Позитивна вест е што конечно им текнало од Вардар Јуниор да направат стварно Јуниор и да остават деца да се покажат колку вредат, па макар и губеле убедливо од сите, успехот на овој тим ќе биде право мерило за работата на клубот со младите категории во наредните години.
Како еден од играчите кои би биле интересни да се видат е Стефан Атанасовски (пикер), 17 години, висок 207 цм и прилично габаритен. До лани тренирал баскет, годинава се префрлил на ракомет. Освен физичките предиспозиции не знам ништо друго за него, односно како се покажал лани во втора лига.
Веќе година дена немам никаква информација за Карапалевски кој го дискутиравме на форумов доста, лани требаше да игра во втора лига, сезонава сигурно ќе беше во овој тим, ама го нема на списокот. Не знам дали е повреда во прашање или нешто друго, ако знае некој повеќе нека каже.