Самата бројка од 21 постигнат гол ни кажува зошто изгубивме и каде бил проблемот.
Вчера видовме колку е уствари важен Косуке за нас, без него нема кој да организира, сите останати делуваа како отсечени, крилата ги немаше скоро цел натпревар, нема кој да направи вишок, да ги разигра останатите, целиот товар падна врз Карапалевски, а на него толку му е силата, скоро безопасен е и нема предиспозиции да се носи со такви дефанзивци, се губи покрај нив, не може да шутне од 9 метри, не може да пробие и останува цело време да се мачи и да удира како во ѕид, Мишевски офанзивно не го ни коментирам, со него како организатор ни Рк Ринија не може да ги добиеме.
И ние што малери сме, сите дерби дуели ги играме без најдобрите играчи, претходната во Битола пола екипа со вирус беше, со Алкалоид лани кога ја испуштивме титулата Талески со температура играше, пред 2 години титула кога земавме и тогаш без Гаџа бевме, со 18 годишен Додиќ крпевме, сега без Косуке, а најверојатно и Петриќ влече некоја повреда и затоа и имаше толку мала минутажа.
Тоа се последиците кога имаш краток ростер и крпиш со една постава цела сезона, а замените не се ни приближно добри како првата постава, свесни сме сите за ова, со 1-2 повреди ние сме на ниво на Тиквеш и Охрид, не сакам ни да замислам што ќе се случи ако се повреди Мечка или Томовски на пример, ќе биде крај на сезоната за нас.
Не е ништо загубено за нас, допрва почнува клучниот дел од сезоната, со Пелистер имаме натпревар дома, два тешки дуели со Алкалоид, гостувања во Охрид и Кавадарци, не треба да се исклучи и можноста дека Пелистер ќе се лизне на некој од овие натпревари, посебно на таа со Алкалоид во Автокоманда, некако и тие многу се потценети и никој не ги спомнува како кандидати за титула, млада, полетна екипа, желна за докажување и доколку им се поклопат коцките имаат реални шанси, да не заборавиме и дека имаат пренесено еден бод повеќе од Пелистер.
Не очекува интересна ракометна пролет со многу возбудувања.
