Фан клуб - РК Вардар

Ај ова ќе помине некако ама дај сериозно намалете со вреѓањата на македонските играчи, не е убаво, Ванчо свиња го викате, Миркуловски го убивате од пцуење истото и Џомба и Манасков.
Сепак на крај тие гинат за националниот дрес.
(не сум патриот)
Треба лекции да се делат на нашиов народ за да почне да разликува КЛУБ и РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА. Стивен Џерард, капитен и права икона на англискиот фудбал е константно исмеван и понижуван на сите можни стадиони низ Островот деновиве. Чисто како пример.
Сите тие што ги наброја не го бранат грбот на Македонија, го бранат оној на Минчо и Лино во случајов.
 
Во право е .... кога е дома ... ок нема проблем меѓу себе ... но кога се надвор ... мора малку почит .... глупо е навистина да пљукаш па после друго лице ...
Aj napusti ja temata i ne zamaraj so ovie sakam kazam ne znam recam postovi ziti se
 
Што мислиш за плукањето врз Брумен?

Против Фленс прв ја нарече публиката сељачка зошто едни другари се затрчаа накај редарите, сега што ќе кажеш за тој што се пуштил на СТрахиња? :D

Недолично е плукањето , исто како што е недолично фрлањето столчиња . Инаку за видеото со Страхиња , провокации имаше од двете страни кои доведоа до тој немил настан .
Не го оправдувам тоа ни под разно. :D
 
Дејвис да ја расцепи мајка му на тој што одлучи да не играме во Кале, а ако има сила да продолжи со Малумбрес. Кога го гледам Малумбрес си подплакувам што го пуштивме „Вратио се Шиме“.
 
Недолично е плукањето , исто како што е недолично фрлањето столчиња . Инаку за видеото со Страхиња , провокации имаше од двете страни кои доведоа до тој немил настан .
Не го оправдувам тоа ни под разно. :D
Не, па дека против Фленс не ни виде што е причината за интервенција на редарите и одма се затрча со коментар, сега како неутрален премолчи :D
 
И овде некои ќе не убедуваат дека за околина мислеле сала :rolleyes: , секој си има право каде да го изигра мечот , тоа што некој се полакомил за повеќе продадени карти е сосема друго . Најиритирачки е тоа што упорно се навредуваат Димоски , Манасков и Миркулоски , никој не навреди играч на Вардар со погрдни зборови . Имам впечаток дека Центар-Карпош-Аеродром се замислуваат некоја елита :rolleyes: , а останатите се селски предградија , стварно мизерно.
Цела СЦБТ беше ваша , и тогаш можевте да направите поголема предност , а на Кале ни под разно немавте да направите 10 разлика , ова е ситуација на моментална форма во која е во предност Металург како и извонредно поставената игра на Червар (Чевлар , Медолино итн. недолично е така да се нарекува )
Како бе никој не навредил играч на Вардар??? Па цела сала на Милиќ му пееше свињо дебела, и на полувреме се симна еден навивач да се пресмета со него. А со што Милиќ ги заслужил овие навреди? Нит ги провоцирал навивачите на Металург ништо...
 
Абе овој Вори, да не е ЗОТЕ уствари?
 
Не, па дека против Фленс не ни виде што е причината за интервенција на редарите и одма се затрча со коментар, сега како неутрален премолчи :D

Сега во домашно првенство играме , нека се палат децата , ултраси. :D
 
Со вакви потези од типот секој има право да си игра каде сака, засекогаш ќе останете мал тим. Јас си кажувам за мене и мене ми е скратена можноста да го гледам Вардар во Борис па макар и да изиграше исто како и денес, убаво си кажав читај. А тоа дека се вреѓаат играчите прочитај погоре мислења имаше еден убаво објаснето зашто се вреѓаат. За играта незборам, пошо играчите потфрлија, и порака до квази навивачите, бодрете ги и кога губат титула и кога не им иде.
 
Ај ова ќе помине некако ама дај сериозно намалете со вреѓањата на македонските играчи, не е убаво, Ванчо свиња го викате, Миркуловски го убивате од пцуење истото и Џомба и Манасков.
Сепак на крај тие гинат за националниот дрес.
(не сум патриот)
Абе глуп, ретардиран, малоумен.
Не е исто вреѓањето, ти знаеш ли у Англија колку го ругаат Џерард сега а? Знаеш? Кур мој знаеш.
И пак е капитен и легенда.
Разликувај малце клуб и репрезентација!!!!!1
 
Абе овој Вори, да не е ЗОТЕ уствари?
не сум ,смирено ..... не мора да праиш помпа од мене .... само реков ...разбирам да се има вреѓање меѓу две екипи како ривали , но кога играат надвор се случува постојано и надвор да се пљука исто така .... Дома си е дома , кога е надвор , и двете екипи ја преставуваат Македонија .... тоа ми е поентата
 
Со вакви потези од типот секој има право да си игра каде сака, засекогаш ќе останете мал тим. Јас си кажувам за мене и мене ми е скратена можноста да го гледам Вардар во Борис па макар и да изиграше исто како и денес, убаво си кажав читај. А тоа дека се вреѓаат играчите прочитај погоре мислења имаше еден убаво објаснето зашто се вреѓаат. За играта незборам, пошо играчите потфрлија, и порака до квази навивачите, бодрете ги и кога губат титула и кога не им иде.

Не знам дали треба повторно да ти објаснам , ова е домашно првенство , секој тим има своја матична сала , Металург ја има салата во Автокоманда , а Вардар го има Кале . Никаде не прочитавме дека постоел џентлменски договор дека мора да се играат во Борис двата натпревари
 
после машкото играње со псж барса па и против металург, следната ја изгубија како да играа РК Раштак а не ТОЈ Вардар, пак машко играње со хамбург и фленсбург и пак дебакл од нив, мрзам да спомнувам местенки, ама и на двата меча ги прославија голманите овој пат Митревски, шутевите на Чипурин и Дибиров при крај беа апла во него директно во него, и плус ударот на Маркович во главата на Станич, контрата на Душебаев што му ја шутна во нозе .... да не ја коментирам НАЈлошата одбрана и незаинтересираноста, не е можно значи не ми се верува, за ТИТУЛА се работеше, борбеност 0, што правеше Чипурин со хамбург и фленсбург, што правеше денес...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom