Фан клуб - РК Вардар

Знае ли некој дали картите за стоење на некој начин се нумерирани? Не сакам да купам, па да испадне после дека не можам ни да припарам до местото за стоење од премногу луѓе што се пуштени со таква карта.
Како тоа карта за стоење да биде нумерирана? Може едино да се поделени од типот исток, запад, север и југ.
 
Па барем да пишува на кој ред си. Дека ако не се обележани, можат да ти пуштат вака повеќе карти од колку што има капацитет самиот тој дел што е за стоење. Има ли некој претстава како изгледа тој дел? Како трибинче без столчиња или? Дека ја неам претстава, па затоа можда и вака прашувам.
 
Браво замената трае до петок(n),а што да правиме ние што не сме од ск.Ајде ја сум блиску а други што има од други градови.што да прават они ?да идат среда па сабота ,тотален промашај.
 
Отидов денес на билетара не ми дадоа да си купам сезонска, а има останати многу карти. Околу 3500 се продале сезонски .... Крив сум и јас што не земав на време, но кога имаат уште немаше зошто да не ми продадат, тоа е ....
 
http://sportmedia.mk/vujo-majstore-e-vo-skopje-i-koga-ne-sum-ovde-jas-sum-vardarov-komita-foto/#6

Мене утре ќе ми биде многу тешко, но знам дека јас не можам да загубам, зашто и кога не сум овде јас сум Вардаров Комита! Минатата година од сѐ срце посакував да се пласира на фајнал-фор, го делеа 20 секунди од тоа. Утре ќе биде ужасно емотивно. Јас со голем дел од нив сум во контакт на социјалните мрежи, тие изразуваат желба да се вратам, ми даваат поддршка за моите резултати, ги ставаат моите изјави, фотографии на интернет и ја шират таа фама. Не знам дали нешто подготвуваат за утре, но сигурен сум дека нема да изостане „Вујо мајсторе“! Јас не очекувам тие да навиваат за Вујо, а не за Вардар, тоа би било глупаво, но знам дека како и да заврши натпреварот, тие ќе го испратат Вујо со голем аплауз. Јас ќе им возвратам со своето однесување, со емоции во име на сето тоа што го имавме сите тие години. Нормално дека утре јас ќе направам сѐ за да победи Загреб, затоа што јас сум таков, но еден голем дел од моето срце засекогаш ќе остане во Скопје“, истакна вечниот миленик на Комити.

Ти си дел од нас и утре ќе биде посветен денот за тебе, легендо наша :cuc:
 
Знам дека утре ќе има многу емоции, баш како што кажал Вујо, мислам дека ова е првата прилика каде можеме достојно да се простиме и да му се заблагодариме за СЕ што направи ѕа Вардар, бидејќи колку што се сеќавам по освоената титула заработи суспензија од една година и замина во странство, кај нас дојде новава управа и немавма шанса. Утре е денот за тоа.
 
-Јас не сум најдобар тренер на светот, но вие сте најдобрите навивачи во целиот свет.
Никад нема да му ја заборавам таа изјава кога славевме титула на ФКВ.
Вујо мајсторе!
 
Кое филмче во главата ми го напраи сликава еј, утре сите во сала да го поздравиме Вујо и да се збогуваме достојно од кале :)
10628568_718262514894703_5904429656127115236_n.jpg
 
Се ежам ......... :cuc: ЛЕГЕНДА!
Јас се ежам, иако не сум никако поврзан со Вадар и ме нервираше Вујо со неговото понашање на терен, не па тие што го сакаат Вардар и навиваат од мали за него. Браво :)

Иначе се снајдов, извадив карти. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom