Фан клуб - РК Вардар

Јас мислам дека пак бегате од главниот проблем. Не е проблем некој да увиди дали треба да се задржи тренер како Дејвис или не, проблем е со кои пари да го задржиме и кои играчи ќе му ги донесеме за да работи со нив.
Тимот за наредна сезона се гради уште од сега. Ете Пелистер веќе го најави Лескај на голот што е одлична замена за Секељи, а најдоа и десен бек од француско првенство. Се шпекулира на големо дека ќе ни го соберат и Томовски.
Ние немаме капарисано НИШТО, а не се дозасиливме прописно ни за оваа сезона.
Што ни кажува тоа? Дека многу веројатно задржувањето на Дејвис ќе зависи од тоа дали ќе се најдат финансии или не, а во моментов изгледа сме дупка на тоа поле.
Прашање на време е кога ќе ни ја земат титулата и после тоа ќе завршиме како Металург, али реално тоа е ракометот...
Михо мислам дека константно се надева на Гаспром како спонзор, ама тоа сигурно ќе зависи од политичката клима во државава, која секако е анти руски настроена во моментов, какво што е расположението и во цела ЕУ.
 
Не ме плашат нивниве засилувања, мислам дека и двајцата се послаби од играчиве што им одат, ама не е битно тоа во моментов. Јас повеќе се плашам дека ни овој состав нема да го задржиме, а камо ли да донесеме јаки засилувања. Меѓутоа, секако дека Михо е основниот проблем. Губи здив, а никој не влегува да помогне. Срамота за толкав град. Битно сите кандидати за градоначалници се сликаа на ЛШ утакмици, а сега нема никој ни да го спомне Вардар, а камо ли да помогне.
 
Ќе видиме, објавите за нови играчи прошлата сезона почнаа тек накај средината на март, можеби и годинава ќе биде исто.
Јас верувам дека се додека Михајло е способен да ја брка работата РК ќе си биде на некое пристојно ниво. Но, она што ме загрижува мене и што треба да го загрижува секој поддржувач на клубот е што после Михајло?
 
Сега ги изгледав натпреварите со Прилеп и Еурофарм Пелистер 2,можам да кажам само пофални зборови за пристапот,конечно сериозно почнаа да ги гледаат противниците и ги решаваме во првите 10 минути,со Вујо до 55та минута се влечаа по терен и после ќе им текнеше да играат за во 2 минути да го добиеме натпреварот,добро е што само со еден кикс поминавме,инаку децава од Пелистер видовме колку можат и каков квалитет имаат,тотално изгубени на терен,собрани еден куп просеци од суперлига демек таленти,пола од нив 25-26 години имаат начукано,треба филм да снимат како успеавме да изгубиме од овие.
Кај нас позитивно изненадување е Карапалески,се гледа дека ја има сфатено сериозно работат и сега гледа да ја искористи повредата на Гаџа,според мене сосема солидно изигра за разлика од Мишевски овој има прегледност,разбира ракомет,може да влезе да направи некој вишок,сега проблем му се предиспозициите,со таква висина тешко дека ќе може да игра посериозен ракомет,знам сега некој ќе каже за Зарабец,Скубе,Стеинс итн,тие се исклучоци и такви има 1 во 100,Карапалевски тешко дека ќе го достигне тоа ниво.Ако сака да стане барем некој ротациски играч кој би добивал повик во репрезентација сигурен сум дека може,треба да поработи уште малку на градба и експлозивност и сигурно ќе покаже подобри партии.
За останативе нема што да се каже,за следна сезона треба да откачиме неколку од македонскиве играчи,ќе биде подобро и за нив и за Вардар,на пример оној Ќосевски нема што да очекува во прв тим,неколку години е играч што добива по 5 минути на решени натпревари,нека фаќа патот ако сака да напредува барем малку пошто во Вардар тешко дека ќе помириса терен,истото важи и за Стефан Крстевски,не знам што прави човеков уште тука,цел живот на трибина го помина има 22-23 години 5 утакмици нема изиграно,не ми е јасно како ваквите игачи се задоволни со нивната улога,да е некој играч пред пензија ќе разберам ама како бе 20 годиншно дете да нема желба за игра,па за што тренирал ракомет тогаш?

Гледам сте почнале муабети за засилувања за наредна сезона,битолчани веќе на големо почнаа да пазарат ние спиеме,ќе видиме до кога.
Прашање е колку од играчиве ќе успееме да ги задржиме,не знаеме ни спонзори дали ќе има нови ни ништо друго,мора озбилно да ја сфатат работата ако не мислат да им ја поклониме титулата наредна сезона.
Со ваква политика на клубот нас сезоната ни се сведе на неколку натпревари во домашно првенство,во лига на шампиони нема што да бараме веќе,таму топовско месо ќе бидеме за сите,а и правилово за странци многу не кочи догодина џабе да пазариме играчи кога нема да можат да играат на најбитните наши натпревари,се надевам барем Томовски дека ќе остане пошто ваквите играчи ќе бидат злато вредни во домашно првенство,може ќе звучи чудно ама јас одма би го потпишал Велковски,нека фатат сега момент кога овие донесоа десен бек од Франција нека до донесат Мартинко кај нас,колку и да е критикуван и омаловажуван подобро да имаме таков играч како втор десен бек отколку да имаме двајца странци од кои само едниот ќе може да игра,плус од Скопје е братов како може да игра кај шурите кога цело време му пеат против него.:D
Исто така и Митев може да го потпишеме додека не го собрале и него во Алкалоид,за во иднина сигурно ќе ни треба.

За сега тоа е тоа,да се надеваме дека нема некој од игачиве да се повреди со пеколново темпо кај што секој втор ден играме утакмица и дека ќе ги дочекаме натпреварите со Пелистер целосно комплетни.
 
Исто така и Митев може да го потпишеме додека не го собрале и него во Алкалоид,за во иднина сигурно ќе ни треба.
Ima brzina, dviženje i pas toj Mitev. Samo realno nema nekoj šut, i siten e nekako. Ama deka ima materijal ako dobro se raboti so nego definitivno.
 
Ima brzina, dviženje i pas toj Mitev. Samo realno nema nekoj šut, i siten e nekako. Ama deka ima materijal ako dobro se raboti so nego definitivno.
Денес беше во друштво на малиот Стерјев и Атанасијевиќи, ништо чудно во Пелистер да заврши.
 
Шуќур!
 
Шуќур!
Боже, каков промашен трансфер беше ова. Никогаш не ја разбрав конекцијата преку која дојде. Бидејќи квалитет секако немаше.
 
Moze plakjal za da e del od Vardar.

nisto cudno... on dojde da trenira i da izigra nekoja minuta vo LS i so toa da bide prv igrac od kuvait sto igral LS. tipot sekako neznae kolku pari ima, po zavrsuvanje na karierata mu e kazano deka ke bide minister u vlada na kuvait lol
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom