Фан клуб - РК Вардар

Ako Vardar proba so takvo scenario, odma ke se aktiviraat Mincovite mediumi. Sportmedia malce ja levelira rabotata ama bezglasna bukva se.

Минчовите медиуми ќе се активираат и вака и така,подобро да лаат и Вардар да е победник одколку да лаат и Вардар да е поразен.
 
Прво и основно, што и да се случува на било кој натпревар, било каде и со било кого, никогаш не смее да си дозволат професионални играчи од овој калибар да бидат испровоцирани. Не се ова мали деца од малоо па да ги фаќа нервоза затоа што некој нешто им довикнал. Треба да си ја одработат работата за која се платени.
Второ, пеналџијата/циркузант Тимур под итно да се смени со Филип. Да ги погодеа тие пенали што ги промашија резултатот ќе беше егал.
Трето, во напад, направија грешки во додавања, имаа лоши неизградени шутеви, индивидуални акции.
Четврто и најлошо, немаше одбрана, никој не правеше фаули во зоната од 9 метри. Веројатно тоа е направено да се забрза играта на Металург али резултатот беше дека доаѓаа многу лесно до реализација, ако Раул се крстел дека голманите, посебно Штербик ќе фатат повеќето од шутевите тогаш гадно се заебал.
 
Прво и основно, што и да се случува на било кој натпревар, било каде и со било кого, никогаш не смее да си дозволат професионални играчи од овој калибар да бидат испровоцирани. Не се ова мали деца од малоо па да ги фаќа нервоза затоа што некој нешто им довикнал. Треба да си ја одработат работата за која се платени.
Второ, пеналџијата/циркузант Тимур под итно да се смени со Филип. Да ги погодеа тие пенали што ги промашија резултатот ќе беше егал.
Трето, во напад, направија грешки во додавања, имаа лоши неизградени шутеви, индивидуални акции.
Четврто и најлошо, немаше одбрана, никој не правеше фаули во зоната од 9 метри. Веројатно тоа е направено да се забрза играта на Металург али резултатот беше дека доаѓаа многу лесно до реализација, ако Раул се крстел дека голманите, посебно Штербик ќе фатат повеќето од шутевите тогаш гадно се заебал.

Дај бе доста го потиш тука си имаш фан клуб металруг...дајте бе има ли модератори тука или не ? банирајте го од темава...
 
Јака екипа:cool:,ова на Столе ќе му дојде ко полесен тренинг:D.
10576937_10203882552237915_4274001983571035732_n.jpg
 
А знаев јас цело време дека уствари LetMeSea е навивач на Вардар, само лошо му тргна муабетот со поединци на темава со тој профил :icon_lol:
 
LetMeSea во фудбал навива за Вардар, во ракомет е за Металург :icon_lol:
 
Пепи Манасков со втората екипа на 10 дена подготовки во маврово.
“Денеска ги започнуваме подготовките кои што се предвидени да се одработат надвор од Скопје. Ќе престојуваме десетина дена во Маврово, каде што треба да се гради тимскиот дух во нашиот тим. Ова е нова екипа и ракометарите се уште не се познаваат доволно добро и мислам дека ваквите подготовки се повеќе од добредојдени. Од тоа што можев да го видам до сега, мислам дека екипата има потенцијал да ја оствари зацртаната цел, но во текот на овие подготовки мора да ја подигаме формата. Очекувам одлични услови за работа, и се надевам дека ќе го оствариме зацртаното”–
Младинците на исто место, предоводени од Стојан
Петрушевски.
“И младинскиот тим на Вардар денеска ги започнува предвидените подготовки на Маврово. На овие припреми ќе одиме со 18 ракометари, кои што треба да се борат за место во екипата која што ќе игра следната сезона. Можно е двајца од нив да бидат отстапени на тимот на Пепи Манасков, но за тоа ќе видиме какао ќе се одвиваат работите пред почетокот на сезоната”– изјави Петрушевски.
 
Од Фејсбук страната на Ракометни вести:

Штербик: Досега никогаш во кариерата не сум направил лош избор!

- Никогаш досега во мојата кариера не сум направил лош потег. Кач, па Веспрем, Сиудад, Барселона и сега Вардар. Патот ме донесе на другата страна. Ова е вистински потег. Овој проект е озбилен. Кога дојдов, видов дека се е идеално, од управата до играчите. Секоја година е се подобро и подобро. Минатата година бев во преговори со Вардар, но во тој момент не можев да дојдам. Разговаравме минатото лето, тогаш не можеше, седнавме подоцна разговаравме и се договоривме.

Вардар со новата сала ќе ги има можеби најдобрите услови во Европа.

- Вардар нема ништо полошо од останатите тимови во кои играв. Такво нешто би требало да има секоја екипа во светот. Екипа која има добри услови има подобри резултати.

Тежок патот до Келн...

Стигна на Балканот, а тука е секогаш специфичен притисокот и најголемите очекувања. Од вас се очекува да се борите за трофејот во Келн. Со што би бил задоволен во првата сезона?

- Тешко е да се каже, секоја сезона е нова приказна. Во ЕХФ Лигата на шампионите има доста екипи. Многу е тешко да се дојде до Ф4, некои тимови уште се засилија. Целта е да направиме чекор напред секоја година. Ќе пробаме да ја вратиме титулата во Македонија, а за Лигата на шампионите треба и среќа за ждребот и повредите. Тоа е предуслов за нешто да направиме. Никогаш немало повеќе кандидати за Ф4: Кил, Веспрем, Барса, Киелце, Париз, многу озбилни екипи.

Раул му беше на Талант повеќе од помошник...

Долги години си соработувал со тренерот Раул Гонзалез во Сиудад Реал и Атлетико. Дали Раул му беше повеќе од помошник на Талант Дујшебаев?

- Тој не беше од оние асистенти кои служат за загревање на екипата, па после да седат на трибина. Раул играше со Талант во репрезентацијата на Шпанија, беше среден бек, научи многу и од Пастор, има од се по нешто на мал прст и не е ни чудно што Дујшебаев го предложи. Тој му помагаше многу, пред се, во делот околу тактиката. Имаше прилика да оди со Талант во Киелце, но сакаше да направи чекор напред во кариерата, да земе екипа и да стане прв тренер.

Минатата сезона твоите соиграчи изјавија дека се задоволни од неговата работа.

- Мене неговиот принцип на работа не ми е нешто непознато. Ми беше тренер седум години. Друг начин на игра, друг систем, треба на луѓето да им се покаже на видео што и како се бара. Секој тренер има свои верзии, како и Балканците овде. Тој многу поразлично го гледа ракометот од нашите тренери. Имаме добри и паметни играчи овде, па нам не ни треба многу време да разереме што тој сака. Работиме секој ден нешто ново, ќе видиме до каде сме кога сето тоа ќе се усоврши.

Дали Скопје е твојата последна станица, со обзир дека ќе имаш 39 години гога ќе ти заврши договорот?

- Ќе видиме, не знам. Во зависност од тоа како ќе се чуствувам, таква ќе биде и мојата одлука. Сакам поштено и најдобро што можам да го одработам договорот со Вардар. После ќе размислуваме за во идинина. Во четири години може се да се случи. Најбитно е здравјето, па главата да служи, да постои желба да освојувам титули и да бранам. Додека биде така, до тогаш ќе играм. Наредните четири години сигурно сум во Скопје.

Кој се покрај тебе најдобрите голмани во твојата голманска ера?

- Секогаш Перке ( Дејан Периќ ) ми беше најдобар, не само затоа што многу научив од него во репрезентацијата, поради однесувањето кон нашиот спорт, спрема целата репрезентација, клубовите, секогаш беше позитивен, оптимист, водич, даваше енергија. Кога беше тешко, секогаш го даваше својот максимум. Постои еден голман, Омејер. Тој е најдобар веќе со години.

Омејер е тотално спротивен од тебе!

- Големите голмани се спори, малите се брзи, нема предности. Омејер е најдобар голман последниве години. Сега доаѓа Ландин, најголем талент, добро брани, тој ќе го превземе врвот, ќе биде најдобар светски голман во иднина.

Како ја гледаш фигурата Сергер Самсоненко во ракометот?

- Би требало да има повеќе такви луѓе во ракометот. Многу одат во кошарката и фудбалот. Многу малку се оние како газдата на Киелце, поренешниот газда на Сиудад Реал и Самсоненко. Уште пет-шест како Сервас и Самсоненко и ракометот би бил на ниво на кошарката - заклучува Арпад Штербик за Балкан Хендбол
 
Ајде кој ќе ми овозможи годинава слика со легендава има пиво,море две има:icon_lol:.
 
Ајде кој ќе ми овозможи годинава слика со легендава има пиво,море две има:icon_lol:.

Не мора никој да ти овозможува оди редовно на натпреварите особено од СЕХА лигата и од македонската лига тогаш најлесно се доаѓа до нив после натпревар и секогаш се расположени за краток муабет и заебанции, сликање автограми и сл. Верувам дека Штербик прв ќе биде на мета од новава сезона :)
 
Ајде кој ќе ми овозможи годинава слика со легендава има пиво,море две има:icon_lol:.
За вас незнам но јас веќе си обезбедив слика со легендата, но и со младата звезда Душебаев.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom