Фан клуб - РК Вардар

За десен бек подобро да тргнат по Зеленовиќ или Вранковиќ отколку Вујин.

Вие што викате дека ќе ја врати формата сигурен сум дека го немате гледано ни еднаш во последниве 2 години,човекот не е ни пола од тоа што беше,ептен е паднат.
Дури не би рекол дека е толку проблемот во формата колку што е малата мотивацијата и желбата за ракомет кај Вујин,очигледно дека уште пред неколку сезони му дојде преку глава од ракомет на овој,сега игра само да собере уште некој денар и да замине во пензија.
Ако го довлечкаме Вујин ќе го имаме Горбок само на десен бек,дури би рекол и полошо од тоа.

Другиве двајца се далеку подобри играчи во моментов,сигурен сум дека одлично би се вклопиле во Вардар.
Ако можам да бирам би го земал Зеленовиќ.

Што се однесува до Зарабец мислам дека подобар играч на таа позиција тешко дека ќе најдеме,баш таков тип на организатор ни треба,ако успеаат да го договорат ќе ја крене цела екипа за едно ниво погоре.
 
Последно уредено:
Katastrofa e Vujin, ne za dzabe go izbacija od Sporting.
 
Кире да го донесат најубаво ќе биде, со оглед на тоа што тој и на 50 би играл топ. :cool:
 
 
Чекаме некоја крупна ѕверка
 

Веројатно ќе се обидат да тргнат по Скубе по истекувањето на договорот со Кил.
 

Веројатно ќе се обидат да тргнат по Скубе по истекувањето на договорот со Кил.
Зарабец?
Автоматски споено мислење:


Веројатно ќе се обидат да тргнат по Скубе по истекувањето на договорот со Кил.
А баш сабајле читав овие истиве,пишале дека трансферот,пропаднал
 
„Гаџа е нов член на Вардар, ги договоривме сите детали. Тој потпиша две годишен договор, со тоа што втората сезона ние ќе одлучиме дали ќе сакаме да го задржиме во тимот“, изјави за СПОРТМЕДИА, Михајло Михајловски, првиот човек на Вардар.

Со изјавава на Михо, каде потенцира дека втората година Вардар ќе го има зборот дали ќе остане Гаџа, очигледно се чека разврска за потпис на некое позвучно име.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom