Фан клуб - РК Вардар

Изгуглав за исчашен лакт и најдов за Пујол имаше таква повреда, два месеца аут бил, а се работи за фудбалер. Не знам сега дали е секогаш толкаво отсуството, но мислам дека ептен се мали шансите за да се врати за со Пик Сегед.
 
Да а? Е јебига ондак, највероватно тешко да може да се врати. Единствено доколку дај боже се пласираме на Ф4, па за тамо да го имаме да помогне. Тоа е што е, и покрај тоа што би биле доста ослабени без Дисинџер, како викаат кого го нема и без него се може. Да се надеваме дека останативе ќе бидат топ спремни, пред се Горбок и Борозан. И да се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред за време на Ехф неделата.
 
Вуко не игра за репрезентација,така да може да се одмара и да се рехабилитира.
Досега требаше да се врати потполно,незнам што бидна,цела сезона влечеше повреда,кога отиде на операција негде Декември мислам беше рекоа дека 2-3 месеци ќе паузира.
Незнам да не го штедеаа свесно утакмициве,пошто одамна се врати и се игра по малце,а еве на Сеха финал 4 не ни отпатува.

Се надевам дека ќе биде спремен за со Сегенд,слушам почнаа муабети да се вртат демек намерно правел вака за да го пуштат да си оди на лето.:toe:
 
Ја читав нешто, со исчашен лак можеш и за три недели да се вратиш. Но, како е исчашен, колкав оток имаш, ова-она, ваљда многу работи влијаат тука. За ехф сајтот Дисингер изјави дека има исчашен лакт со можност за скинат некој лигамент, ама тоа не било сигурно. Се надеваме, не. Јас имам надеж дека ќе се врати барем за втората се додека не излезат информации да ме демантираат :)

Секој случај, Горбок ќе игра за Русија сеа, малку во наша лига ќе поигра. Најверојатно ќе се уигра он. Месец ипол веќе тренира. Доколку Борозан е фул, ОК ќе биде. Борозан играше некои 15-20 мин со Веспрем, им даде 2-3 гола, после се изгуби. Со Кристијанштад ништо не играше, изигра мислам малку со Монпелје, па пак ништо со Загреб во гости, некоја минута дома. Не знам што се дешава. Има 3 недели да одмара. Да се надеваме дека ќе биде рехабилитиран. Реално, он е подобар од Дисингер. Со Горбок како замена, нема да биде толку лошо. Чисто за потсетување, ние без Стоилов, Горбок, Дисингер ги победивме Веспрем во гости, и тоа со Борозан и Мораеш кои играа со повреди.

Сегед доминирал денес, ама они и лани го средија Веспрем во лигата нивна. Шампиони се на Унгарија. Иако, ние послаби нешто од лани, они нешто појаки. Ја не им се плашам. Првиот натпревар со Висла се мучеа во гости, да не беа судиите, дали и ќе победеа. Пак ќе кажам, да не беше Сегед, ќе беше Фелнзбург, кој е прв во буденс и игра многу добро во последно време. Меѓу Сегед и Флензбург, ја најверојатно Сегед би го избрал како противник. Тешко ќе биде али тоа е, нема лесен противник сега, топ 8 во Европа.
 
Според вас од каде доаѓа најголемата опасност од Пик Сегед? Каде треба посебно да се фокусираме ако сакаме бар малку да си ја олеснима задачата за пласман на Ф4 во Келн?
 
Денес до мене стигнаа шпекулации (информации) дека дел од важните играчи кои се под договор со клубот, побарале раскин на договорот.
Има некој повеќе информации?

Да не биде работава дека се смееме дека Металург изгубил 7 разлика дома од Еурофарм, ама ние да доиграме со младинци по дуелот со Пик сегед?

И вчера луѓето од стадионот на Маџари рекоа дека Самс со несеци им доцнел со исплата на смешна сума на пари како компензација на користење на стадионот.

Веројатно најголем противник ни е моменталната ситуација во клубот...
 
Македа најдобар стрелец на дербито со 7 гола.

Уште се нервирам за ланска сезона и Ф4

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Денес до мене стигнаа шпекулации (информации) дека дел од важните играчи кои се под договор со клубот, побарале раскин на договорот.
Има некој повеќе информации?

Да не биде работава дека се смееме дека Металург изгубил 7 разлика дома од Еурофарм, ама ние да доиграме со младинци по дуелот со Пик сегед?

И вчера луѓето од стадионот на Маџари рекоа дека Самс со несеци им доцнел со исплата на смешна сума на пари како компензација на користење на стадионот.

Веројатно најголем противник ни е моменталната ситуација во клубот...

Мене многу ми е мистерија што се случува во клубовиве. Ако стварно нема пари Самсоненко, што ги влече луѓево во младинските академии, играчите, стручен штаб. Ете имаше излез, ако ги подмири долговите, Град Скопје ќе го земеше ФК. Тоа требаше до Јануари. Он во февруари ги подмири. Како може да нема пари да го плати стадионот во Маџари, а му дава 80.000 евра на Филипе за полу-сезона? Ако Филипе добил само ветување за пари, тој еднаш се изгоре, што доаѓа тука пак да паѓа во иста замка? Што потпишува тој новиот русин за РК кога има 5 руси во екипата, не прашал некој - "абе, брат како со плата, даваат? Лошо се збори."

Многу нелогичности, бар за мене.

Еве го Тимур, малку пред или по Нова Година во емисија збори за состојбата во клубот:
https://youtu.be/SGPHn_bdXCM?t=1567
 
pari ne se problem. problem e ako se se podmiri i e na vreme lesno moze da mu gi zemat klubovite, vaka nikoj nesaka da gi zeme. dur se ovie na vlast ke si terame vaka, se ke se podmiruva vo 5 za 12
 
Не знам што се случува, ама дефинитивно ми потврдија дека поради заостанати плати, побаран е раскин на договорот. Ќе се шокирате кога ќе чуете за кои играчи се работи...
Не знам дали одредени играчи земаат плата, а други не, бидејќи изјавите на Дибиров се секогаш позитивни. Како што кажа @Ilumious, сепак Тимур е близок човек на Самс, сигурно нема да ја каже реалната ситуација.
Според сите други играчи, дознавме дека причина што си заминуваат се финансиите.
Факт е дека се должат пари на сите играчи, но штом стандардни играчи ти бараат раскин на договорот сред борба за Ф4, тоа значи дека навистина состојбата е алармантна.
 
Абе реално и Самс не испадна спонзор у вистинска смисла на зборот. Ебате спонзорот чија моќ зависи од тоа која партија е на власт. Нас како навивачи дефинитивно не ни пречеше таквиот начин на финансирање, ама па и бевме свесни дека кога ќе дојдат Зајак и компанија на власт дека сето тоа ќе се промени. На Вардар му треба некој независен јак лик, или повеќе компаниии кои ќе инвестираат. Знам дека ракометот не е профитабилен како фудбалот, и дека во нашава вукојебина тешко е да најдеш спонзор на било кое поле, ама само тоа е лекот за долгорочно безболно функционирање на еден тим. Жално е што и покрај сите овие неверојатни успеси во изминативе 5-6 години, една саглам компанија не посака на голема врата да влезе во Вардар. Оние Тиквеш се изнафрлаа пари да ја спонзорираат факинг КК Црвена Ѕвезда, имаме и други успешни фирми ама нишо.
 
Ама ако немаш пари, што две години си играш мајтап со луѓе и фамилии? Кажи, немам пари, дај да бараме чаре друг да превземе и да се исплати што се должи. Што правиш поголеми долгови и за себе и за други луѓе.
 
Абе реално и Самс не испадна спонзор у вистинска смисла на зборот. Ебате спонзорот чија моќ зависи од тоа која партија е на власт. Нас како навивачи дефинитивно не ни пречеше таквиот начин на финансирање, ама па и бевме свесни дека кога ќе дојдат Зајак и компанија на власт дека сето тоа ќе се промени. На Вардар му треба некој независен јак лик, или повеќе компаниии кои ќе инвестираат. Знам дека ракометот не е профитабилен како фудбалот, и дека во нашава вукојебина тешко е да најдеш спонзор на било кое поле, ама само тоа е лекот за долгорочно безболно функционирање на еден тим. Жално е што и покрај сите овие неверојатни успеси во изминативе 5-6 години, една саглам компанија не посака на голема врата да влезе во Вардар. Оние Тиквеш се изнафрлаа пари да ја спонзорираат факинг КК Црвена Ѕвезда, имаме и други успешни фирми ама нишо.
Јбг мора да се очисти руското влијание во Северџистан.:toe:
 
Јбг мора да се очисти руското влијание во Северџистан.:toe:

Што, мислиш дека Зајак енд кру му вршат притисок да пали од Македонија? Мислиш дека доколку не е така, ќе остане Самс самоиницијативно да биде спонзор на Вардар без да има поддршка и тендери од влада? Звучи убаво, ама не верувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom