Фан клуб - РК Вардар

Океј е, изиграа подобро од Вардар, ама за тоа што изиграа педерски во врска со салата, изиграа. Тоа не е одлика на голем европски тим, тоа е одлика на тим од предградие како што и си се нарекуваат, и нема што да бараат подршка од цела Македонија, затоа што им ја скратија можноста на многу навивачи на Вардар и обични фанови да го гледаат својот тим, па макар и исто вака да изиграа во Борис, јас сакам да ги гледам и кога тепаат и кога губат, затоа што на Вардар не му се потребни навивачи само кога победува туку и кога губи.
Со ваква ПЕРФЕКТНА игра падна и Барселона и немаше ништо да смени и двете утакмици да ги игравме на Кале. :unsure:
Лино има многу поголемо искуство во вакви "да се биде или не" мечеви. Како селектор на Хрватска има докторирано на вакви натпревари.
Изиграа неверојатно добра одбрана. Ацо и Никола со нивната висина и тежина се движеа со брзина на мали Манасков. :eek:
Голманите им се за класа подобри од нашите. Митревски за цела класа а Станиќ може овој натпревар и не го изигра на негово ниво али знае да брани за две класи подобро од нашиве избркани голмани.
Нападот им беше разноврсен не знаеа нашите од кого попрво да се бранат. Жути и Атман си го играа курот со нашата одбрана, Атман иде на една страна Козлина го гледаш лета на друга :facepalm:. Абутовиќ и Тоскиќ се касапи кои ни носат само исклучувања со нив ништо не правиме, Жути кога ќе му прднеше на гзот си минуваше покрај нив како да се шета на кеј. Атман отиде на клупа ај викам сеа полесно ќе се дише, али ете ти го Циндриќ да не ебе :mad:. Ќути среќа Вугринец денес беше дрво, од позициона игра се изнапромашува, иако имаше 8 гола повеќето беа од пенал. Да играше и он на негово ниво имаше 15 разлика да не растурат.
Па се што Металург избркал овие нашиве го собрале па кој им кур бизнис бе :mad:
 
Ој ој ој лекцииве по навивање ќе потраат, :D боље Евровизија да си пуштиме, посетување на темава сутра.

p.s. Имате поздрав од Столе :)
 
Моја препорака е сите НЕУТРАЛЦИ да ги ставите на игнор, да не читате коментари под статиите на порталите, да не се замарате со нивните фанови и ќе видите дека одма ќе се чувствувате одлично :)

Значи јас човекот што најмногу се нервира, што вчера на младинско финале во фудбал од нервоза затоа што нивен играч опцу накај публика се изгубив тоталка (се качив на ограда и се пцуев со копукот и да се решеше да дојде накај трибина фацата ќе му ја извадев, а од нервоза од што ми зачука 1000 на саат срцево почна и кичмата да ме боли хахаха), денес не се нервирам, нема причиина да се нервирате ни вие.
Секој пораз не боли, затоа што го сакаме клубот, ама нервоза не смее да има, ниту изгубивме во неизвесна завршница ниту некој друг кумуваше на резултатот.
Да решавам јас, сега би ги однел играчите во Кале и би им пееле до крајот на денот. Само со позитивна хемија меѓу клубот и навивачите ќе стигнеме до скалило погоре.
Запамтете СИГУРНО НЕ ВИ Е ПОТЕШКО ОТКОЛКУ НА НИВ...
 
Ај и од мене некој збор околу утакмицава ... Полош Вардар у живот не сум гледал дури и пред две или три год коа изгубија 10 разлика во автокоманда (ваљда повеќето фанови на металург не ни знаат за оваа утакмица). Честитки сосема заслужена титула на металург си изиграа како што треба, од друга страна Вардар сосема погрешно ја почна утакмицата (односно Гонзалез). Кој ти е тој голман Малумбрез бе не ми е јасно мислам дека и Станич да шутнеше гол ќе му дадеше. После тоа Дибиров во одбрана очај, како не видел до сега Гонзалез дека Маркович е 5 пати боље опција за во одбрана (па со ваква форма на Дибиров може и во напад). Лазаров ми се допаѓа од утакмица во утакмица што се подобро и подобро игра, Душебаев нигде го немаше за во одбрана да не правам муабет колку фалеше Петрич. Голманите (Диви и Џамбо) ништо посебно фатија нешто ама не доволно ама овој пат на нив најмалце треба да им се замери зошто во одбраната имаше огромни дупки. Од другата страна нивните искинаа па после тоа и нашиве почнаа само во нив да гаѓаат . Кога веќе се виде дека е изгубена утакмицава можеше да се стават и некои уопште што не влегоа (Терзиќ на пример), но Гонзалез беше скроз изгубен едноставно незнаеше што да направи, ми се чини не искористи ниеден тајм аут во второ (може сум грешка поправете ме).... Се на се Вардар денес беше мизерен, многу мизерен.

И едно прашање за душегрижниците за македонскиот спорт и комитомразачите.... Чим не ви беше никако прифатливо како во 1000 може и повеќе члена навивачка група што се најде некој кретен да фрли столче во терен .Како ќе го прифатите ова што во 100 души се најде тежок сељак да нападне играч на противничка екипа ???
 
Моја препорака е сите НЕУТРАЛЦИ да ги ставите на игнор, да не читате коментари под статиите на порталите, да не се замарате со нивните фанови и ќе видите дека одма ќе се чувствувате одлично :)

Значи јас човекот што најмногу се нервира, што вчера на младинско финале во фудбал од нервоза затоа што нивен играч опцу накај публика се изгубив тоталка, денес не се нервирам, нема причиина да се нервирате ни вие.
Секој пораз не боли, затоа што го сакаме клубот, ама нервоза не смее да има, ниту изгубивме во неизвесна завршница ниту некој сдруг кумуваше на резултатот.
Да решавам јас, сега би ги однел играчите во Кале и би им пееле до крајот на денот. Само со позитивна хемија меѓу клубот и навивачите ќе стигнеме до скалило погоре.
Запамтете СИГУРНО НЕ ВИ Е ПОТЕШКО ОТКОЛКУ НА НИВ...

Само ќе те надополнам http://www.youtube.com/watch?v=bbFAu0fgvOs
 
Луѓе само што дојдов и можам само да кажам дека премногу ми е жал. :( Бев со Комити, секоја чест, грмевме појако од нив у тоа сум 100% сигурен, се пееше и кога Вардар губеше со 9-10 разлика. Искрено прв пат одам со Комити, обично одам на неутрална, али сега ради тоа што требаше да внесам уште двајца другари кои патем се од Комити се решив и ја да се убацам, пошо и така у она шталата не постои неутрална трибина, т.е. не постои трибина. :icon_lol:

Имаше некои падобранци кои не пееа и воџиве се утепаа од нервирање со нив, али да му ебам матер, и ја не сум Комита па највише пеев од сите, гласот не можам да си го вратам сега. Кој кур доаѓаат на трибина ако не планираат да пеат и да го бодрат клубот за кој навиваат... Али небитно, ипак навивањето беше топ со оглед на тоа колку карти имаше пуштено во продажба.

Многу мизерно од страна на Пирати, имаа ставено еден банер лево од голот кај трибината на Комити, и пишуваше Педери мислам и накај нас имаше стрелка. :facepalm: Среќа еден момак од стручен штаб го извади по барање на Комитите и тука настанаа уствари фрките. Иначе тој навивачот не му се пушти на Милиќ него накај Комити, дечкото изгледа сакаше да се тепа со цела трибина. :pos: Али Џамбо го грабна машки и не му даде да пројде. Не за друго му го спаси животот. :D

Околу играта, тотално беа изгубени Вардарци. Онака кога ги гледаш од блиску многу подруга е сликата, верувајте некако уплашени ко да беа, Дибиров блед целиот, Душебаев да не зборам, ко прв пат да игра утакмица, едино Карачиќ беше колку толку добар. Реално нивните голмани изгазија, и Станиќ и Митрески, секоја чест, одбранија се и сешто... Не знам Раул зошто почна со Малумбрес на голот, најискрено. Од кај нив Миркуловски не растури, исто и Атман предобро изигра, Вугринец беше добро чуван али многу добро разигруваше. Манасков исто топ. Т.е. никој не потфрли у глобала од кај нив...

Еј мислев дека Комитите со сила го вреѓаат и напаѓаат Миркуловски, ама не бе луѓе, тоа е копиле гнасно, не е могуче на секој ебан контакт да паѓа и да бара да дојде физиотерапевтот. Имаше една комична ситуација кога Металург беше во одбрана и не знам што се деси али тргна Металург во напад, овој изгледа не виде и таков остана да лежи и да глуми на теренот мислејќи дека ќе ја спречи акцијата на Вардар. :pos: Стварно е тешка плачипичка, не личи на еден од најдобрите спортисти во Македонија да се лигави до толку.

Тоа е луѓе, нема што да им се замерува на играчите, се случува секој да има ваква слаба партија, они оваа сезона се надминаа себеси и постигнаа фантастични резултати така да овој пораз тотално им е опростен. Следната сезона уште појако и идеме на фајнл фор во ЛШ. ;)
 
2 минути против Фленсбург цел крај на сезоната ја уништија :sick:.Комплетен психички распад,се надевам дека Гонзалес ќе ги среди и да се вратат како Љубиша Самарџич за купот.Жално е ваква сезона да биде запамтена негативно после сите успеси.
 
Франфурт сериозно се откажавте од титулата? :icon_mrgr:

Keep calm and belive in СВЕЖИО
10177956_557239911056750_7004765818219016946_n.jpg


И мртов сериозен сум, не знам зошто сите како шала го сфаќаат ова :D

Чкембари време е да ја покажете навивачката моќ и да му помогнете на Вардар да дојде до титулата :icon_mrgr:
 
ДЕНЕС: МАНАСКОВ>>>>>>>дибиров [DOUBLEPOST=1399573281][/DOUBLEPOST]
Франфурт сериозно се откажавте од титулата? :icon_mrgr:

Keep calm and belive in СВЕЖИО

И мртов сериозен сум, не знам зошто сите како шала го сфаќаат ова :D

Чкембари време е да ја покажете навивачката моќ и да му помогнете на Вардар да дојде до титулата :icon_mrgr:
Со 15% сили ќе ги победат 7 разлика :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom