Фан клуб - РК Вардар


20-30 години чекам да се израдувам за овие бои, за овој клуб.
Од Ватростална и Расадник, Маљцев и Брестовац, Вујо и екипа...до Раул и овие златни момци... до Европски Шампиони во Келн!!

Европски факинг шампиони... Ќе поминат години.. и уште нема да бидеме свесни што напраивме.

Свето име, на свето место. Поклон до земја. Спортска ноќ на мојот живот.
 
Клубот што сум го засакал уште кога сум бил прцул и сум го бодрел уште кога се борел во квалификации за да влеземе во таа јебена групна фаза на ЛШ, денес стана шампион на таа иста јебена ЛШ.

Мене дечки денес чувството ми е неописливо, а верувам исто ви е и на вас другите тука. :)
 
Многу ми е мило што на финале во ЛШ кое што го освои Вардар, Абутовиќ (како мој омилен играч) даде гол. Мило ми е што Алекс го испратија со титула од ЛШ, играч кој реално стана она што е денеска токму тука во Вардар. Мило ми е што Раул покажа дека е стратег и пол и дека може да му го сисаат сите останати тренери. Она за што ми е криво е што Тоскиќ си замина претходната сезона и не стигна да се радува на титулава. За крај, секоја чест за играчите и оние кои го бодрат клубот уште од day one, вие сте правите херои! Капа долу!
 
Шампиони човече уште сум во транс, бев на плоштад имаше доста народ се палеа бакли Комити во елемент после долго време , а кулминација ке биде во вторник :)
Ова може еднаш да биде во нашиот живот , друга ваква титула тешко така да уживајте дечки :)FB_IMG_1496608231288.jpg
 
Пред една недела плачев поради Тоти сега солзи радосници за Вардар!!!
Браво ВАРДАРЕ нема зборови што можат да го опишат овој успех,но сите знаеме во душата како ни е!!!
Курчисе Македонијо имаш ЕВРОПСКИ ВЛАДЕТЕЛ!!!
 
Денов треба да се прогласи за национален празник.
На денот кога е родено најмилото нешто у мојот живот, на денот кога се формирани Комити, мојот Вардар освојува титула у ЛШ. Што повеќе да се каже, дечкиве ги заслужуваат сите почести. Новава влада треба да напраи проект Скопје 2017 со статуи од сите играчи на Вардар :D
Неверојатно чувство, голот на Чупич ќе остане во меморијата наша. После 02.06 , 04.06 ќе биде врежан со златни букви во нашата историја. Звучам како Калински али јебигас, пијан сум
 
Се слави во Македонија, Германија, Малта, Словенија и сигурно во уште некоја држава каде што има наши иселеници. Тоа е спортот, тоа е Вардар. Чест и гордост е да се биде дел од цевено - црното семејство.
4/4 сезонава, најуспешна сезона во историјата. Еден е Вардар!
 
И нов ден започна а јас уште се тресам од радост, ај здравје за месец дена ќе напишеме смирено некој пост за зафршницава...АБЕ ВЕ САКАМ СИТЕ :Кезец: ВАРДАРЕ ЉУБОВ И ГОРДОСТ НАША НАЈГОЛЕМА !!! :jeeee:
 
Спијте мирно ШАМПИОНИ!!!!! Какво чуство ќе е само утре кога па ќе се разбудиме како шампиони!!!! ВАРДАР не е само тим, ВАРДАР не е само име, ВАРДАР Е СВЕТОСТ!!! Добра ноќ браќа љубов кон сите. Да славиме уште многу вакви моменти!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom