Фан клуб - РК Вардар

Вујо нема појма од тренер, тоа што вие го обожавате е хемијата која се створи помеѓу вас и него со неговите постапки бранејќи ги навивачите. Кога ќе ми текне само колку мечеви изггуби во минатото од неговото тренерско незнаење. Ја уништи репрезентацијата на Србија, му подари 2 титули на Металург и сега освои титула со Вардар, а беше исклучен и тимот го водеше од трибина :pos:. Не ја освои Вујо титулата, туку играчите кои беа мотивирани до небо и ја искористија слабоста на Металург поради повредените играчи. И Шундовски да беше тренер на Вардар во ваква ситуација ќе го победеше Металург. Паметен е Русинот се надевам дека ќе одбере вистински тренер.

Не бе, ти имаш појма од тренер. Ало мајсторе, Вујо им зема три титули на Металург во рок од две години со прилично послаб буџет од нив.
 
Шо гледате бе луѓе
Модерниот ракомет на Вујо е 100 пати поконкурентен од старомодниот на Лино..па уште слишам Металург ја направил репрезентацијата, немој да ме јебеш, можи ги направи крилата ама ја осакати за Велко и Ацо кои може да бидат подобри бекови од Миркуловски и Мојсо...баш вчера праев муабет со татко ми, кажваше кога го ставиле Ацо прв пат во Пелистер на 17 години, прав бомбардер бил топ во раката а сега е само просечен одбрамбен играч, Велко кој беше најдобар играч заедно со Пецакот на тоа светското шо го организиравме кај нас и денес е само одбрамбен играч, и после немаме бекови и играме застарено, чија вина е таа? Сепак наметната од Лино.
А замислете Вујо не го игра еден Стојанче за да форсира модерен ракомет, затоа што колку и да е добар сепак е играч во еден правец.
Подршка за Вујо од мене иако е тешка будала. :icon_mrgr:
 
Вујо нема појма од тренер, тоа што вие го обожавате е хемијата која се створи помеѓу вас и него со неговите постапки бранејќи ги навивачите. Кога ќе ми текне само колку мечеви изггуби во минатото од неговото тренерско незнаење. Ја уништи репрезентацијата на Србија, му подари 2 титули на Металург и сега освои титула со Вардар, а беше исклучен и тимот го водеше од трибина :pos:. Не ја освои Вујо титулата, туку играчите кои беа мотивирани до небо и ја искористија слабоста на Металург поради повредените играчи. И Шундовски да беше тренер на Вардар во ваква ситуација ќе го победеше Металург. Паметен е Русинот се надевам дека ќе одбере вистински тренер.

Прво за да ја освојат играчите титулата и за да играат во некој клуб, треба некој да ги донесе нив во тој клуб, а кој ги донесе тие играчи во Вардар?
Па ова кога ќе прочитам бе дека Вардар победиле ради повреди што имале овие многу, абе незналици едни па ако беше толку појак Металруг што не пбоедеше у Автокоманда тогаш беа комплетни и сите ги заборвате предходните утакмици па Металруг губеше во текот на тие утакмици и по 7 разлика и тоа комплетни, ама на тоа не ви се навраќа, не ви е во добро сеќавање.
 
Абе луѓе вие изгледа од вчера пратите ракомет, каде бевте кога тој беше селектор на Србија ? Па пред година дена вие истите сакавте Вујо да си оди, не трескаје зелени. Освоил титула, се тепал за комити, им пишал на фејсбук вие сте прави навијачи, и ај сеа Вујо е тренериште. Превара од тренер ништо повеќе.
 
Тапа е Вујо бе што ви е, нема врска што тактички го уништи Червар неколку пати последниве 2 години.
Не е најдобриот, али за овој тим на Вардар подобар тренер нема.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 13:28 ---
Абе луѓе вие изгледа од вчера пратите ракомет, каде бевте кога тој беше селектор на Србија ? Па пред година дена вие истите сакавте Вујо да си оди, не трескаје зелени. Освоил титула, се тепал за комити, им пишал на фејсбук вие сте прави навијачи, и ај сеа Вујо е тренериште. Превара од тренер ништо повеќе.

Ме заболе патлакот за на Србија тренер кога бил, ние ти збориме за последниве 2 сезони, одлично го водеше Вардар,доказ за тоа ти се и титулите на Металург што им ги зема. Имаше некој пропуст само, што е нормално никој не е совршен...
 
Абе луѓе вие изгледа од вчера пратите ракомет, каде бевте кога тој беше селектор на Србија ? Па пред година дена вие истите сакавте Вујо да си оди, не трескаје зелени. Освоил титула, се тепал за комити, им пишал на фејсбук вие сте прави навијачи, и ај сеа Вујо е тренериште. Превара од тренер ништо повеќе.

Baki aj ne go dudaj kurot.. Ti ke me ucis koj e i sto e Vujo.
 
Шо гледате бе луѓе
Модерниот ракомет на Вујо е 100 пати поконкурентен од старомодниот на Лино..па уште слишам Металург ја направил репрезентацијата, немој да ме јебеш, можи ги направи крилата ама ја осакати за Велко и Ацо кои може да бидат подобри бекови од Миркуловски и Мојсо...баш вчера праев муабет со татко ми, кажваше кога го ставиле Ацо прв пат во Пелистер на 17 години, прав бомбардер бил топ во раката а сега е само просечен одбрамбен играч, Велко кој беше најдобар играч заедно со Пецакот на тоа светското шо го организиравме кај нас и денес е само одбрамбен играч, и после немаме бекови и играме застарено, чија вина е таа? Сепак наметната од Лино.
А замислете Вујо не го игра еден Стојанче за да форсира модерен ракомет, затоа што колку и да е добар сепак е играч во еден правец.
Подршка за Вујо од мене иако е тешка будала. :icon_mrgr:

Ацо имаше прилика дури и за репрезентација да заигра во напад, многу пред Червар и да се појави во Македонија. И што да се каже, труп невиден, од 5 удари на гол 4 беа надвор од рамките на голот. Тоа што бил бомбардер против Преспа или против Логоварди кога играл, е сосема друга работа.
 
Абе луѓе вие изгледа од вчера пратите ракомет, каде бевте кога тој беше селектор на Србија ? Па пред година дена вие истите сакавте Вујо да си оди, не трескаје зелени. Освоил титула, се тепал за комити, им пишал на фејсбук вие сте прави навијачи, и ај сеа Вујо е тренериште. Превара од тренер ништо повеќе.

Епа тогаш Шундовски е тренериште значи, џабе плукате вие по него, па човекот осови 5то место со Макеоднија.
 
Ацо имаше прилика дури и за репрезентација да заигра во напад, многу пред Червар и да се појави во Македонија. И што да се каже, труп невиден, од 5 удари на гол 4 беа надвор од рамките на голот. Тоа што бил бомбардер против Преспа или против Логоварди кога играл, е сосема друга работа.

Тогаш Пелистер играше лига на шампиони.
 
Абе луѓе вие изгледа од вчера пратите ракомет, каде бевте кога тој беше селектор на Србија ? Па пред година дена вие истите сакавте Вујо да си оди, не трескаје зелени. Освоил титула, се тепал за комити, им пишал на фејсбук вие сте прави навијачи, и ај сеа Вујо е тренериште. Превара од тренер ништо повеќе.

Aло лепи, ме заболе шо се дешавало кога бил селектор на Србија. Вардар со Вујо освои значителен број на трофеи и поради истото максимално ќе го почитувам. Очигледно си мислиш дека Вујо е во Вардар од пред 2 години.
 

Е добро де што се обидуваш да докажеш. Вујовиќ како тренер созреа последниве две години тоа се обидуваат да ти го докажат сите. Овие две години Лино неможе мирно да спие на тоа уво дека лесно ќе биде на натпреварите против Вардар. Темпераментот на Вујовиќ нема потреба да го мешаш во целава приказна. Не треба да го мешаш ти поготово, тој темперамент ни значи само на нас навивачите вие за темперамент можете да зборите за рипањето на тој сељакот што ви е помошник тренер на секоја утакмица и што поминува не казнет.

Вујовиќ има лош темперамент ама го знае ракометот. И јас мислев дека ќе ја сјебе вторава шанса после уткамицата со Магдебург ама го помоча Лино кога се прави муабет за ракометот. Вие обожавате да зборите за инцидентите а не го коментирате она главното дека на тие вложувања на тие успеси Вардар две години беше егал со Металург. Човекот бележи напредок после враќањето во Вардар и сметам дека треба да му се даде уште една шанса, особено после текот на финишот од оваа сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom