Фан клуб - РК Вардар



Разочарувачки е ова со Милосављев. Како едвај да чекал да запали негде. Па и он трансферов го објавува пред Ф4:facepalm:. Можеше да почека уште малце да види како ќе биде ситуацијава, као што изјави Дибиров, ама не.
 
Разочарувачки е ова со Милосављев. Како едвај да чекал да запали негде. Па и он трансферов го објавува пред Ф4:facepalm:. Можеше да почека уште малце да види како ќе биде ситуацијава, као што изјави Дибиров, ама не.
Па меѓу првите си побара раскин, колку и да е чудно ова
 
Добро, знаете, не се живее само со поддршката од фановите. Животот си бара и пари.

Тоа прв го кажав. Но, по мене можеше да го одложи за некое време потписов, како што направија голем дел од ракометарите.
 
Dali nekoj ke leta za Keln vecerva od 19:00, mi treba mala usluga?
 
24Ракомет уште пред 2 недели пиша дека овој трансфер е готова работа и дека Милосављев не е меѓу ракометарите што ќе остане во тимот. Така што, може он потпишал во таа дупката кога им рекоа да си бараат нови клубови. Па после следел состанокот со Михајло.

Не мора ова да биде индикативно дека и други ќе си одат.
 
Тоа прв го кажав. Но, по мене можеше да го одложи за некое време потписов, како што направија голем дел од ракометарите.
Дали можел или не можел - знаат само Милсављев, неговиот фрижидер и кредити.
На прв поглед изгледа како „педерски потег“ затоа што е пред F4, ама сигурно и он бил врзан со рокови.

Нема потреба да ги гледаме како буљаши тие што си одат, таков е спортот и таков е животот :)
 
Страшно е што си оди, на ваква ситуација у клубот кој нормален би останал?
Страшно е што ќе прерасне во голманчиште со искуството што го собра, и жално е што за 1 година човеков се приврза со клубот до тој степен солзи да пушта повеќе него ли играчи што се со години тука. На инстаграм какви сториња објавуваше, и на крај си оди ради неспособна управа што не знае клуб да води.
 
Денес до мене стигнаа шпекулации (информации) дека дел од важните играчи кои се под договор со клубот, побарале раскин на договорот.
Кајгана дојаве :)

Ете на која дата веќе имаше преддоговор со Фуксе Берлин. Он побара раскин на договор уште пред првиот натпревар со Пик Сегед, а тогаш се уште немаше најави дека повторно ќе се крева клубот.

Сите во клубот знаеа дека Германија му е слесна станица. Веројтно сега начекал шанса да се слика со новиот клуб, бидејќи претпоатавувам дека веќе се отидени во Германија. Два трошока во едно :D
 
Пак, ќе кажам. Уште пред 2-3 недели пишуваше дека нема да остане он. Дека он е во тие што ќе си оди и да се спаси клубот. Ко што вика Вилкокс. Он најверојатно потпишал договор пред да има абер за "спасот". Така што ова беше очекувано. Ова за промоцијата во Берлин, сигурно не било негова идеја сега да излезе сликава. Тоа сигурно е иницијатива на Берлин. Сепак, тие му се нов работодавач и треба да има почит спрема нив. Реално уште првите 3-4 дена откако излезе соопштението дека Сергеј се повлекува, излезе шпекулација дека Милосављев ќе оди во Берлин. Сеа или тие се толку брзи или он преговарал од претходно. Плус и голем договор потпишал на 5 години. Јебига, така испаднало. Ко што се спомна, и он треба да јаде и он треба да си гледа за неговата иднина, така се погодило, тоа е тоа.
 
Се ок, нека иде нека покрива кредитот:). Само и останативе супер ѕвезди у Вардар кои се уште се у клубот треба да јадат и да гледаат за нивната иднина, па се уште немаат никаков потпис со друг клуб чекајќи го расплетот во Вардар;). Нема везе, никој не му ги намалува заслугите, само ме разочара со потегов и тоа е тоа:). Продолживме без Штербик,ќе продолжиме и без него.
 
Нормално е што потпишал пред Финал4 пошто сега и онака е во Германија,сите играчи прават така,сигурно нема да патува после тоа уште еднаш.
Плус трансферот е договорен од пред тоа,неможе да речеме дека сега се концентрира на други работи освен Финал4.

Јебига испуштивме одличен голман,ако продолжи да напредува сигурно ќе биде број 1 во свет.
Нека му е среќа,неможе да му замериме,во Вардар за никаде беше ситуацијата(па и уште е).
 
па и Фуксе Берлин јаката екипа што несмеел да ја испушти
би сфатил да се работеше за некоја екипа со реноме у ракометот па да де истрча ама овака...



Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom