Фан клуб - РК Вардар

http://ekipa.mk/menadherot-bratik-doaga-vo-skopje-tsindrik-e-na-pat-za-vardar/
Се ова е добро, одличен млад играч доста перспективен. Но некако платава која најавува екипа дека би ја добивал многу нереална висока. 12000 евра некако многу делуваат.
Заслужува дечкото таква плата, број 1 играч беше на Металург оваа сезона, се надевам ќе распали во Вардар доколку се реализира трансферот.
 
Има ли уште карти на мктикетс или на билетара? Знае ли некој?
Немам некоја сигурна информација али според тоа што на мктикетс беа понудени и картите за стоење и веќе ги немат, неверувам веќе да има слободни карти.
 
Има ли уште карти на мктикетс или на билетара? Знае ли некој?

На билетарата со огромни букви и печатна грешка успат пишува дека нема билети :D

Едино од Систина и Антенна5 гратисите им беа на купче не подигнати сеуште. :нинџ:
 
http://ekipa.mk/menadherot-bratik-doaga-vo-skopje-tsindrik-e-na-pat-za-vardar/
Се ова е добро, одличен млад играч доста перспективен. Но некако платава која најавува екипа дека би ја добивал многу нереална висока. 12000 евра некако многу делуваат.

Реално многу пари се. До пред две години играчот што земаше ваква плата или барем блиску до тоа сума, беше главната звезда во тимот и сите надежи беа вперени во него. Сега играчот со ваква плата е втора опција :)

Али и многу работи се сменија, богат спонзор имаме кој сака да вложува...

Добар бек е Циндриќ. За само една година од радом екипа како Карловац стигна да игра за Хрватска репрезентација, што воопшто не е мал успех и покажува дека има голем потенцијал. Е сеа колку голем потенцијал има и кој му е врвот ќе видиме...
 
Имам 1 вишок карта за седење блок 11, по редовна цена :-) пишете на пп да не ја труеме темата.
 
Топ работа на долга стаза ќе заврши Вардар ако го земе дечково. Има стварно потенцијал да биде у топ 5 пиќери за неколку години. Голема работа е тоа што игра одлично и у одбрана.
Јес да Вардар моментално има 3 одлични пикери, сепак двајца од нив ги стигаат веќе годините. Чипурин има 34 а Тоскич уште малце 33.
 
За разлика од тројцата шо ги имате Марсениќ е сосема друг профил,над 2 метра,долги раце,знае да прими топка,нешто шо Вардар го нема во моментот на линијата..
Плус е доста млад,плус игра во два правци,со делкање би израснал во класа пикер...
Штом излезе на пазар ваква понуда доста тимови ќе се тепаат за него...
 
Марсениќ од она што гледав е измислен за пикерите на Вардар. No offence :)
 
Што знаеш бе ти, само за лајкчиња да собираш пишуваш тука :icon_lol:
 
Марсениќ од она што гледав е измислен за пикерите на Вардар. No offence :)
Да не се лажеме, освен можеби играта во одбрана, во напад има уште леб да јаде, надежен е, има добра конституција и многу битно е тоа што игра добра одбрана.
 
Марсениќ е супер долгорочен избор, но далеку е од Стоилов, во офанзивниот дел, со тоа што на Столе малце по малце го газат годините.
За Циндриќ плата од 12.000 еур е превисока, никаде не би ја добил, реално вреди половина од тоа, ако не и помалце. Добар играч е, но играчишта од типот на Лазаров прашање дали земаат повеќе од 15.000 еур месечно, не па Циндриќ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom