- Член од
- 7 август 2011
- Мислења
- 5.006
- Поени од реакции
- 15.588
Глеам лико на фб пишал кои играчи ни се во состав па да си пишам мое мислење
.
Голмани: Страхиња Милиќ, Златко Даскалоски и Чаневски
Не би било лошо да се донесе уште еден голман што ќе ротира со Страхиња. Формата на Милиќ ептен варира. Некогаш може комплетно да здиви и да ја добие утакмицата, а некогаш може и да има 2 одбрани цел меч. Ко што гледам минчовци ќе си носат некој млад хрват за втор голман, па мислам дека Диви ќе биде солидна замена за дебелиот.
Пивоти: Стојанче Стоилов, Алем Токиќ и Михаил Чуприн
Тука сме одлично покриени. Столе нормално ќе биде прв избор во напад ама ќе мора да се бори дополнително за тоа место со што очекувам уште повеќе да напредне. Алем и Михаил одлично ќе го дополнуваат Столе.
Леви крила: Тимур Дибиров, Добривое Марковиќ, Гоце Ојлевски и Влатко Недановски.Па има ли потреба од коментар ?? Дибиров и Марковиќ се можеби во топ 5 тандеми во свет на оваа позиција. Еден од Гоце и Влатко е вишок и се надевам ќе си оди со цел да не уназадува во кариерата.
Леви бекови: Драгаш, Абутовиќ, Лазаров, Растворцев и Куковски.
Драгаш, Абутовиќ и Куковски се одбранбени. Ама еден од нив е вишок. Според прикажаната игра тоа е Куковски ( цела сезона повреди
). Ама бидејќи е македонец се надевам ќе остане. За во напад Растворцев нормално прва опција и Фичо втора, освен ако не планираат Драгаш да го научат да ги користи тие 200 сантима што ги има што ќе биде одлично пошто ќе добиеме коплетен играч ( напад-одбрана )
Средни бекови: Kaрачиќ и Прибак
Овие двајца многу ми се допаѓаат како тандем на среден бек. Тука нема прв избор и двајцата ќе ротираат и одлично ќе се надополнуваат.
Десни бекови: Терзиќ и Петриќ
Тука сме најтенки. Се надевам ќе донесат уште еден играч и ќе се збогуваат со Бели. Терзиќ како втора опција би бил одличен и само може да напредува.
Десно крило: Раковиќ, Јовчевски, Брумен и Шишкарев
се надевав дека нема да потпишат со Шишкарев и дека Јовчевски ќе остане втора опција бидејќи ми е еден од поомилените ама тоа е. Сега претпоставувам Раковиќ ќе лета, а Брумен и Шишкарев ќе се борат за прв состав, додека Јовчевски својата шанса ќе ја чека во СЕХА.
Се на се имаме одличен состав и Кире тука ако улеташе ќе имавме тим кој со среќата на минчо ќе можеше да отиде и на фајнал фор. Вака мислам дека 1/8 финале првата сезона ќе биде одличен резултат, па за понатаму ќе видиме. Утре од 8.15 ќе биде ждрпката па се надевам ќе ги избегнеме ПСЖ и Киелце од втор шешир, рајн некар од четврт и германците од шести
Лико пишал дека утре ќе има интервју со Кастратовиќ. Ќе кажел и дали ќе има нови засилувања.