Фан клуб - РК Вардар

http://www.mkd.mk/82886/sport/veselin-vujovic-ostanuva-trener-na-vardar-do-krajot-na-sezonata/
Вујо останува до крај на сезоната во Вардар, иако според некои извори Катарците инсистирале да дојде кај нив и му нуделе бајаги пари.
Мислам дека е прилично извесно дека после крајот на првенството, Вујо ќе си замине од Вардар.
Моја желба е Доне да го наследи:icon_mrgr:
 
http://sportcorner.com.mk/ракомет/даскалоски-се-враќа-меѓу-своите-точно
“Да точно е, преговорите со Вардар веќе се стартувани, јас со Ловќен имам отворен договор до крајот на сезоната па така од таа страна не би имал никакви проблеми за премин во мојот поранешен тим. Ако се биде како што треба на Вардар би му се приклучил во вториот дел од сезоната односно после нова година”-изјава Даскалоски за Спорт Корнер.

ЈЕССССССС :icon_mrgr:
 
Даскаловски доаѓа, Вујо си оди... Мислам дека ќе фали многу Вујо, али тоа е...
 
Катар или Кувајт некаде, каде што се парите :)

Ако Вардар успее оваа година да го добие Металург во националното првенство и заврши прв не мислам дека Вујо ќе иде негде.
 
Ако Вардар успее оваа година да го добие Металург во националното првенство и заврши прв не мислам дека Вујо ќе иде негде.
Да се надеваме дека ќе е така :)
 
Да се надеваме дека ќе е така :)
Не верувам дека ќе му се иде ако избори ЛШ да му ебам матер.Не вреди да идеш по некоја арапска вукојебина и да пропуштиш ЛШ.
Во Кувајт и Катар може да иде кога сака....
 
Не верувам дека ќе му се иде ако избори ЛШ да му ебам матер.Не вреди да идеш по некоја арапска вукојебина и да пропуштиш ЛШ.
Во Кувајт и Катар може да иде кога сака....
Така е, ама пишуваше дека требало сега да оди во Катар/Кувајт ама им кажал на арапите дека на крај на сезона ќе оди....
Значи има некој усмен договор со нив, шо го знам....
 
Не би сакал Вујо да си оди....

Тој лично го бираше секој играч, и играта што ја играме има негов белег. А и може многу лесно да се случи да ги изгубиме играчите. чокрев одамна му се намерачил на Марковиќ, а и играчи како Караџиќ и Лука, би си изгубиле.

Не верувам дека ако освоиме титула дека ќе си оди Вујо.
 
Се познавам лично со Вујо преку кумовите мои (куќни пријатели се) и во неколку наврати има кажано дека не му се во прв план парите. Му одговара да е во Скопје затоа што му е на неколку саата возење до Шабац а таму му се ќерката и синот. Со него тука е само жена му. Беше кратко во Катар ама не можел да издржи и еве пак е во Вардар. И да си оди на крајот на сезоната верувам дека пак ќе се врати за кратко време. Српскиот клупски ракомет во моментов е на многу ниско ниво така да Вардар е како создаден за него да биде блиску до дома и да го работи она што го сака.
 
Заечар во Скопје доаѓа без Манге и без Фернандез
Екипата на Заечар, следниот противник на ЖРК Вардар СЦБТ во натпреварот од Регионалната лига, во Скопје доаѓа без шпанските репрезентативки Марта Манге и Бегоња Фернандез.
Управата на РК Зајечар во соопштението до медиуми, извести дека спогодбено е раскинат договорот со двете шпански ракометарки кои во српскиот тим дојдоа на почетокот од сезонава. Ваквиот потег од РК Заечар е преземен од финансиски причини. Клубот е значително финансиски ослабнат поради повлекување на дел од спонзорите откако РК Заечар не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Натпреварот меѓу ЖРК Вардар СЦБТ и РК Заечар од Регионалната лига ќе се одигра на 28 декември (18 ч) во СЦ „Борис Трајковски“.
 
Убаво, ама има посебна тема за женскиот тим на Вардар, што може само да се преименува во ЖРК Вардар СЦБТ, а тоа делот што е за нов великан во македонскиот ракомет да се тргне, затоа што колку и да изгледаат добро работите во клубот, сепак прво треба да се докажат тие девојки, а потоа да ги величиме:)
 
Дел сме од исто спортско друштво, така да мислам дека нема потреба од нова тема, може и во оваа да се зборува :)
Има многу работа со нив, тимот е млад, имаат добра перспектива но само ако стварно мислат да работат на долги патеки...
Реално тимот зависи само од Русинот, си отиде ли тој ќе си бидат повторно просечна екипа од нашето првенство...
Засега може да се пофалиме дека наша ракометарка освои злато на ЕП, Црногорката Кликовац :D
Дмитровиќ играше за Србија, а Лојпур беше повредена, но читав дека Србите ја сметаат како доста перспективна играчка, и на некои форуми постојано ја споменуваа дека тимот сигурно ќе освоел бар бронза ако и она играла.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom