Да. Доста сличен калибар, тоа е тој профил на хрватски средни бекови. По мене со таа разлика што Гаџа има за нијанса поизграден шут од Игор. Посебно ме радува неговата интелигенција во играта, точно знае што сака да направи, има фантастична прегледност и прави потег во зависност од реакцијата на противничкиот дефанзивец. Најголемиот дел од ваквите транфери се покажале како успешни, пошо во Хрватска и на балканов има голем број на квалитетни ракометари на кои им треба вистинска шанса за да блеснат. Ако глеаме во минатото, од Кара преку Циндра, до Борозан, Липовина, па на крај и со Јотиќ кој дојде во МК као многу помало име од Гаџа, па стана главен играч. Доста е важно и какви соиграчи имаш. Мислам дека Анте има на располагање топ екипа со која ќе може да дојде до израз целокупниот квалитет кој го поседува.