики низ годините дочека да добие пофалби од некого, се гледаше дека и самиот многу го цени тоа.
Како поминуваше времето доби доста на самодоверба, ја врати формата, почна да игра добро на терен, го реши купот и имаше уште некои стварно одлични партии, си изгради некој супер однос со навивачите, се изгледаше супер, за на крај да го напушти клубот и да замине во Бенфика, веројатно за некој денар повеќе.

Таму пак доживеа флешбек на тоа што му се случуваше во Бундеслига, седење на клупа, мала минутажа, скоро никаква улога во екипата итн.
Кога се врати во Вардар мислев дека му дошло памет и ја согледал грешката, дека овој пат нема да го напушти клубот по никоја цена и ќе си остане тука до крај на кариера.
Едноставно човекот може да игра само во Македонија, во екипи кај што ќе се чувствува комотно, ќе биде покрај своите блиски и нема да излегува многу од комфорт зоната(по ова прашање е сличен и Фитиљот).

Баш ме изненади сега со оваа негова одлука, според мене пак прави голема грешка, следна станица најверојатно ќе му биде некоја од домашните екипи.
- Ако ја наведне главата пред Кире може да го прибере во Алкалоид.
- Ако потпише за Пелистер крајно ќе ме разочара(баш мислам дека за инат Хасбула ќе сака да го земе кај нив).
- Ако потпише за Охрид ќе се врати само чекор назад во кариерата.
- Ако евентуално оди надвор, пак ќе седи на клупа и ќе подава пешкири.

Како и да ја врти, пак ќе направи грешка со изборот на клуб, како и цела кариера до сега.
 
Штета што така решил, се надевам дека нема да направи уште поголема глупост во Еурофарм да отиде
 
Штета што така решил, се надевам дека нема да направи уште поголема глупост во Еурофарм да отиде
охрид (за охрид имат една пречка,не е за форум да ја коментирам) азија
 
Последно уредено:
И кај вас има огромна конкуренција на таа позиција. Бели Џуниор, Иванковиќ, Орјоникидзе (кога ќе се врати), па дури и Јотиќ може таму да игра.
така е ама ни требит некој и со мкд пасош,ке видиме или охрид (за охрид имат една пречка,не е за форум да ја коментирам)или азија одит
 
Последно уредено:
После сите успони и падови во кариерата, мислев дека Тале собрал доволно искуство и дека е ментално посилен. Но, ако е тоа негов избор тогаш let it be, нека му е со среќа и фала за се што направи до сега за нас. Некаде пред крај на претходната сезона, кога веќе стана јасно дека нема иднина во Бенфика, пишав дека очекувам да се врати кај нас, како најлогичен потег во тој момент. Кога веќе дојде и тоа во форма далеку од онаа со која замина пред 2 сезони, секоја логика вели дека треба да биде трпелив, да се бори за минутажа и да крева форма, нешто што буквално му се случи кога дојде кај нас. Можеби има нешто што не го знаеме и ќе остане во рамки на клубот, што од друга страна е ОК, подобро така него да се препукуваат по портали и фејзбуци па пациентите да ни фаќаат сеир.
Единствена штета е тоа што имаше мерак на шурите, знаеше како да ги натрти во одлучувачки моменти.
 
Што знам, многу малоумно ми изгледа да имаш договор со Вардар, да искажеш револт и да го раскинеш за да тренираш сам дома со Синди Крафорд видеа на јутјуб за да се држиш у кондиција. Ама па кога ќе видиш цела кариера му е пуна лоши одлуки и плиткост у главата, што е жално, бидејќи го имаше целиот простор и потенцијал да израсне во класа играч. Кузмановски кој објективно беше во сенка на Талески кога се пробиваа сфати колку е саат, си се врати дома и стана одличен играч и лидер во репрезентација. Ама многу его има околу Талески, се гледа тоа и по однесување и по постапки.
 
Едно дрво помалце во Вардар. Место да биде среќен што добиваше и толку минутажа колку што добиваше покрај ракометари како Хориха и Борозан, овој се буни зошто немал повеќе минутажа. Уствари и подобро што се побунил, ова е многу боља варијанта за нас како клуб. Среќно во Тинекс Пролет, Талесен!
 
Лошо е кога на жена ќе и дадеш да ти ја води кариерата и ќе се раководиш според нејзините желби, а не според тоа што е најдобро за тебе како играч...
FB_IMG_1761839495331.jpg
 
Ете сега се отвара простор од платата на Тале се надевам и од некои други кој нема што да бараат во Вардар(Танкоски,Еспиња оној дрвото на десен )и тие пари да се искористат за добар голман и десен бек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom