Фан клуб - РК Вардар

Му се истуривме на Гумерсбах. Победа од 37-26, за бронза на турнирот во Германија. Што е работава со Циндриќ? Зашто не е во Германија?
 
Му се истуривме на Гумерсбах. Победа од 37-26, за бронза на турнирот во Германија. Што е работава со Циндриќ? Зашто не е во Германија?

По порталиве пишува дека е повреда.
 
Циндриќ, Недановски и Милиќ се жалеле на повреди. Добар меч денеска со еден куп ротации како и вчера, сите влегоа во игра освен Кизиќ.
 
Има едно големо АКО. Да не избрзуваме со заклучоци, има цела сезона пред нас. Промени секако ќе има, какви и колкави ќе си покаже времето.
Има ама тоа АКО изглеа не е толку големо чим Раул излезе со ваква изјава... Барем он не е таков што би избрзал. Ајде ќе видиме, дај боже да греши.
 
Не се секирајте, тука е Столе Петрушевски да го замени достојно секој тренер на Вардар во заминување :)
 

Изјавата наводно е за новиот спортски портал спорт1, а веста ја пренесува екс новинар на повеќе наши портали, Владко Арсов.
Истата ја пренеле курир, фокус, вечер и овој портал кој е тотално непознат за мене.
Ако Раул планирал да си оди, сигурно нема да даде изјава јавно, особено не за некој нов портал кој реално нема некој богзнае каков рејтинг кај читателите.
Може да станува збор за изјава извадена од контекст, а многу веројатно и непостоечка изјава.
Неговото заминување го поврзале со тоа на Седло. Па, на ФК Вардар не можеше нешто подобро да му се случи од заминувањето на копачот, публиката година и пол бара негово заминување. Плус, се донесе подобар тренер од него.
Не верувајте многу на вакви вести...

Од друга страна, нормално е дека ако секнат финансиите ќе си заминат сите од клубот. Да не ќе останат светски играчи и тренери да играат за кило семки во Македонска лига?
Не е нешто што не се очекува.
Од играчиве што ги имаме, само Недановски би можел да продолжи да игра и Столе ако се реши на рекреативно играње ракомет без добра заработка :)
 
спортски портал спорт1, а веста ја пренесува екс новинар на повеќе наши портали, Владко Арсов.
Спорт1 е нов сајт на бивши новинари од спортмедиа. А, спортмедиа обично не грешеа со информации за Вардар од познати причини. Е, сеа ако се водиме по тоа...
 
Би останал и потоп да се деси? :D
Да, може чудно за денешново време ама него финансиите од ракометот не му се во прв план. Ликот кола немаше до лани :pos:
 
Да, може чудно за денешново време ама него финансиите од ракометот не му се во прв план. Ликот кола немаше до лани :pos:
Реткост во денешно време. Секоја чест. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom