- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.169
- Поени од реакции
- 4.770
- Возраст
- 29
Мераци, секоја чест за играчиве, Вардарци до коска, сите до еден!
Позаслужено амин, подобри бевме низ цел натпревар, вклучувајки го и делот пред прекинот, ако се земе во предвид дека 3-4 чисти зицери скина Лесјак во тој период, лесно можеше уште тука да се одлепиме на +2-3 разлика. Искрено не очекував ваква доминација, иако потајно се надевав дека „неиграњето“ на Столе и Дутра ќе ни биде џокер на натпреваров. Треба со истиов пристап, дрско и максимално мотивирано и со Алкалоид, да завршиме работа таму на гости и остатокот од сезоната би требало да биде рутина. +7 е одлична предност во случај меѓусебниот да одлучува, меѓутоа не треба опуштање во ниту еден дел од сезоната. И да не заборавиме дека биткава за титула стана „интересна“ само поради нашето исфрлање од ЛШ и проблемите летото, со договорените засилувања кои ги имавме воопшто немаше да има ни дилема би рекол. Се надевам дека тие проблеми ќе се надминат, имаме страшен тим и основа, греота е истото да го испуштиме.
Инаку, целосно непотребно е фрлањето упаљачи, парички и слично, и не ми е јасно како после толку години, толку опомени, казнувања, апели, пак се наоѓаат индијанци. И целосно ќе се сложам со Коњаникот, уште еднаш организационо потфрливме, абе опколи ги од старт со ЕБР и набутај ги во ќош, па да видам тогаш дали онака ќе скокаат како мајмуни и ќе фрлаат бакљи и петарди. Комити на ниту еден натпревар и стадион или сала во државава немале онаква слобода, ниту пак имале прилика за нормален влез со асална инфраструктура за се да помине во најдобар ред (единствен исклучок е веројатно гостувањето на новата трибина во Битола на фудбал), па на секое гостување сме третирани како животни, со тензии и пендраци од редари+полиција, во Скопје начекале асална инфраструктура па ќе изиграваат сите мајмуни. Секогаш сум против непотребни тензии и влегувања на терен/фрлање предмети по трибини, затоа што се руши раатот на сите и се одвраќаат многу луѓе од вакви настани, ама овојпат беше апсолутно оправдано, откако почна да страда обичната публика на тој дел од трибината. Памет за друг пат, пред се од организациски аспект.
П.С. Паролата на крајот, за индикациите и непосакуваните дејствија е апсолутен победник на вечерта, и нема што понатака да се коментира
Надвор од прекинот, одлична атмосфера и исполнетост, копот на Комити никогаш волку исполнет, а обичната публика, барем во блоковите лево од Комити, 60 минути на нозе 

Реално нема сврха како неутралец да идеш на трибина и да ти е страв да не погинеш ради одредени кретени кои имаат вишок тестостерон у себе и не знаат како да го канализираат истиот па се решаваат да прават хаос.
Како и да е, секоја чест за него, и за играта и за пожртвуваноста што ја покажува, не се ни споредува со летаргичноста од првата негова сезона.