Фан клуб - РК Вардар

Добро бе толку ли нема во држава асални новинари??
Можат некоја колумна или статија да напишат по порталиве Екипа, МКД, Спортмедиа и шо ги знам таму кои се за контрадикторноста на Лино Червар
Па тој пред година-две на едно интервју плачеше по телевизииве како не чинела малата сала во Автокоманда.
Како неговите играчи тренирале во ладна сала, имало дупки по ѕидовите и од секаде дувало промаја, им прокипувала кога врнело итн
Па нема некој новинар да му го плесне тоа во лице?? Да го праша зошто наеднаш таа сала му е во ред и таму ќе го играат натпреварот на сезоната??
Зошто сам се побива во изјавите кога кажуваше дека салата БТ била претесна да ги прими сите фанови на Металург и му било жал за тоа?
Сега не му е жал? Од кого се плаши Медолино??
Нели Металург беше репрезентацијата на Македонија.Зошто им се ускратува правото на ггледачите да ги видат Античките Македонци во најголемата сала?
И да ги поддржат со антички песни па да ги прегазат на оние кои не навиваат за "Брендот"..
Ах бе ми се сере од овие новинари кои не завземаат свој став и не ја согледуваат реалната состојба во ракометот и
му прогледуваат низ прсти на најголемиот манипулатор Лино Червар..
Не сваќаат дека ги гледа во очи и ги прави будали..
Се надевам дека судии ќе бидат Начески и Николов кои нема да паднат на притисокот кој ќе се обиде да го прави раководството на Металург во шталата
#НикојКакоТебеДруг


Треба некој да им го напише и испрати сево ова на порталите.... Баш се сеќавам плачково дури и бараше од државата сала да му направат бе... Па еве им ја БТ и пак не им чини. Од што се вакви мизерни порадо би да имаме само ЕДНО место во ЛШ па макар и не играле ние. Факт е дека веќе од наредната година со уште повеќе засилувања ќе ни бидат само лесен тренинг ко битолчани
 
Koj e ovoj citro be da mu replicirate i da mu se dokazuvate svarno ne mi e jasno daj neka si brka rabota i neka si id u stalata bas mu odgovara naviknat e on. Kale go ramjna so stalana bog da cuva
 
Салата во која настапуваше Вардар беше Расадник, а Кале е од поново време , така да ...
:D

sliga.JPG
 
Салата во која настапуваше Вардар беше Расадник, а Кале е од поново време , така да ...
:D
Настапуваше пред повеќе од 10 години...
Не знам која ти е поентата на постот :facepalm:

П.с. Расадник сега е во 30 пати полоша состојба него ли на сликава :D
 
@c i t r o, не ги познаваш работите, а упорно се докажуваш... Делуваш смешно (во најмала рака)....
И Расадник и Автокоманда се крш сали во кои нема соодветни услови за настап на два суперлигашки тима, особено за 2 тима кои се меѓу 8-те најдобри во Европа.
Кале е салиште во споредба со овие две. Има вециња, соблекувални, посебни простории за официјални лица, судии, новинари, има уште 2 сали за загревање, дури имаше и сауна (последен пат кога бев таму). И кога Вардар би се откажал од Кале за доброто на ракометот (и пред се - ракометарите и ракометните фанови) - зошто би сакал Металург да „профитира“ од домашниот „терен“? Мене ми изгледа како на Металург да му фуфка, а не на Вардар... Во очите на македонската јавност одлуката на Металург е смешна затоа што сите знаеме дека дуелот требаше да се игра во СЦБТ, како што доликува.
 
Настапуваше пред повеќе од 10 години...
Не знам која ти е поентата на постот :facepalm:

П.с. Расадник сега е во 30 пати полоша состојба него ли на сликава :D
Коа тргнавме за Нови Сад у 6 сабајле пиво кога купувавме од продавничката пред шталата, кажи колку беше морбидна салата, хорор филм комотно може да се снима :D
 
Настапуваше пред повеќе од 10 години...
Не знам која ти е поентата на постот :facepalm:

П.с. Расадник сега е во 30 пати полоша состојба него ли на сликава :D


Инаку за споредбата , сите сали освен СЦБТ се жива катастрофа во МК. :D
 
Инаку за споредбата , сите сали освен СЦБТ се жива катастрофа во МК. :D
Како бе Кале катастрофа, што и фали? Сочувана е колку толку.
 
Инаку за споредбата , сите сали освен СЦБТ се жива катастрофа во МК. :D

Кале по реновирањето е во многу солидна состојба. Нов модерен терен, префарбано, нови тоалети, нови соблекувални, простори за официјални лица, трофеј соба:cool:, простор за продавање карти, соба за официјални лица Итн..
 
Како бе Кале катастрофа, што и фали? Сочувана е колку толку.

Кале каква и да е за мене ќе биде најдобра сала , уште додека играше Кометал и јас сум емотивно врзан за неа. Инаку во последните години по реконструкцијата има добри услови.
 
Да, ама на нас 100 души ни е 10% од групата, па така за да биде фер нареден пар треба да ви дадеме 10 карти за вашата група и НИЕДНА да не пуштиме во продажба.
Ама кога ви го направивме истото откако 20 пати по ред имавте ЦЕЛА ТРИБИНА во Кале, а ние 40 карти, вашите навивачи плачеа во СЕКОЈ МОЖЕН МЕДИУМ зошто добиле само 15 карти.

Друга работа што си ги дискриминирате и своите фанови и мечот го ограничуивате само на забава за жителите на Автокоманда, вработените во Железара и членовите на Алијансата за позитивна Македонија.
А така ли се делат карти? 10% од група или 10% од капацитет на салата? И кога Металург имал цела трибина на Кале? Повеќе од 150 карти не сте дале никогаш. Таквите како Цитро и останати можда ќе ти поверуваат.
А што е поразлична Кале од Автокамоанда толку освен што има две трибини? Вецињата ити ко у Автокоманда беа (сеа оваа сезона не сум видел). И таму над играчите ти виси публика. Металург титулите ги освојувал во Автокоманда и тоа им е матична сала. Во Борис не може да се направи никаков притисок од публика врз играчите и нормално е од тие причини да се игра во Автокоманда. И да не се лажеме па Вардар и Металург на обична утакмица заедно да ја соберат публиката нема да ја наполнат Автокоманда. Заеби фанови што се појавуваат само кога има успех и што доаѓаат за да бидат видени. И ти сигурно повеќе сакаш да го гледаш Вардар на Кале одколку во Борис кај што ќе имаш многу индијанци што не знаат воопшто зошто дошле во сала.
 
Кале каква и да е за мене ќе биде најдобра сала , уште додека играше Кометал и јас сум емотивно врзан за неа. Инаку во последните години по реконструкцијата има добри услови.
епа тоа де :) не гледам како би му било испод ниво на некому да игра таму. СЦБТ е друго, тоа е цел комплекс, да не мешаме сега ама не се согласувам со тоа што го пиша. Едноставно друга категоријата е СЦБТ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom