Фан клуб - РК Вардар

И сега за кого да навивам јас во ракомет? :Р

Металург, Вардар, Пелистер или Зомимак? :)))
 
И јас мислам за пискачо да си навиваш :pos:
 
Раде Мијатовиќ згрешивте шо не го зедовте... исто и Карабуе голманот е добра опција
 
Моментално не ни треба да се размислува дали да се игра СЕХА лига или домашно првенство - регуларен дел, зашто СЕХА лига е дупло поквалитетна. Кога би имало барем уште една или две екипи како Вардар и Металург (пр. Зомимак и Пелистер), и уште пет екипи како ниво на кое е Зомимак сега, можеби... Но, сепак, од ова сме далеку, иако ракометот оваа сезона на клубско ниво се однесе на комплетно друго ниво, патот до јака национална лига е долг (плус треба спонзор кој ќе даде многу голема пара, гледајте во Бундес лига... неспоредливо)...
 
По вчерашната победа против Чеховски медведи, ракометарите на Вардар денеска ремизираа со домаќинот Брест Мешков на турнирот кој викендов се одржува во Белорусија.

„Вардарци“ во израмнет натпревар во кој постојано го диктираа ритамот на крајот одиграа 28-28 (14-13) со домаќините кои во финишот имале и нескриена помош од судиската двојка, како поразот би го преточиле барем во реми.

Утре, на последниот натпревар на турнирот, Вардар ќе игра против украинскиот прволигаш Мотор Запорожје.
 
Не сме играле во прв состав :)

«Вардар»: Милич, М. Стојлов, С. Стојлов (2), Маркович (6), Прибак (2), Драгош, Ракович (5), јовчевски, Недановскиј, Игор Карачич (3), Дујшебаев (4), Абутович (1), Лазаров (4).

bgk-vard%20(5).jpg
bgk-vard%20(4).jpg

Брат му на Карачиќ кој игра за Мешков. Исти се у суратон :D
 
Сме растуриле од крила.... 11 гола дале Марковиќ и Раковиќ.
Иначе фали 1 гол у статистиката погоре.
 
Иначе фали 1 гол у статистиката погоре.

Вратио се...

f3d53bbaddf87bec21a4e990549f2f18.jpeg

:pos::pos::pos: на следниот прес, ќе кажат и официјално :icon_lol:

Замислете стварно го вратат, како квалитетно засилување, на голманската позиција :D
Ќе ги решиме сите проблеми за следната сезона воедно и организаторот на ф4 ќе си најде маскота :icon_mrgr:
 
Македонскиот првак Вардар го освои првото место на турнирот во Белорусија на кој учествуваше во последните неколку дена, крај екипите на Брест Мешков, Чеховски медведи и Запорожје. Како што веќе информиравме, „вардарци“ во својот последен натпревар славеа над Запорожје со 26-23, што им го донесе трофејот на овој турнир откако домаќинот Брест Мешков во вториот денешен дуел неочекувано загуби од Чеховски медведи.

Со тоа, на „вардарци“ им припадна и скоро половина од вкупниот награден фонд, па македонскиот шампион ќе инкасира пет илјдади евра за овој свој успешен настап, Чеховски медведи како второпласирана екипа ќе добие 3.000 евра, Брест Мешков на третото место ќе добие 2.000 евра, додека Запорожје ќе инкасира 1.000 евра за своето учество на овој турнир.

Вреди да се напомене и дека бекот на Вардар, Владимир Петриќ, беше избран за МВП на турнирот.
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:42 ---
А Мкд.мк вика:
lg.php

Македонскиот ракометен првак Вардар со две победи и реми се враќа од турнирот во Белорусија, откако денеска славеа против Запорожје со 26-22.

Па оди види колку завршила утакмицава.. :)
 
Најтрагично е што ни едното ни другото. 27-23

Tournament-Belarus:
Vardar-Motor Zaporoże 27-23 (13-11)
Dibirov-8 goals.
This game Vardar finished the tournament with two wins and a draw!

Ова е од ФБ на Тимур Дибиров
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom