Фан клуб - РК Вардар

Значи статусот на Комити и небил по "грешка"?!
Уште пред утакмицата со РНЛ каде што се зборуваше за средба и договор помеѓу Комити и управа нели враќање на Комити и муслам собирање на парична помош за Турчин јас реков дека на таа средба се имаат испазарено.

Да Комити станаа пазарџии и за тоа е онаа слика што е моментална од трибина. На семкарските трибини има повеќе Комити отколку на местото кое е определено за нив.
 
Масакр ги направивме. И добро што ги пративме со десетка накај дома а не им дозволивме да дојдат до некоја прифатлива разлика.
 
Абе уживајте си во успесите, ова е ваша ера... Не провоцирајте и не се замарајте со другите, само то имам да речам. Не глеам потреба зошто да се пишат вакви коментари со провокации кон останатите, али ок...

Честито победа, заслужено.
 
Чупиќ,Во Скопје доаѓаме да се бориме,и нема да дозволиме да бидеме понижени:pos::pos:,браво царе погоди:vozbud:
 
Кое лицемерие од една страна дотичниот се чука во гради уште малку ќе го залапаше аблемот (немој не ме радуј) а од друга страна дел од трибината си легнала на брашното, секоја чест за тие што останавме доследни до ставот. Загубена е битката, не снајде народната 1000 пати кажана лага станува вистина, а токму тоа се случи по натпреварот блиските портали до клубот го пренесоа наводното помирување, за мене ова не е помирување ниту од негова страна ниту се согласувам со тие шо денеска аплаудираа. Но го плаќаме данокот на неорганизираност.
Секое понатамошно исвиркување на копилето ќе биде покажано како ете ние не му мислиме добро на клубот, затоа ми се одмили денешнава супериорна победа оти морав да бидам сведок на гнасноно лицемерие и изнудено некакво си помирување.
За играчкиот дел, секоја чест за Дибиров, АРПА (Милковски волу еден неписмен) Тоскиќ и Карачиќ кои ја понесоа целата тежина на играта за да се стигне до ваква одлична победа. Сето ова надополнето со головите на Македа и Душебаев кој повторно изигра врвна утакмица ги сомлевме и делумно си го наплативме долгот, сепак сакам и таму да ги плеснеме и да им вратиме со камата. Искрено не очекував толку груб ракомет судиите на момент се изгубија, но и Полјациве се изгубија на моменти кога се направи добра атмосфера и влегоа во неколку клучни грешки кои нашиве го искористија до максимум. Две прашања ме мачат, како ќе изгледа тимот без Тоскиќ догодина, вечерва се виде дека без оглед на годините игра страшно добро во одбрана и напад, плус ако се додаде дека иако имав наде, во Марсениќ од натпревар во натпревар е дрво, и второто прашање зашто сеуште Лацковиќ се чува во тимов, шупакот влезе и упропасти неколку акции.
И да денеска си наплативме долг утре уште да им дадеме репете и викендот ќе биде совршен :D
 
Абе Киелце го тепавме 34-24, вие за Пелистер и Куманово ми коментирате тука, сите има банови да јадете ако продолжите со тој муабет :kuracc:
Да не сакаш за Пржино да коментираме ? :D

пс. Шо да коментираме за Киелце, рутирнирано стигнавме до победа.
 
Абе Киелце го тепавме 34-24, вие за Пелистер и Куманово ми коментирате тука, сите има банови да јадете ако продолжите со тој муабет :kuracc:

Исто така и:

Вардар Јуниор - Металург 2 37:26

:angel:
 
Абе мислев и Барса ке ја мести 2-10 губеа :ROFLMAO: Не можеа на стариот 20 минути гол да му дадат.
 
Како се улета Лацковиќ на крај на прво :pos: А и вол од тешки размери Марсениќ, успеа пробивање да направи од чиста ситуација. Шишкарев денес заслужува посебни пофалби, искина во одбрана :)
 
Ќе се јават ли Јаничари Запад со соопштение,го засакаа ли Деки или незнаат ништо,биле у подрум?
У аптека да ги дадат, до денар!

А јас за на запад ке си чекам подобри времиња, ако ги има
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom