Фан клуб - РК Вардар

И да остане, мислиш дека ќе игра покрај Палмарсон и Карачиќ?
Прибак има загарантирано место во тимот,и кој и да дојде тој сигурно останува,плус го продолжи договорот како што знам, а зема и македонско државјанство... така да кој и да дојде.. и Палмарсон и Карабатич да дојдат тој не си заминува,и нема веќе што да се дискутира за ова.
 
Ајде нека е живо и здраво и за едно 20 години и него да го видиме обоен во Црвено - Црно, ако не на теренот, на трибините секако :)
 
Убаво име избрал нема што, инаку мекици ќе правеле кога ќе дојде Штербик деновиве за да може убаво да се најадат и да се запијат со алкохол :icon_mrgr:

Слушнав дека Столе и Џамбо не се поканети на мекици :нинџ:
За нив имало посебна целодневна програма во Аванти ;)
 
Слушнав дека Столе и Џамбо не се поканети на мекици :нинџ:
За нив имало посебна целодневна програма во Аванти ;)

I Karacic ako dojde ke bide drami :D E sea Goce Makalovski ne daj boze da bide pokanet, e tek tuka veke ke ima ripanje po krovovi :D
 
Ако треба Самоил, некој од таа клапа да средува во фудбалот, подобро нека одјебат уште пред да почнат
Ја не знам некој што го средува ракометот, да може да го средува и фудбалот, разлика има земја - небо.
Кемалот останува и понатаму тренер, уште да го наместат Ѓошевски на позицијата на Хаџиевски и тек тогаш ќе видиме Европски Вардар

Од кога дојде Самсоненко, единствената позитивна работа беше Ѓоко, и кога виде со какви дегенерици си фатил работа си се тргна на страна


Оваа незаинтересираност ми делува како Самсоненко да бил приморан да го преземе и ФК. И скиснало на власта да финансира, па кој друг ако не Самсоненко, уствари он и има изјавено, дајте ми бизнис, па профитот ќе го инвестирам во ФК, на крај така ќе искочи дека е

Кога влегоа во ФК приоритет ќе им беше, исто ко и тренинг кампот што најауваа дека ќе биде завршен до Септември
Испокажаа приказни за мали деца, и само Фаранг се ложи уште на нив


Прво ПОЛЕКА МАЛКУ, Самс меѓу ФК, РК и ЖРК во најмала рака ќе дава 5-6 милјони евра само на ПЛАТИ. Додај на тоа дека милјони се инвестирани во новата сала и цел комлекс таму, кале е реновирано а во најава се и ред други работи... Заслужува човекот да му се даде простор да дојде неговата визија до израз. Колку јас и ти да не се слагаме со тоа што се случува имај малку почитување што некој е спремен тоа да го направи за клубот што јас и ти го сакаме, и благодарение на неговите средства се радуваме и тагуваме секоја недела.

Второ СИМНИ СЕ НА ЗЕМЈА, Шиков бара 20 000е месечно = 240 000е годишно Штербик = 200 000е годишно. Еден со друг спорт не се споредува на финансиски план. Ваљда не очекуваш по автоматизам тоа што се случува во РК да се случува и ФК па да ти го носи сега Петер Чех или некој таков.

Трето мислам дека добро се работи во ФК во границите на можностите сега за сега. Од лигата се собраа колку толку подобрите играчи (бар тие во кој они веруваат) еве се плати и некоја ситна оштета да се дојде до некој поасален балетан кој ќе врши подобра работа од сегашните манекени. Се носат играчи повремени репрезентативци и колку толку поасални играчи од она што го имаме. Се избркаа странците и се она што не чинеше (бар она што они веруват). Значи полека се прави селекција, поентата е се работи. Подоцна ќе дојдат и странците кој да се надеваме ќе бидат асални. Традиционално во нашата лига најголемите засилувања се случуваат пред почетокот на сезоната кога „ѕвездите“ нема да најдат ангажман во странство така да и тогаш ќе собереме некој. Полека ќе заличиме на тим.

Да не се лажеме сите го гледаме Андреев како проблем. Самс му дал доверба и сега за сега ќе треба да се го толерираме тоа. Андреев во иднина нема да може да се вади, еве сега има прилика да направи тим од почеток. Се адаптира виде што има да се види сега треба да донесе успех. Ако не сигурно ќе лета. Забораваш Самс смени 4 тренери во РК дур да дојде до вистинскиот. Отиде против нашите желби и за Вујо, и еве на крај го имаме Раул кој полека не заќутува сите и тие што бевме највеќе за Вујо. Зошто да не веруваме дека може истото да се случи и во фудбалот? Нема потреба да си толку негативен, дај му малку време. Истото важи и за тренинг камп и терени. Види каков комплекс се гради за РК зошто да не биде така и за ФК? Кога ќе се создадат услови (читај дозволи итн) тогаш не гледам зошто да не се изгради? Па човекот има бар искуство во такви работи има нели тениска академија и во Германија...

Сите скокате окулу не одрживање на прес конференција и Ѓоко и дирекоторчињата во Вардар... ОК, ај кажи што треба да се каже на таа конференција? Па Андреев си кажа ФУДБАЛЕРИТЕ НЕ ЧИНАТ. Еве ги менуваат. Што друго сакаш да ти кажат? Не ја наместија таа во Штип изиграа чесно, толку беше силата. Играчите кој ги зедоа како големи засилувања се повредија или потфрлија. Грешна проценка се направи со тоа што се испушти Стојков и Хименез и? Што треба сега? Тоа е тоа... Ѓоко напушти, дали го играле или не не битно НАПУШТИ. Си се врати во Саудиска каде ќе зима 20 000 - 30 000е месечно, зар ти мислиш дека он ќе седеше во Вардар како директор со 2-3000е плата и ќе пропуштеше 2-3 стана затоа што го сакал Вардар? Абе дај не се филмајте, кој бил во Саудиска знае како е, плаќаат ненормално ама си во затвор, живееш во база човече. Ако не му било до парите што не одмори или не си најде ангажман на друго место па макар и помалку да зима? Не биди наивен. Како и да е Ѓоко ко за наш тренер е цар и нека му е со среќа. Сепак искрено јас посакувам некој ПОДОБАР од него за Вардар. Доста ми е од тренери кој неможат да дојдат до група бе. Нека се донесе странец што ќе смени нешто, дајте да видиме нешто ново па макар да се тоа и некој иновации во поле на технологија или нешто друго. Андреев бар збори за 3тренинзи дневно, колку е се тоа реално во наши услови (потополо од русија) не знам ама бар ќе има некоја новина. За да се иде напред мора да се смени начинот на кој РАБОТИМЕ, тоа се виде во РК. Друга работа е администрацијата, директорите, кажи кој да се донесе со кој ете ти ќе бидеш среќен? На Македонија и требаат такви кадри, факт е дека немаме ни еден асален спортски работиник. Сите што ги имаме што се колку толку добри се врзани со некој сканадал со Вардар што е нормално кога сме единствен клуб во државата. Освен бате Ване и до некој степен Томовски кој друг има какво такво искуство и познавања да не дигне чекор два горе? Ако некогаш си водел бизнис ќе знаеш дека на клучните позиции ако треба ќе ставиш и послаби играчи ама битно е да се лојални и да сакаат да учат. Ако Самс се чустува сигурно со овие тогаш тоа е тоа, јас не гледам што има да се качуваме на глава ако тој си одлучил така.
 
I Karacic ako dojde ke bide drami :D E sea Goce Makalovski ne daj boze da bide pokanet, e tek tuka veke ke ima ripanje po krovovi :D

Кај ти текна на овој бе да си ибеш векот :pos::pos:
Овој пијан играше на утакмици не па на вакви дешавки :P
Само штета се распадна екипата "ДРИНКЕРС" им отиде Раковиќ :)
 
@FARANG донекаде си во право и ти, ама факт е дека не работат како шт отреба во ФК, па макар сеа и сите 23 играчи ги избркале.
Прво според мене на таа навивачка база, ти да се криеш и да не искачаш на пресови, абе секој петок и понеделник треба на прес да искачаат бе, не вака ги нема 3 месеца нитшо да кажат никакво инфо.
За мене во фудбалот засилување еднакво како на Штребик во ракометот би бил играч кој би земал 30-40-50 000 евра месечна плата, а не они да се цинкаат со Шиков за 20 000 што им побарал плата, а се работи за мак репрезентативец.
Викаш ете му шанса на Андреев сеа да покаже со негов тим склопуван, ама нема потреба шанса да му се дава ние остај што беше проблемот ов игрчаите, ама ние немавме ни никаква игра, без нешто смислено воиграно, да се каже да бе сварно овој Андреев еве пробува да ги научи нешто ама овие слаби се, а ние што топката изнеси ја до центар и од пола терен лупај високи топки у шеснаесетник па може една ќе пројде ќе дадеме гол.
Едно е јасно дека во фудбалот не можеме да куртулиме и од легендите на клубот, кој се враќаат и им значи само кога клубот има пари и гелдаат што пвоеќе да испокрадат. Во ракометот нема никој не се бута си ги постави Самсоненко луѓето што им верува им даде пари и им кажал сакам дрим тим, а не заебанции да павите.
Во фудбал ми доаѓа оној Мирко Спасевски што во Спорт до пред месец дена да влезе Самсоненко плукаше по Вардар, доаѓа Тетовче ( не сум очекувал ова од него) со тој Ѓошевски лингурот што пробува да глуми менаџер и си буткаат нивни деца, се појавува ИСтатов и се жали како Вардар му должел пари како пров вика ги прибрав за после да побара пари, епа што си ги прибрал бе, кога му побарал Самсоненко фактура, аа немам, и се буни зашто му се побаралао фактура, сака одма колку ќе каже да му испалти Самсоненко, па не е будала Самс така да ти даде пари.
Оној Панчев е полн со пари од тоа калдилнците и што л иуште нема, никаде го нема да се појави бега од мак фудбалот, место од таквите коа испаѓеш Вардар да дојдеа и да му помгонеа они никаде ги нема. Дојде Сетинов тогаш на крај и косачките он ги украде.
Е тоа е разликата во РК и ФК во ФК се мешаат и сакаат да лапаат пари преку него они кој Вардар ги направил играчи и преку чии грб они нарпавиле трансфери во стрнаство да ги заработат тие пари. За на крај и уште да крадат од него.
А во РК легендите си се тренери уште по завршувањето си раобтат со деца, ни пробуваат да прават сопки на клубот ништо, си ги оставаат луѓето што го водат клубот на раат.
 
rfm-624x877.jpg
http://sportmedia.mk/se-otvora-vratata-za-vardar-rfm-pobara-ushte-edno-mesto-vo-lsh-foto/
 
Тимот ќе биде перфекција, само десен бек ни фали, и тоа по можност да игра во два правци. Ништо друго не е потребно, јас искрено не сакам среден бек, освен ако тоа е Карабатиќ... :D Реално, не е поентата само да се изнакупуваат играчи а да не се задржи костурот на екипата. Згора на тоа што на среден бек минатава сезона според мене го имавме најдобриот играч во тимот, со речиси константа форма, со многу голови, голови од невозможни позиции, асистенции, организираност во играта. Многумина не ја знаат вистинската вредност на Игор, со сигурност е во топ 10 средни бекови во светот. Ако ништо друго, човекот е дел од тимот и сигурно нема да даде помал допринес од било кој да дојде на среден бек. Прибак си е Прибак, кој и да дојде ќе добива шанса најмногу кога треба..:)
Така да, уште еден десен бек и ништо повеќе не треба, сигурно ќе имаме Вардар за очи рај за душа лек :icon_mrgr:
 
Me cudi kako voopsto e mozno za ovoj decko da nema nikakvi spekulacii po mediumite :eek:
1111.jpg

Na forumov site sakaat da dojde Sterbik ((y)), Palmarsson, Rutenka, Canellas, a za nego nikoj nisto :unsure:
 
Тимот ќе биде перфекција, само десен бек ни фали, и тоа по можност да игра во два правци. Ништо друго не е потребно, јас искрено не сакам среден бек, освен ако тоа е Карабатиќ... :D Реално, не е поентата само да се изнакупуваат играчи а да не се задржи костурот на екипата. Згора на тоа што на среден бек минатава сезона според мене го имавме најдобриот играч во тимот, со речиси константа форма, со многу голови, голови од невозможни позиции, асистенции, организираност во играта. Многумина не ја знаат вистинската вредност на Игор, со сигурност е во топ 10 средни бекови во светот. Ако ништо друго, човекот е дел од тимот и сигурно нема да даде помал допринес од било кој да дојде на среден бек. Прибак си е Прибак, кој и да дојде ќе добива шанса најмногу кога треба..:)
Така да, уште еден десен бек и ништо повеќе не треба, сигурно ќе имаме Вардар за очи рај за душа лек :icon_mrgr:


Вистинската вредност на Игор ќе ја видиме сезонава со многу подобри бекови окулу него. Ако е он топ 10 сега, јас очекувам да биде топ 5 наредната сезона... Во потополност се слагам иначе, нема потреба повеќе од еден десен бек
 
Десен бек и да се чека да одобрат да играме ЛШ! Тоа е тоа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom