Фан клуб - РК Вардар

Санталов го ослободиле,мислам дека и нешто платиле Мешков за него.
 
Боље Тале да го зеле него Санталов.Од толку многу најавени засилувања на крај ништо је испадна.
 
Поука за друг пат, помалце кликања на порталчиња од вчера. Карачиќ два месеца во МКД, овие бомба на денот најавуваат, Карачиќ во Скопје, ок.
 
Го отупевте веќе со тој Санталов. Ете ви го Санталов. Со месеци зборевте за него, како Хансен да ни доаѓа, а тој е просечен ракометар и ништо повеќе, слично ниво е на Кукуловски. Уште подобро што не доаѓа. Заштедивме доста парични средства.
 
Nikoj da go prokomentira debaklov so Santalov pa izgleda i Gadza a?



:/
Шо да искоментираме, мене 3 дена дена ми беше недоступен форумов, не знам за другите. Често се дешава срањето. Иначе дебакл со Санталов, еве сеа со Теле и целата слобода која ќе ја добие ќе се бориме за Ф4:)) Шала на страна ако решиле да го дадат ваљда имаат некоја друга (боља варијанта), пошо не сакам да верувам дека цела сезона ќе се ослониме само на шпарогата и Дисинџер. За Гаџа мислам дека ќе ја биде, иако Јовиќ сере за накакви оштети.
 
Зошто? Не му се уклапа на Стефчета ?
На Стефчета Симоне не му се уклапа шо е во идаеална постава во Асобал не па Санталов.
Реално по мене добро и шо се ослободија од него просек играч и доста предвидлив таман за екипа ко Мешков па уште и пари ак им зеле е то е екстра.
Некако во вода паѓат оние изјави дека незнам какви играчи им се нуделе на Вардар до сеа бар невидов никаков саглам потег освен голманон шо го зедоја
 
Менаџери може да ти ги нудат најдобрите играчишта на планетава, но тоа ништо не значи ако немаш буџет за истите да ги платиш.

Санталов е лесно заменлив играч и не треба на губењето негово да се гледа како на некаква си трагедија. Мање-више исти тип на играч со Талески, со таа разлика што Талески е малце поподвижен, а Санталов е поцврст. И двајцата се релативно слаби во техничко-тактичкиот дел од играта.

Изјавите на Вори и на Јовиќ околу трансферот на Гаџа ми делуваат малце како да пробуваат да се исценкаат за некој денар плус. Во секој случај му верувам сто пути повеќе на Михајло кој изјави дека имаат потпишано договор со Гаџа на 1 + 1 сезона, отколку на Јовиќ и Вори. Но, останува да видиме.

Гаџа комотно може и како лев бек да игра, па така мислам дека ќе донесат уште еден среден бек со што би имале два шутери лево со Диско и Талески и двајца средни бекови од кои едниот (Гаџа) ќе игра и како лев бек, а како трета опција ќе биде Карапалевски.

За крај, не очекувајте чуда од сезонава, ќе биде многу килава. ЛШ Ф4 е смешно дури да се споменува, ќе почекаме уште 5-6 сезони најмалце за истото и тоа само во случај ако се работи добро и паметно и најважно од се - глобалната економска ситуација се стабилизира. Сметам дека излегување од група ЛШ, СЕХА Ф4 како и титула и куп дома се некои очекувања во рамки на нормалата за оваа сезона (и тие ќе зависат од трансферите и можностите на Стефче).
 
Последно уредено:
Гаџа ќе дојде, прашање е на време.

Фала богу се врати форумов!

Михо го фалевме, ама сега потфрли.. :)
 
Го отупевте веќе со тој Санталов. Ете ви го Санталов. Со месеци зборевте за него, како Хансен да ни доаѓа, а тој е просечен ракометар и ништо повеќе, слично ниво е на Кукуловски. Уште подобро што не доаѓа. Заштедивме доста парични средства.

што фајде кога ке ги потрошиме на подавачот на пешкири, подобро некое дете да ангажираа ама не запнале за Телето имал он искуство у таа работа а е доста битна навремено и прецизно да се фрлат


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ако земале пари за сантолов и со тие го платат гаџа ондак паметна одлука. Диско и телето доста се за лев бек, ако се земат предвид очекувањата пред месец дена.
Ни фалат уште 4 играчи за да бидеме задоволни, два средни и два десни бекови. Ако дојдат гаџа и тој другиот од ппд, тогаш ќе ни фали прв десен бек и ротација на среден. Не сме далеку од солиден тим со малку среќа што би играл 1/4 финале лш и би се прошетал низ домашно првенство.
 
Чудно ова, Михајловски да каже дека имаат потпишано договор, а овие од Загреб и Гаџа да вика дека не е така. Некако тешко ми е да поверувам дека он ќе дава таква изјава, ако не е готово тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom