Фан клуб - РК Вардар

Ауууууу... ми откажа срцето еј. На моменти заборавав да дишам.

Пекол под Кале ќе ги чека!!!!!
Михајло, немој да си згрешил да си им дал една карта!
 
јас од 20та минута во второ стуснав муте... претераа комнтаторите 3 разлика беше за металург и на тој гол се дерат и мојсовски става крај на неизвесноста у тој стил ма нека се ебат сите :D
 
Па ако некој во РФМ толку сакаше Металург да биде шампион ќе го казнеа Столе три месеци, а не само три меча.

Друже, нема што да се мешаат судењето на оваа утакмица (кое бај д веј нема да го коментирам) и казната на Столе. Тоа ти е ко мешање баби и жаби.
 
Па и бољи што не бевме денес у сала, пола ќе испоцркавме од возбуда.

Милиќ ќе го љубам у чело ако го сретнам на улица, мајке ми, како само поштено си ги сјеба, пак селаните нека му пеат бише дебело. Откако му го скандираа тоа, се разбрани стоката, пепел ги напраи (y)
Иначе денес требаше и да тепаме, како може по ред 3 седмерци да промашиме :tapp:

Останува на реваншот да ги доебеме, ама да не се летаме, да не не фати еуфорија, па да прегореме :icon_lol:
 
Судиите имаа (многу) лоши одлуки за двата тима, ми делуваше како да имаат типувано на реми... И не е мешање баби и жаби, Столе денес беше најдобар во Вардар, посебно кога го чуваше Миркуловски, а за она што го направи против струмичани не заслужи казна од три натпревари, туку од три месеци.
 
јас од 20та минута во второ стуснав муте... претераа комнтаторите 3 разлика беше за металург и на тој гол се дерат и мојсовски става крај на неизвесноста у тој стил ма нека се ебат сите :D

Веќе еднаш имам кажано, ама ќе се повторам уште еднаш. Не ги разбирам коментаториве, особено оној Видевски. Па да играше Металург против некој тим од Приштина, немаше вака пристрасно да навиваат.
 
Судиите имаа (многу) лоши одлуки за двата тима, ми делуваше како да имаат типувано на реми... И не е мешање баби и жаби, Столе денес беше најдобар во Вардар, посебно кога го чуваше Миркуловски, а за она што го направи против струмичани не заслужи казна од три натпревари, туку од три месеци.
Не зезај, 3 гола имаше Столе, првите 10 минути и една минута во второ, далеку од најдобар во Вардар. Најдобри беа Карачиќ, Прибак и Милиќ.

Сигурно си имаат правила за каков старт се дава 3 месеци казна а за каков 3 натпревари. Од друга страна, па истите тие РФМ му менуваат термини на Металург да се одмара, исто како и во Сеха што им менуваат, прашање е дали ако стигнеа до финале во ЛШ натпреварите со Вардар ќе се играа во Август?...
 
Не мора да значи дека ако дал најмногу голови е најдобар, колку само простор правеше Столе, кога играше Столе тогаш изедначуваа или водеа, без него почнуваа да губат. Сам влечеше тројца играчи. За правила, не верувам дека има правило „што ако го удриш судијата“ и казната која ја доби во најмала рака е премногу блага. За термините, мислам дека и од Вардар треба да се сложат за да може да се одложи натпреварот.
 
Па и бољи што не бевме денес у сала, пола ќе испоцркавме од возбуда.

Милиќ ќе го љубам у чело ако го сретнам на улица, мајке ми, како само поштено си ги сјеба, пак селаните нека му пеат бише дебело. Откако му го скандираа тоа, се разбрани стоката, пепел ги напраи (y)
Иначе денес требаше и да тепаме, како може по ред 3 седмерци да промашиме :tapp:

Останува на реваншот да ги доебеме, ама да не се летаме, да не не фати еуфорија, па да прегореме :icon_lol:

Idi u staro skupi ili avanti klasika e tamu :)
 
Карачиќ е ѕверка,ко Ивано Балиќ во најдобри денови

Карачиќ е играч каков одамна не сме играле. Инвентивен, храбар, брз.. мозокот му работи триста на саат.
Би било супер ако може да се придобие да игра и за репрезентација, бидејќи со оглед на конкуренцијата во репката на Хрватска, многу тешко би фатил место таму.
 
Не мора да значи дека ако дал најмногу голови е најдобар, колку само простор правеше Столе, кога играше Столе тогаш изедначуваа или водеа, без него почнуваа да губат. Сам влечеше тројца играчи. За правила, не верувам дека има правило „што ако го удриш судијата“ и казната која ја доби во најмала рака е премногу блага. За термините, мислам дека и од Вардар треба да се сложат за да може да се одложи натпреварот.
Чоече дај олабави не сега од твоите заговори, може?
Поплаки на друго место.
 
Честито титула.

Ако се гледа само утакмицава,засужено.
Како најверниот фан на Металург гледа пак на ТВ?
Сонце немаше карта за тебе? :(

Очигледно слабо бараташ со јазикот, тој другар ти про е изгледа во областа егзибиции со јазик, па си ќарил карта :LOL:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom