Фан клуб - РК Вардар

Кубанецот требаше да игра на среден, брз ,добар скок шут,подвижен , каков само пас даде до Мечка кога ги измести сите во одбраната на Еурофарм, стварно не ми е јасно зошто не добиваат некој играчи повеќе шанса , оној тунижанецот даде гол , промаши еден шут и одма надвор , а некој ќе промашат 10 пати ќе направат исто толку грешки и упорно и упорно ги игра по 60 минути. Зар нема кој да му укаже дека имаме и други играчи на клупа. Стварно не ми е јасно зашто го пушта во напад Мишевски па сите на клупа се подобри од него во напад. Многу ми е жал за кубанецот има ракомет во него ама ете не му даваат шанса, лани покажа што може да направи од бек позиција. Нема логика некако …..
 
Последно уредено:
Кубанецот требаше да игра на среден, брз добар скок шут,подвижен , каков само пас даде до Мечка кога ги измести сите во одбраната на Еурофарм, стварно не ми е јасно зошто не добиваат некој играчи повеќе шанса , оној тунижанецот даде гол , промаши еден шут и одма надвор , а некој ќе промашат 10 пати ќе направат исто толку грешки и упорно и упорно ги игра по 60 минути. Зар нема кој да му укаже дека имаме и други играчи на клупа. Стварно не ми е јасно зашто го пушта во напад Мишевски па сите на клупа се подобри од него во напад. Многу ми е жал за кубанецот има ракомет во него ама ете не му даваат шанса, лани покажа што може да направи од бек позиција. Нема логика некако …..
Се согласувам, исто не ми е јасно и зошто не проба со Николиќ на среден а Петриќ или Родригез на лев бек, таква опција ќе беше во секој случај подобра од Карапале и Мишевски на среден со нивната некреативност до бескрај… Стварно не ми е јасно што се случи со Карапале од формата кога не водеше Дејвис до ова што го игра последниве две сезони на таа шанса и минутажа што му е дадена, не заслужува повеќе да се чека на него… Реалноста е таа, квалитативно е за Охрид, Бутел, Пролет, не е за највисоко ниво…
 
Слаби се Еурофарм до 45 минута ги затворивме тотално у одбрана, Тие соло акции на Кузмановски каде се затрчува ко мува без глава и фрла топки без идеја, тој не е никаков проблем, да изротираше малку паметно тренерот наш ќе ги победевме, да игравме егал резултат до 50 минута они ќе се посереа од страв и ќе почнеа да фрлат топки у аут, они не можат да играт под притисок кога се крши резултатот тоа се виде многу пати, имаат подобар и поширок состав од нашиот ама дека можеме да ги победеме дома можеме, само треба добро да одиграме со другите и да немаме кикс до дуелот со нив, они под притисок ќе се самопобедат против нас :))))
 
Недановски не го бива за тренер, он највеќе што може е да биде помошник, јас ви го пробал Столе доколку нема други опции.
Па и Столе и Борко зарем до толку се слепи и не можат да му укажат на грешките ….
 
Стварно мислите Столе или Борко имаат поголемо тактичко знаење од Недановски?
Па не се покажа до сега Недановски, имам впечаток дека кога беше Столе многу подобри беа или се лажам?
 
Па не се покажа до сега Недановски, имам впечаток дека кога беше Столе многу подобри беа или се лажам?
Недановски не се покажа, ама Столе ништо нема да биде поарен од него.
 
Па не се покажа до сега Недановски, имам впечаток дека кога беше Столе многу подобри беа или се лажам?
И јас имам впечаток дека тогаш кога ѓи водеше Столе подобро изгледавме ама он пак на прес изјавуваше дека сета заслуга била на Недановски …..
 
Овој Борис Живковиќ од Австрија имаше топ утакмица денес на десен бек. Гледам во Азоти Пулави игра. Одлично би ни дошол, плус игра и во одбрана.
:D
 
Малце подзабораваме дека Вардар веќе не е толку атрактивен клуб за странци, плус нема ни финансиска моќ од аспект што не игра Европа. Потребно е да дојде на нивото на Загреб повторно, за да може да се претстави проект пред странци еве сакаме исчекор напред, моментално сме под Загреб со моменталниот статус.

Затоа и е штета што пукна СЕХА, сега добро ќе му дојдеше да ги игра тие утакмици и да се мери со Загреб, Војводина, Партизан и да покаже дека е над нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom