Фан клуб - РК Вардар

Да не знае човек дали да плаче или да се смее од тоа каков све народ иде во сала, страшно нешто. Да се дереш ко коњ 60 минути, цитирам: "Пушти ги Македонците да играат бе Раул!","Кај ти се Македонците бе Раул?", ''Доста се китиш со туѓи перја" и што уште не. До каде само одат македонските "логика и памет".:toe:

За мечот немам многу што да кажам резултатот говори повеќе од доволно. Дерби не завршува со ваков резултат.
 
Последно уредено:
:zloo:Има да се бомбардира во Келн...:busi:

31949857_2524519714240184_4200699425347076096_n.jpg
 
Да не знае човек дали да плаче или да се смее од тоа каков све народ иде во сала, страшно нешто. Да се дереш ко коњ 60 минути, цитирам: "Пушти ги Македонците да играат бе Раул!","Кај ти се Македонците бе Раул?", ''Доста се китиш со туѓи перја" и што уште не. До каде само одат македонските "логика и памет".:toe:

За мечот немам многу што да кажам резултатот говори повеќе од доволно. Дерби не завршува со ваков резултат.
Кога викам јас дека спорт и спортска култура треба уште од прво одделение да се воведе како задолжителен предмет..
 
Кога викам јас дека спорт и спортска култура треба уште од прво одделение да се воведе како задолжителен предмет..

ама затоа профи сме во правење авиончиња од листовите шо ги оставаат на столче


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Па реално после сите турбуленции очекувано е и капетанот да го напушти бродот што тоне, очигледно е дека нема иднина тука веќе....
 
Капетанот по логика последен го напушта бродот (значи ли да ова е крајот) Се надевам да овие шпекулации се само за да избоксува што е можно подобар договор или во најмала рака нов. Како и да е Столе ти си наша икона, иконааа, иконааа аа а... :zver:;)...
 
Не верувам дека ќе иде Столе,мислам дека он е последниот што би си отишол и при целосен распад.
А од друга страна вака и за Вуко пишуваа па ништо на крај.
 
уште се немам видено од Кил натака ама познавајќи го и него и плановите за во иднина не верувам ова да е точно.

Пуштаме новинарска патка на форум изјавија за Кајгана блиски членови на семејството на Столе кои сакаа да останат анонимни. :pos:

Студио?
 
Od Vardar naredna sezona ni V nema da ostane...
 
Овој текст е наменет за вас. Вие кои никогаш нема да разберете што значи Вардар. Вие кои никогаш не сте го дишеле Вардар. Вие кои никогаш не сте се молеле на иконата со црвено-црна боја. Вие кои никогаш не дознавте дека Вардар беше единствениот клуб од „големите” во Југославија кој никогаш на своето лого немаше петокрака. Вие кои поверувавте на лажните пророци дека некој друг клуб е „македонскиот бренд.” Вардар не е бренд, Вардар е светост. Тоа е тој Вардар кој го сака еден Аце што работи на брод кој плови некаде по светот во моментов. Тоа е Вардар кој го сакаат и во Америка, во Австралија, во Азија, а верувајте ми и во Африка. На сите тие континенти има барем по еден Македонец кој го познавам и го сака Вардар. И секој од нив би платил тон пари за да биде во Скопје во недела, но не може.
Вие не му требате на Вардар. Сите вие кои навивате за секој македонски клуб, кои навивате за двата скопски клуба, вие на кои ви е „сеедно кој ќе оди во Келн, само нека биде македонски клуб.” Вие кои до вчера се крстевте во „македонскиот бренд” и „месијата” од пријателска Хрватска. Не му требате на Вардар вие кои се чувствувате „повикани” да ги нарекувате Комитите „банда хулиганска,” вие кои не можете да сфатите дека една фрлена паричка никогаш не може да се мери со милиони капки пот, крв и солзи. Не му требате вие кои навивате за полицијата кога тепа наши деца, бидејќи вие никогаш не почувствувавте што значи страст и љубов кон еден клуб. Бидејќи ударот врз тоа дете е удар врз Македонија. Нема потреба да доаѓате во сала. Нема потреба да се чекирате дека сте таму за да собирате лајкови. Девојките и момците ќе ве сакаат и без тоа. Нема никаква потреба да правите селфи со играчите во позадина. Правете го тоа на плажа, во парк, на Водно, ставајте фотки од празни флаши, полни чаши и нови патики. Подарете ги картите на некој кој вистински го сака Вардар. Останете дома, гледајте на телевизија, па во моментите кога ќе губиме и ќе ви дојде она „ете, македонска работа, глупи се, знаев дека ќе изгубат” сменете го каналот. Или гледајте добар филм, слушајте музика, излезете на кафе и прошетајте го градот. Водете љубов. Резултатот ќе го дознаете секако.

Во недела на Вардар му требаат само оние кои живеат за него. Оние кои без двоумење даваат дел од својот скромен буџет за една карта, за една тетоважа со тоа гордо „В,” за еден шал кој честопати е натопен со крв. Е тие му требаат на Вардар. На Вардар му требаат оние кои го гледаа и со Борац, Нексе, Тинекс Пролет и со Јафа промет. На Вардар му требаат оние кои имаа пелин во устата кога не грбачеа вештачките од предградието и зелените од Битола. Му требаат сите оние кои излегуваа од такт кога оние кои не можеа да ни ги купат со пари ни ги купуваа со многу пари. Кои не им ни требаа, но ги земаа за да го ослабат Вардар. На Вардар му требаат оние кои чекаа со часови пред Расадник за да ги гледаат големиот Пепи Манасков, Данило Брестовац и Аце Станковски. Да, некогаш Вардар играше и таму. Тогаш имавме мала, студена сала и големи, топли срца. Сега имаме голема, топла сала, но оние со големите срца се се помалку.

Јас не ве мразам вас бидејќи не можам да мразам Македонци. Само ви покажувам како ќе изгледа нашиот свет во недела . Ви кажувам дека навивањето за два клуба е лицемерие.

Но можам да ги мразам Кил зошто не знаат дека цената на седумте искинати свети дреса ќе биде седум литра крв.

Видов и ликови кои ги продаваат картите за натпреварот. За нив картите се можност за десеткратна заработувачка. За нив Вардар е пари, за нас е живот.

Немојте да доаѓате, барем една вечер оставете го Вардар на вистинските вардарци, на оние на кои честопати Вардар им е причината за постоењето. Оставете не сами за да си се сакаме искрено, онака детски. Заради тоа што успехот ќе биде на сите, а неуспехот само наш. Заради тоа што ако успееме сите ќе славиме, а ако изгубиме ние ќе гледаме во една точка и ќе се прашуваме каде згрешивме, а вие ќе си продолжите низ животот како ништо да не се случило. Затоа што нас поразите вистински не болат.

И бидејќи секогаш сме толку многумина во победите, а толку малкумина во поразите.

ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ. НАПРЕД ВАРДАР!

Добар текст , се надевам ке дојдат тие што треба во недела , барем 60/70 % од тие што идеа во Борис и Кале !

Затоа на фудбал сте двајца без тројца оти дишете за Вардар абе оди таму на друг продавај му приказни. Тие дишеле за Вардар дури и од Африка. Одите на ракомет оти сте јаки ќе ве видам ко ќе пропадни Вардар,а верувај во блиска иднина ќе бидите само просечен тим тогаш колку души ќе дишите за Вардар.
 
Многу шпекулации кружат околу името на капитенот на Вардар, но тој демантира преселба од Скопје и потенцира дека има нов договор со клубот на уште две години.
„Тоа е се „жолта штампа“. Нема ништо околу тоа. Продолжен ми е договорот на две години и тука сум.
https://www.gol.mk/rakomet/stoilov-titulata-mi-e-slatka-mojata-idnina-vo-vardar-e-sigurna
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom