Фан клуб - РК Вардар

Само на @chef_cook му верувам јкога ќе каже нешто. За поофицијален став го земам неговиот спрема тој на профилот на РК Вардар.:kruna:
за зарабец и на мене ми кажаа,само не го земав тоа здраво за готово.Ете можете да се уверите во скринот што го постирав.Останатото е веќе стара вест за нас на форумов )))))
 
Последно уредено:
Ги има налупано сите имиња што се провртеа по форумов и низ медиумите задњиве недела дена :D Не постои сценарио во кое сите овие би дошле, не знам која е потребата од вакво потпалување со некакви си екслузивни информации
 
Веројатно за сарказам се работи, ама голем дел ќе го сфатат сериозно, па кога нема ова да се исполни ќе му навалат со коментари јако :D
 
Имаше еден натпревар со Металург јуниор кога влеговме во сала и навивавме после фудбал. Жаре одма фати кидавела кога не виде. Ми падна жал тогаш, сфатив дека е некој забеган со паметот.
Знам за кого се работи (како помал го имам запознаето, а му ја знам и фамилијата) и не му замерувај не е... здравствено добар. Инаку да, ракометен судија беше ако добро се сеќавам.
 
Алушевски збори на Balkan Handall YT каналон (DO Handball) вика дека Санталов ќе дојде. Пробуваат да ги задржат сите, треба да се види дали клубот ќе ги прифати нивните барања, уште нема буџет, а он сака да го донесат и Никола Митревски, кој уште не потпишал со Порто.
 
Бајдвеј Толедо уште се мисли, има добра понуда и од Романија, не знам како упадна во равенкава погоре.
Најголем промашај за Вардар во последниве неколку години. Толку надеж во него и сега Романија.. :cautious::facepalm:
 
Најголем промашај за Вардар во последниве неколку години. Толку надеж во него и сега Романија.. :cautious::facepalm:
Се согласувам, некако нефер делува сето ова иако има целосно право да прави што сака поради ситуацијата. Испаѓа му ги плативме болничките трошоци за операција која во странство би го коштала и 10к.
 
Знам за кого се работи (како помал го имам запознаето, а му ја знам и фамилијата) и не му замерувај не е... здравствено добар. Инаку да, ракометен судија беше ако добро се сеќавам.
Да, бил спортски работник во минатото :D
 
Алушевски збори на Balkan Handall YT каналон (DO Handball) вика дека Санталов ќе дојде. Пробуваат да ги задржат сите, треба да се види дали клубот ќе ги прифати нивните барања, уште нема буџет, а он сака да го донесат и Никола Митревски, кој уште не потпишал со Порто.
Митре за Торко е Ландин.
 
прееска праев муабет со еден чоек,вика ќе пука тиквата за многу брзои у Сегед.
И запраивме муабет за Веспрем,лудацте имаат повеќе спонзори од Манчестер!
 
Еве го Алушевски вика дека Талески има понуда од Вардар во Јуни да се приклучи, ама изгледа овој не сака да дојде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom