Поразов не е само пораз, туку општо враќање во реалноста за бавното изумирање на клубот низ сезониве. Играчи потпишани на слепо, ако се погоди добро, ако не да сме живи и здрави.
Не знам каква треба да е финансиската состојба за да потпишеш дрва како дел од играчите кои ги земавме. Ја утнавме работата со Мело, што не го ослободија на полусезона? Се кладам дека и тој ќе си отидеше спогодбено, сигурно немаше да дреме на клупа. На почетокот не беа задоволни ни од кубанецот, ама па не' извади во Битола и почна да добива шанса. На долг рок нема ќор од него, иако и ваков е подобар во напад од некои од македонскиве ракометари.
Алонсо беше пропалица, среќа по негова иницијатива си замина. Носиме нов непроверен играч, да не претерам, ама послаб и од него. Малку ме залажа со Пелистер дека има некаков шут, ама ништо од тоа. Никаква креативност, не знае да спушти топка до внатрешна линија, цупка ко по јајца да гази.
И врв на се Гојковиќ. Кажуваш дека тимот ќе ти е посилен во втора полусезона и носиш некој играч како негп, во ситуација кога си свесен дека играчот кој ти е алфа и омега (Јасухира) заработи тешка повреда.
Значи го имаш распоредот за полусезоната, гледаш каква страшна ппвреда заработи јапонецот и ти го потпишуваш Гојковиќ. И згора на се', не ти е ни во состав за утакмиците

Десна бековска линија, најслаба од сите претенденти за Европа.
Не знам, Савревски е подобра опција од овие странциве што ги донесовме. Колку играчи има на балканов, сигурно ќе ископаа барем еден што ќе ја покриеше позицијата, ако ништо друго барем на стара слава на клубот.
Ама затоа треба барем минимален скаутинг. Кој ќе го направи кај нас?
Спомна некој горе за македонските играчи. Така ги чуваме еден куп резервисти кои немаат иднина во клубот, ниту пак квалитет за нешто повеќе.
Видовме и попознатите резервисти каков квалитет имаат. Карапалевски е на некое просечно ниво, кон слаб играч. Мишевски е под секое ниво. Божем ќе го правевме специјалист за одбрана, Обина душата му ја извади, еднаш не го фаулираше посилно. Во второ полувреме нашиве во напад ги фрлаа како пердуви и кога ќе паднеа уште толку ги млатеа. Обина си шеташе како на пазар крај Мишевски.
Во напад како запрежна кола. Со таа става, треба да ги навлечеш 3 дефанзивци на тебе, да ги внесеш во гол. Тој излегол на 12 метри, додава и само трча до десен бек каде што е максимално неупотреблив.
Кога се повредија Петриќ и Николиќ? Никакво инфо за нивните повреди. Петриќ не доби некоја минитажа ни во Битола, веројатно влечел повреда, али Николиќ кога се повреди?
Несреќен сплет на околности не врати во реалноста, дека без два-тројца играчи сме тим што може да не фати ни пласман во Европа.
Реков и претходно, муабетите за хемијата, ние сме Вардар, ќе не краси до првиот пораз. Лесно беше во првиот дел од сезоната со ќори екипи и Пелистер кој беше неконсолидиран. Изгубивме и одма сите пцујат, затоа што врска немаат за јачината на клубот без повредениве играчи. Отиде хемијата во курац

Целосно затаи поддршката во ракометот изминативе години откако се' се фокусираше на фудбалот, што мене највеќе ме нервира.
Меѓу младите важи филмот дека спорт во сала е за пички, што ти ја знам.
Абе абдали, клубот е дел од СД Вардар, да не беше ракометот ќе немавме каде да навиваме пред десетици години. Да не беа дербињата со Металург и утакмиците во Европа, немаше нов член да привлечеме со години. Сигурно нема на умренион македонски фудбал да привлечеш нови членови. На секое навивање на ракомет сите се изненадуваат од бројката на ново деца. Нормално, кога луѓето се приврзаа со клубот, кога ракометот е пет пати подинамичен сппрт и многу е поразлично навивањето. Ем лабава атмосфера, вежбаш нови песни, имаш нов приход кој ќе се инвестира во гостувања и кореографии, буквално си правиш жутка на трибина. Па луѓето што ја водат групата некогаш активно се дружеа на РК и КК Вардар, тоа и ги спои да бидат јадро врз кое ќе се гради групата.
Неисе, возот надолу тргна кога не се даде поддршка на двете утакмици со Алкалоид, кога дозволивме да не фатиме група ни во ЛЕ, а бевме во пол позиција. Друга приказна ќе беше да игравме во Европа, директно во групи.
Ќе ми рече некој што се нервираш. Абе само доаѓа тоа. Јас се нервирам КК Вардар кога гледам дека губи, што едвај ги знам играчите, а не па клубот кој ме израдувал највеќе во животот и на чии утакмици имало незаборавни атмосфери. Сите знаат какви емоции имало на ракометниве утакмици, што е нормално ради нивното значење. Нека се сетат само на утакмицата со Пик Сегед, четврт финалето пред да освоиме втора титула, утакмица пред која се најави распадот на клубот. Немало натпревар во било кој спорт во Македонија со појака и поемотивна атмосфера. Сме плачеле на трибина за секој гол, мажи по 30-тина години.
ФК секогаш има предност, ама кога играат во ист термин. Не се случило некогаш да отидам на РК, а да се навивало на ФК. Кога отидовме во Кратово 70-тина будали, место на решавачко четврт финале со Киелце, 90% од групата беше на ракомет. Секако ракометот е на второ место. Ама кога некоја утакмица решава за нешто, нема никакво оправдување да не се навива. И другите најголемо балкански групи не навиваат редовно на спортови во сала, ама на вакви утакмици имаше да ги преплават салите.
Не ме фрлаат во депресија толку поразите, колку што едноставно тоа што гледаш дека изумира нешто што се градеше со години и години, од времето на Расадник.
Ќе го споменам и Боре. Секоја чест за тоа што го спаси клубот, ама не може бе бате и клуб да водиш и кампања да тераш.
Вчера пред утакмица бил на некоја трибина во Струмица да ги лаже таму луѓето какви промени во спортот ќе воведеле. Па екипата што ти шета до тебе, не може ни клубовите во локалните нивни градови да ги среди, не па на државно ниво.