- Член од
- 20 септември 2023
- Мислења
- 723
- Поени од реакции
- 3.647
Квалитетот на денешниве Вардар и Еурофарм, реално не е ни билиску до квалитетот на тогашните Вардар и Металург. Вардар воопшто не игра Европа, Еурофарм у ЛШ е декор, да попуни бројка. За разлика од сега, тоа беа може да се каже златни денови на македонскиот клупски ракомет, со два јаки клубови на европско ниво. Металург до четврт финале, Вардар исто или таа сезона можда осмина финале, после и две титули. Во тие години, во Борис и покасно Јане, паѓаа тимови ко Барса, Веспрем, ПСЖ, Пик Сегед, покасно кога освојуваше Вардар, можеш да ја наредиш цела ЛШ на листава на клубови. Се имаше пари, играа стварно квалитетни македонски играчи и светска класа странци. Денес, најквалитетниот македонец, еве да речеме Кузмановски, па и Талевски дур играше, не се ни пола играчи по квалитет од тогашните Наумче, Миркуловски, Велко и Јоновски у дефанзива, да не збориме за странците ко Дибиров, Чупиќ, Канељас, Абутовиќ, Вугринец, Карачиќ, Циндриќ и да не ги набројувам кои се беа, светска класа играчи. Домашната лига им беше само тренинг, се дешаваше да играат утакмици еден по друг ден. Еден Ракчевиќ, кој беше добар пикер, ама не некоја светска класа, е измислен за денешниве.
Со таа разлика што никој од навивачите на Вардар не рекол дека во моментов сме класа над некого, буквално сите сме свесни за нашата сила и (не)квалитети, за разлика од нив… Многу е просто, ракометот е спорт каде што ако си класа над некого, едноставно нема шанса да изгубиш. Овие уште десет натпревари да играме нема шанси дома да не победат, едноставно таква мизерија од клуб се што ниту хемија може да створат меѓу играчи, а потоа и со навивачи.
Никој не ни е крив, реални да бидеме многу мал дел од нас и очекуваа титула годинава, но со малку поголем ростер сигурно ќе ја освоевме.

