Директор на Бетсити во Македонија беше оној Александар Пандов, хардкор ВМРО-ец, што иде на сите телевизии да ги брани интересите на ВМРО. Се шпеклуираше дека проневерил пари од Бетсити, па се тужел со Сергеј и дека тоа што се активираше во политика за ВМРО беше за да го обработи долгот. Значи директор на фирма со приход од 13 милиони годишно (последната година на Бетсити) во Македонија на Сергеј, бил некој од ВМРО.
Орце Камчев, според Сергеј, прв негов другар, ко-инвеститор во Здравје и други бизниси, близок со поранешната власт, беше на подиумот во Келн и си зема медал.
https://reporter.mk/nashi-faci/video-i-kamchev-dobi-zlaten-medal/
Зошто зема он медал? Он не е во раководството на Вардар, он со Систина е спонзор на клубот. Ама клубот има и други спонзори, t-home, swisslion, neptun и др. Овој човек е врзан со поранешната власт и го гонат за финансиски малверзации.
Може некој заборавил, но во 2017, кружеа слики од Груевски во дрес на Вардар во Келн како навива, и после како се поздравува со Сергеј. Тоа ти е класичен foto-op за пропагандни цели.
Мене еден играч на Вардар пред неколку години ми кажа - остај го ти Сергеј, другите "спонзори" да не даваат пари, ништо не правиме.
Плус во 2012, кога Сергеј го превзема женскиот клуб, во средното фискултурно во Скопје се воведоа спортски паралелки, машки и женски ракометни. При што се одеше низ цела Македонија и се селектираа деца да бидат членови, односно да добијат стипендии да учат средно-ракометно. И овие деца што беа стипендирани од државата во договорите им пишуваше дека неколку години по средното не смеат да потпишат со Металург. Дека прв избор им е Вардар. Не е чудно што ова се деси истата година како кога Сергеј почна да ги превзема клубовите?
Во најмала рака се ова, заедно со се друго што кружи, човек мора да биде сомнителен од кај се финансирал клубот. Да ме праша мене некој, иако не знам, водечка теорија би ми било дека клубот е креација на ВМРО, финансирана со државни пари. А, Сергеј само фаца, а ла Аврамович. Да види народот дека ете тие трендови од странци богаташи што инвестираат спортски клубови не ја заобиколил Македонија. А неверувам дека идејата им била за перење пари, туку повеќе за популизам, иако најверојатно се испрало нешто.