Фан клуб - РК Вардар

Па овие Тиквеш греотиве имаат испазарено бољи ракометари од нас. Оној мјулингата .десен бек, е токму тоа што ти треба за мизернава лига. Брз, со јак шут. Нашиве Бахар од Тунис го откопаа :D. Центар оној Гојковиќ кој изглеа коа го видоа на терен како инвалид е наеднаш зажалија што го потпишаа и се откажаа од него. Што би рекол Влатчек, све је мутнооо каооо какао:D
 
Зашто ги плаќаат овие пола странски играчи кога и така имаме ограничен буџет не ми е јасно. Ако првиот дел беше одличен вториот дел од сезонава ќе биде очаен и тоа многу
 
Си го заслуживме и ќе си трпиме.
Кога Борко се фрла колку сме појаки од лани и колку лабаво ќе сме освоеле титула, како Вардар знаел да пазари играчи.. другите не разбирале ништо и се ова наведено збори за тоа колку е он аматер во тоа што го работи.. али тоа е за жал. За мене како што кажа Сајбер ова е до негде очекувано.
И ете не мислам дека е проблем само до Недановски, кога не иде и губиме не е само до тренерот, не може он да влезе и да играа место некои трупови.
Али не верувам дека Борко воопшто може да научи нешто од сето ова, за жал.
Остани ниско на земја, скромно во зборови и работи, не се курчи.. нека резултатите зборат.. а не вакa.
 
Не зезајте, и јас не можам да го смислам Бутино али со овој состав како што рековте може само Раул и Парондо ќе извадеа бодови тука. Еден од Петриќ, Николиќ или Јосихура да играше ќе однесевме веројатно победа, со овие играчи толку. Го знаевме ова уште на почеток на сезона и го зборевме цело време - Со прва постава имаме шанси за титула, една повреда менува многу, а денес ги имавме три.
 
Со вакво пазарење и функционирање на клубот овие резултати се реалност, сите играчи ни се потпишани на слепо, никој од клубот претходно немаше слушнато за нив, а не да ги гледа и скаутира, што ќе предложат менаџери земи па може нешто ќе се погоди, веројатно и планот беше да бркаме 3то место и излез во Европа.
Ги трефнавме по некое чудо Косуке и Николиќ, плус се поклопи Лазаревски баш тогаш да ја крене формата, од друга страна Пелистер беше лошо воден од Шундо и Јовиќ и ги добивме два пати, со сплет на околности ни пораснаа амбициите и почнавме за титула да размислуваме.

Вториот дел од сезоната ни е само показател колку тоа пазарење од тепка може да биде сурово, овој Тунижанецот дното го проби, кај го ископавме не знам.
Хансер изгубен случај, топката ја води како на малски баскет, има предиспозиции ама џабе кога не знае да искористи, да го пуштиш 10 напади да игра 5 технички грешки ќе направи.
Нилтон Мело си ја преседе цела сезона на клупа, плата му даваме за пешкири и вода да носи.
Уште и еден куп македонски играчи имаме во состав што ги плаќаме ситно, а немаат никаква улога, имаме 4 голмани од кои само Томовски брани, останатите тројца се квалитет за Рк Куманово, пикерот Атанасовски 10 сезони го држевме во состав, изигра 5 утакмици и за цело тоа време поминато во клубот не успеа воопшто да напредне, слична приказна и со Ќосевски, нема никаква потреба да држиме трето десно крило кое нема никаква улога во тимот, посебно во ситуација кога сме тенки со бекови.
Гојковиќ не е ни за коментирање, кога носиш странец што е послаб и од Карапалевски, а дирекниот конкурент за титула го носи Фитиљот јасно е колку е саат, капак на се и повредите на клучните играчи стигнаа баш во период кога се крши сезоната.

Распоредот додатно не уби, најтешките натпревари баш на почеток кога ни фалат сите играчи,
најверојатно и од Алкалоид губиме за 2 недели, толку треба да отиде сезоната, посебно кога сакаш да ја истуркаш со 2-3 квалитетни играчи кои треба да ја носат цела екипа на грб.
Да се надеваме сега барем на 3то место и излез во Европа наредна сезона, чекор по чекор да одиме нагоре, најбитно е што се стабилизира клубот и барем знаеме дека ќе постоиме, за поголеми успеси во некои други подобри времиња.
 
КОЈ ГИ ЕБЕ,УТРЕ СИТЕ НА ФУДБАЛ !!!
I sto so fudbalot? Liga sampioni ke igrame eden den vo noviot format? Pa iskocivme edna sezona vo LE, do pola ne se napolni Gradski.
Dzabe se trudime i vlozuvame napor toa e unapred izgubena bitka. I da dojdat ×3 pobogati od tie so bea pak nemame sansa. Dzabe se fokusirame tolku koga tamu najgolem uspeh ke ni e titula u Makedonska liga.
Rakomet ima 2 tituli vo LS, ima popularnost, ima prostor so pomalce pari za pogolem uspeh. Dosta veke si go gubime vremeto tamu kaj so se znae deka ne sme ni 20ta kategorija, dur go spasuvate FK ke otide RK!
 
Последно уредено:
Да го имаш најслабиот пласман 3 место и пак да добиеш шанса навистина не ми е јасно.Тренер без авторитет и недоволно подготвени играчи,без мотивација и недоволна ротација.Играчите па дури и резервите не се толку лоши ама тренерот не ги искористува нивните квалитети.Управа под хитно нов тренер.Ако нема на пазарот стави го Столе.Полошо од ова не може.
 
Штета за денес стварно, да имавме барем еден од играшиве што двоеа минатата полусезона во состав сигурно ќе победевме. Со другарче ни беше мерак па се затеравме до Кавадарци. Уште на тргнување читаме тука некој пишал дека има шанса јапонецот да игра, еуфорија на ниво :). Кога видовме дека ниту Николич не игра, јасно беше од прилика накај ќе тера работата...
 
I sto so fudbalot? Liga sampioni ke igrame eden den vo noviot format? Pa iskocivme edna sezona vo LE, do pola ne se napolni Gradski.
Dzabe se trudime i vlozuvame napor toa e unapred izgubena bitka. I da dojdat ×3 pobogati od tie so bea pak nemame sansa. Dzabe se fokusirame tolku koga tamu najgolem uspeh ke ni e titula u Makedonska liga.
Rakomet ima 2 tituli vo LS, ima popularnost, ima prostor so pomalce pari za pogolem uspeh. Dosta veke si go gubime vremeto tamu kaj so se znae deka ne sme ni 20ta kategorija, dur go spasuvate FK ke otide RK!

Тек па во шах што можеме да направиме со 100.000 евра…
 
Реалноста со овие играчи е таа. Не може со Мишевски цела утакмица во напад да се очекува нешто против екипа која има високи амбиции и излез за во Европа. Карапалевски со формата е отиден надолу. А од Томи не можеш да очекуваш да диригира со такви средни бекови. :toe:Нашиве конкуренти пазарат по три наши бекови/крила, а ние не знаеме да искористиме да земеме некој незадоволен кој сака да игра и му треба минутажа, а знае да игра. Второ кога веќе земаат играчи од гаѓање, можеа да бидат фер барем да ми вратат на порака кога им пратив и видео материјал за еден играч репрезентативец на Доминикана, кој за голем дел од овие што ни играат богами има и движеше и шут и брзина. Ама никој ниту прочачка, ниту се заинтересира (барем тие што ги зедоа да бидат за некоја нијанса подобри). Нема везе, ако ништо друго првенството е доста интересно годинава.
 
лична приказна и со Ќосевски, нема никаква потреба да држиме трето десно крило кое нема никаква улога во тимот, посебно во ситуација кога сме тенки со бекови.
Имал понуда од Алкалоид која ја одбил
 
Поразов не е само пораз, туку општо враќање во реалноста за бавното изумирање на клубот низ сезониве. Играчи потпишани на слепо, ако се погоди добро, ако не да сме живи и здрави.
Не знам каква треба да е финансиската состојба за да потпишеш дрва како дел од играчите кои ги земавме. Ја утнавме работата со Мело, што не го ослободија на полусезона? Се кладам дека и тој ќе си отидеше спогодбено, сигурно немаше да дреме на клупа. На почетокот не беа задоволни ни од кубанецот, ама па не' извади во Битола и почна да добива шанса. На долг рок нема ќор од него, иако и ваков е подобар во напад од некои од македонскиве ракометари.
Алонсо беше пропалица, среќа по негова иницијатива си замина. Носиме нов непроверен играч, да не претерам, ама послаб и од него. Малку ме залажа со Пелистер дека има некаков шут, ама ништо од тоа. Никаква креативност, не знае да спушти топка до внатрешна линија, цупка ко по јајца да гази.
И врв на се Гојковиќ. Кажуваш дека тимот ќе ти е посилен во втора полусезона и носиш некој играч како негп, во ситуација кога си свесен дека играчот кој ти е алфа и омега (Јасухира) заработи тешка повреда.
Значи го имаш распоредот за полусезоната, гледаш каква страшна ппвреда заработи јапонецот и ти го потпишуваш Гојковиќ. И згора на се', не ти е ни во состав за утакмиците :D
Десна бековска линија, најслаба од сите претенденти за Европа.
Не знам, Савревски е подобра опција од овие странциве што ги донесовме. Колку играчи има на балканов, сигурно ќе ископаа барем еден што ќе ја покриеше позицијата, ако ништо друго барем на стара слава на клубот.
Ама затоа треба барем минимален скаутинг. Кој ќе го направи кај нас?

Спомна некој горе за македонските играчи. Така ги чуваме еден куп резервисти кои немаат иднина во клубот, ниту пак квалитет за нешто повеќе.
Видовме и попознатите резервисти каков квалитет имаат. Карапалевски е на некое просечно ниво, кон слаб играч. Мишевски е под секое ниво. Божем ќе го правевме специјалист за одбрана, Обина душата му ја извади, еднаш не го фаулираше посилно. Во второ полувреме нашиве во напад ги фрлаа како пердуви и кога ќе паднеа уште толку ги млатеа. Обина си шеташе како на пазар крај Мишевски.
Во напад како запрежна кола. Со таа става, треба да ги навлечеш 3 дефанзивци на тебе, да ги внесеш во гол. Тој излегол на 12 метри, додава и само трча до десен бек каде што е максимално неупотреблив.

Кога се повредија Петриќ и Николиќ? Никакво инфо за нивните повреди. Петриќ не доби некоја минитажа ни во Битола, веројатно влечел повреда, али Николиќ кога се повреди?

Несреќен сплет на околности не врати во реалноста, дека без два-тројца играчи сме тим што може да не фати ни пласман во Европа.

Реков и претходно, муабетите за хемијата, ние сме Вардар, ќе не краси до првиот пораз. Лесно беше во првиот дел од сезоната со ќори екипи и Пелистер кој беше неконсолидиран. Изгубивме и одма сите пцујат, затоа што врска немаат за јачината на клубот без повредениве играчи. Отиде хемијата во курац :)
Целосно затаи поддршката во ракометот изминативе години откако се' се фокусираше на фудбалот, што мене највеќе ме нервира.
Меѓу младите важи филмот дека спорт во сала е за пички, што ти ја знам.
Абе абдали, клубот е дел од СД Вардар, да не беше ракометот ќе немавме каде да навиваме пред десетици години. Да не беа дербињата со Металург и утакмиците во Европа, немаше нов член да привлечеме со години. Сигурно нема на умренион македонски фудбал да привлечеш нови членови. На секое навивање на ракомет сите се изненадуваат од бројката на ново деца. Нормално, кога луѓето се приврзаа со клубот, кога ракометот е пет пати подинамичен сппрт и многу е поразлично навивањето. Ем лабава атмосфера, вежбаш нови песни, имаш нов приход кој ќе се инвестира во гостувања и кореографии, буквално си правиш жутка на трибина. Па луѓето што ја водат групата некогаш активно се дружеа на РК и КК Вардар, тоа и ги спои да бидат јадро врз кое ќе се гради групата.
Неисе, возот надолу тргна кога не се даде поддршка на двете утакмици со Алкалоид, кога дозволивме да не фатиме група ни во ЛЕ, а бевме во пол позиција. Друга приказна ќе беше да игравме во Европа, директно во групи.
Ќе ми рече некој што се нервираш. Абе само доаѓа тоа. Јас се нервирам КК Вардар кога гледам дека губи, што едвај ги знам играчите, а не па клубот кој ме израдувал највеќе во животот и на чии утакмици имало незаборавни атмосфери. Сите знаат какви емоции имало на ракометниве утакмици, што е нормално ради нивното значење. Нека се сетат само на утакмицата со Пик Сегед, четврт финалето пред да освоиме втора титула, утакмица пред која се најави распадот на клубот. Немало натпревар во било кој спорт во Македонија со појака и поемотивна атмосфера. Сме плачеле на трибина за секој гол, мажи по 30-тина години.

ФК секогаш има предност, ама кога играат во ист термин. Не се случило некогаш да отидам на РК, а да се навивало на ФК. Кога отидовме во Кратово 70-тина будали, место на решавачко четврт финале со Киелце, 90% од групата беше на ракомет. Секако ракометот е на второ место. Ама кога некоја утакмица решава за нешто, нема никакво оправдување да не се навива. И другите најголемо балкански групи не навиваат редовно на спортови во сала, ама на вакви утакмици имаше да ги преплават салите.

Не ме фрлаат во депресија толку поразите, колку што едноставно тоа што гледаш дека изумира нешто што се градеше со години и години, од времето на Расадник.

Ќе го споменам и Боре. Секоја чест за тоа што го спаси клубот, ама не може бе бате и клуб да водиш и кампања да тераш.
Вчера пред утакмица бил на некоја трибина во Струмица да ги лаже таму луѓето какви промени во спортот ќе воведеле. Па екипата што ти шета до тебе, не може ни клубовите во локалните нивни градови да ги среди, не па на државно ниво.
 
Прочитав некој коментар уште пред натпреварот со Тиквеш се додека Недановски е на клупа нема да го гледам Вардар.Изгледа дека е во право.Толку не харизматична и неавторитетна личност немам видено.Сме губеле и со Вујо и Дејвис и др.ама немало ваков револт.Можеби управата не сака да го разреши поради немање друго решение или финансиски проблеми ама самиот тој да си поднесе оставка како морален чин.Можеби со толку повредени играчи нема некоја директна вина но морал подобро да ги подготви останатите играчи.Купени странци му седат на клупа или пак ги нема во состав.За што ги плаќа клубот овие играчи, или 60 мин.ги цеди некои играчи а некои добиваат мала минутажа.Преодно решение е Столе на клупа а не на терен можеби публиката ќе се врати.Со овој пристап како до сега излезот во Европа е далеку а камоли титула.Од овој пораз поголем бенефит има Алкалоид него Е.Пелистер..После ваков неуспех време е за оставка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom