Утакмицава вечер за нас е првото финале за оваа сезона. Немаме право на киксови ако сакаме титула, па дури и ако сакаме да фатиме место во европските купови.
Тиквеш има одличен прв состав, плус ја има помошта од домашната публика. Нас секако секаде не чека пеколна атмосфера, ама од натпревариве што ги пратам редовно на стримовиве на РФМ, мислам дека во последниве 2 години во Кавадарци е најжешка атмосферата од обичната публика. Навивачката група и не прави толкав притисок, некако се како отсечени, ама публиката е блиску до теренот и ќе направи голем притисок за гостинските играчи.
Првата постава скоро сите се странци, освен десното крило. Гемаљевиќ на голот, со домашниот играч Велков кој лесно се пали на атмосфера и може да скине зицери и пенали ако му тргне. Мирко Мајиќ кој се прослави во Бутел е на лево крило, десно веројатно Темелковски ќе игра, а на пикер Стевановиќ кој е карпа играч. И тој се пали на атмосфера и доста тепа во игра во одбрана, ќе гледаме јак дуел со Мечка.
На бековска линија на десен бек го имаат Обина, можеби најдобар десен бек во лигата. Црнчугата гази сезонава. На средина е Симиќ, уште еден играч кој се пали на публика. На лев бек ги имаат Мијатовиќ, Гачевиќ и Манасков кој често добива добра минутажа.
Ако ние играме со триото Мишевски, Карапале и Томи, подобро да не одиме да играме. Ако не играат ни Петриќ, ни Јасухира сигурно немаме шанси. Ако фали само јапонецот, ќе биде изедначено до крај, а ако игра и он ќе бидеме благи фаворити.
Ако успееме да победиме тоа ќе биде победа за враќање на самодоверба и уште 2 преостанати гостувања кај директните конкуренти, пред домашните соочувања. Ако изгубиме, сезоната е завршена веќе во трето коло.